Ја отворам темава бидејќи спаѓам во таа група.
Прво, тоа се две различни категории:
Јас имав статус на дете без родителска грижа, како мене се братми и сестрами..
22 години водиме буквално можам да кажам војна со Социјалните Работиници. Почнувајќи ја таа борба прво мојата баба, па ете денес одговорноста се префрла на мене.
Тој дел од држвава е изоставен тотално, луѓе со машински факултет некои само земјоделско се поставени за социјални работници, кои не го ни знаат добро законот за Социјална Заштита.
Дел од министерствата исполнет со корупција:
Пример : Човекот има имот голем но ете некој му средил работа за 3.000 месечно да зема од кои 1.000 ги зема социјалниот работник.
Чуда се дешаваат, децата немаат примања, им се скратуваат законските финансиски примања, не им стигнуваат никакви извештаи за промени на законот, буквално ништо.
Но сепак, дојде денот кога нормално ќе излезеш на факс, нови људи, стануваш академски граѓанин, високо ниво на интелигенција, и ете ќе почнеш да си решаваш проблемите. Проблемот со Социјалното. Гледаш дека си бил искористен, секогаш ти велеле дека немаш право на ништо!
Јас лично незнам како сум станал на 17 годишна возраст Старател на братми и сестрами... замислете полнолетен... скратувања на примања(нели ние не бевме криви што таков статус имаме).
Веќе неколку месеци трае остварувањето т.е поднесувањето на документите, ете денеска успеав, се надевам дека конечно Вистинското лично право ќе си го остваруваме.
Политиката на системот е таков, Ние имаме закони и членови, но не сме должни да трчаме по Вас, самите треба да си ги средувате своите проблеми, ова не е Европска Унија каде што други трчаат по Вас.
Еве линк : Службен весник на Република Македонија Барајте Член бр 68 и Член број 69
Тие што го немаат остварено ова право потребни Ви се следниве документи:
Потрудетесе малце повеќе остварете ги своите права, ние не сме криви што имаме статус на деца без родители или без родителска грижа.
Искористетеја својата маана пропуст во животот за подобра иднина. Верувајте подобро ќе Ви биде!
Со почитт, секогаш ќе Ви одговарам на прашањата, и сите Вие кои имате пријатели со вакви статуси информирајтеги.
Прво, тоа се две различни категории:
- Деца без родители - Се деца чии родители се починати.
- Деца без родителска грижа - Се деца чии родители се разведени, побегнати по други држави, а самите деца се оставени во Домовите, или згрижени од туѓо семејство.
Јас имав статус на дете без родителска грижа, како мене се братми и сестрами..
22 години водиме буквално можам да кажам војна со Социјалните Работиници. Почнувајќи ја таа борба прво мојата баба, па ете денес одговорноста се префрла на мене.
Тој дел од држвава е изоставен тотално, луѓе со машински факултет некои само земјоделско се поставени за социјални работници, кои не го ни знаат добро законот за Социјална Заштита.
Дел од министерствата исполнет со корупција:
Пример : Човекот има имот голем но ете некој му средил работа за 3.000 месечно да зема од кои 1.000 ги зема социјалниот работник.
Чуда се дешаваат, децата немаат примања, им се скратуваат законските финансиски примања, не им стигнуваат никакви извештаи за промени на законот, буквално ништо.
Но сепак, дојде денот кога нормално ќе излезеш на факс, нови људи, стануваш академски граѓанин, високо ниво на интелигенција, и ете ќе почнеш да си решаваш проблемите. Проблемот со Социјалното. Гледаш дека си бил искористен, секогаш ти велеле дека немаш право на ништо!
Јас лично незнам како сум станал на 17 годишна возраст Старател на братми и сестрами... замислете полнолетен... скратувања на примања(нели ние не бевме криви што таков статус имаме).
Веќе неколку месеци трае остварувањето т.е поднесувањето на документите, ете денеска успеав, се надевам дека конечно Вистинското лично право ќе си го остваруваме.
Политиката на системот е таков, Ние имаме закони и членови, но не сме должни да трчаме по Вас, самите треба да си ги средувате своите проблеми, ова не е Европска Унија каде што други трчаат по Вас.
Еве линк : Службен весник на Република Македонија Барајте Член бр 68 и Член број 69
Тие што го немаат остварено ова право потребни Ви се следниве документи:
- Потврда од Општина за остварен/неостварен нето приход.
- Потврда од Катастар за имотна состојба.
- Државјанство.
- Извод од книгата на родените.
- Потврда од училиште/факултет доколку сте редовен ученик/студент.
- Потврда од Пенсзионо дека не примате семејна пензија.
- Копија од лична карта.