Дефибрилатори за фирми и компании кои имаат над 100 вработени/хотели над 100 легла

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419
Eве ти си шетан европеец и уште не ми одговори. Дали мојот живот ќе зависи од тоа како е обучен Љурзим или како поминал на полагање прва помош за возачка? Нашиве доктори ќе те убијат со погрешни дијагнози, значи ДОКТОРИ, па шо остануе за овие шо ќе се обучаваат 3 дена? Ќе си пуштат волтажа 300 па кој ќе преживее ќе раскажува,
Значи кога ќе престанеш да дишеш, Љурзим има две варијанти, да те гледа ко теле и да викне поп или да направи нешто, која е подобрата варијанта? (автоматичниот дефибрилатор е миникомпјутер кој кога ќе биде поставен на пациентот сам преценува срцев ритам и дава сугестија дали да се дефибрилира пациентот или не, од Љурзим не се бара многу ум)

П.С. И нее е волтажата 300, во времето на дедо Ное дефибрилаторите (монофазните) имаа 360 КЈ, сега ове посовремените се двофазни и максимумот им е 200 КЈ ;)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Значи кога ќе престанеш да дишеш, Љурзим има две варијанти, да те гледа ко теле и да викне поп или да направи нешто, која е подобрата варијанта? (автоматичниот дефибрилатор е миникомпјутер кој кога ќе биде поставен на пациентот сам преценува срцев ритам и дава сугестија дали да се дефибрилира пациентот или не, од Љурзим не се бара многу ум)
:pos: се шалиш нели? Или не си бил у некоја здравствена установа во Македонија да видиш како работи Љурзим и рамковните му другарчиња.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419
:pos: се шалиш нели? Или не си бил у некоја здравствена установа во Македонија да видиш како работи Љурзим и рамковните му другарчиња.
Не сум бил во здравствена установа во МК, али со ова Љурзим сеа и мене ме замисли :cautious:, сепак тоа ќе бидат подбрани вработени за обука со апаратите кои ќе имаат доволно интелигенција да им се препушти таква одговорна задача.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Прашање, Дали тој што ќе е обучен за спасување, е заштитен од тужби, доколку не го спаси лицето кое има срцев напад?
Прашање 2, Кој ќе плати за терапија со психолог, доколку на лицето обучено за спасувач во раце му умре лицето кое има срцев напад?
Прашање 3, Дали фирмите што имаат 103, 105, вработени, ќе смеат да отпуштат вработени за бројката во фирма да дојде на 99?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Кога се обучував стандард прва помош онаа за возачка (иако имам поминато и понапредни курсеви), кажа тој што предаваше дека ако на некој не му дадеш прва помош можеш да лежиш затвор. Ама, можеш да лежиш затвор и ако погрешно му дадеш прва помош :D

Е сеа ако некој убие некого со дефибрилаторов би требало истото да важи.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419
Откај да знам, не мислам со мозокот на владата наша.
Па така кажете си отворено НЕ ЧИНИ ВЛАДАТА!!!

(администрацијава згреши со укинувањето на подфорумот политика па сеа ќе се пребацува насекаде "срамежливо" низ темиве, кај што треба и не треба)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не го носам законот јас, фала богу дека ќе ги спомнам во темава тие што го носат, што ако нема политика? Сигурно не е некој од Марс крив.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Што се не се изначитав на темава, од кај да почнам.....
- Имало и во другите земји, Е ИМА...ама другите земји имаат и заштитени работници, не се работи по 12 па и 15 часа. да не правиме други споредби за стандардот, инфраструктура ....и други работи
- Државата немала да има корист? Сте чуле за ДДВ? Царински давачки? Лиценци за овластени продавачи на таква опрема? Сервисирање на истите? Казни за оние кои нема да набават? Тоа не се пари за државата, кај Цацко Конопишки ќе одат.
А инака животот ни е во рацете на бог, тој одлучува кој колку ќе живее, со дефибрилатор или без, ако ти е пишано ќе живееш, баталете тие ѓаволски направии. А тој истиот еден заб да го здоболи, трча на еќим, не оди во џамија/црква.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Па така кажете си отворено НЕ ЧИНИ ВЛАДАТА!!!

(администрацијава згреши со укинувањето на подфорумот политика па сеа ќе се пребацува насекаде "срамежливо" низ темиве, кај што треба и не треба)
Абе ај згрешила администрацијата :pos:
Тоа од плачење ја затворија политика, од десните најак им е цитро и кога ке видат кој ги брани десните им иде да си ги гризнат јајцата,па си рекоа ај боље да затвориме политика :pos:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Новите конкурси треба да гласат -со економски факултет, работа со Виндоус, Ексел и Ворд и обавезно најмалку средно медицинско.
Се мислам дека е добро да се закачи и по една лименка кока кола на јавни места, заради шеќерот.
 
Член од
26 април 2012
Мислења
28
Поени од реакции
19
Воопшто не спорам дека има нешто лошо во тоа да имаш екстра мерки за претпазливост во кафана. Свежо ми е сеќавањето како еден напад од епилепсија ја расипа забавата. Во групата имаше двајца општи лекари и еден кардио хирург и со сета нега што му ја дадоа, човекот издржа до брза помош, затоа што истовремено си имал проблем и со срцето.

Е сега она што ме мачи е реакцијата од пола од вработените кои што од глетката и од страв се разбегаа, некои од понежниот пол се расплакаа. Оние поприсебните повикаа брза помош, а јас трчав со пакетот за прва помош, мислејќи оти внатре ќе се најде нешто од помош во ситуацијата.

Се испадна супер, затоа што човекот здрав се врати во својата родна земја, али мене ми никнуваат некои прашања. Кој јас во мојата кафана со 20 вработени ќе го обучувам да биде присебен во таква ситуација, кога и мене ми трепереше душата од тоа што го видов, а не дај боже да ми текне да мерам пулс? За да ги научам 3те мои најдобри вработени како се пресметува 18% ДДВ требаше да држам обука од околу 3 часа. Кој и како ќе одговара ако обучениот се пикне во плакар и почне да плаче?

Јас навистина немам ништо против ако ми дадат дефибрилатор во кафана, ќе го држам и ако успеат квалитетно да обучат некој од кај мене или мене лично али тоа не значи дека ме стегаат 5000 евра за опрема и обуки, кои што на крај пак нема да спасат живот. Ако некој навистина се грижи за здравјето, нека ни делат дефибрилатори и обуки бесплатно, тоа би било фер. Во слободна пазарна економија, сулудо е некој да те тера со закон да купуваш нешто, што е далеку настрана од твојата основна дејност.

Никој не вели дека навиваме за да умираат наместо да ги спасуваме, али реалноста во таквата ситуација е многу поинаква.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom