Ако се генерализираме јас тогаш треба да бидам машко што при прв муабет со некој што ми влегува во „профилот“ јасно кажувам што сакам од него.Прашањето ми е кој начин на додворување го преферирате?
Директно - одма преминувате на главното или индиректно - вртите како “киша око Крагуевца“?
Што е поинтересно,вртење од околу додека го кажеш или покажеш она што го сакаш или директно без срам и перде во лице да му кажеш некому : Ми се свиѓаш?
Кој начин вие го применувате?
И што мислите дали машките повеќе го применуваат директниот начин,а девојките индиректниот,зашто е тоа така или не може да се генерализира?