Детски штедни програми на осигурителни компании

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Родителството е најголема привилегија и среќа на секој човек. Децата се најголема среќа, најголем мотив да истраеме со сите животни предизвици но и носител на големи обврски и одговорности за секој родител.
Веќе подолго време на нашиот пазар постојат најразлични програми за детско штедење во рамките на осигурителните компании во Македонија.
Ја отварам оваа тема со намера да чујам минати искуства на оние родители коишто можеби веќе имаат започнато ваков програм за своите деца, да се соберат на едно место што повеќе информации, да се потрудам на дадам одговор на сите прашања коишто ќе проникнат и нормално да развијам дискусија.
Кој е мотивот на родителите да направат ваков програм за своите деца?
Детето како најголема среќа на секој родител носи и нужни обврски коишто во најраната фаза на детството се и најмали. Како детето расте се зголемуваат и трошоците. Но најголемите трошоци доаѓаат во периодот кога детето треба да започне свој живот, да се образува и да започне самостоен живот. За некои тоа е образование во престижен факултет, започнување на свој бизнис. А тоа е и период кога младите и најмногу сакаат да патуваат. а секако тука се и трошоците за македонската традиционална свадба:) Но за сите овие работи заедничко е дека подразбираат поголема финансиска помош од родителите.
Децата се најголем наш мотив, па нормално дека секој родител ќе даде максимален напор да му овозможи на своето дете остварување на сите свои желби и соништа. Но, што ако работите тргнат наопаку? Што во ситуација нашите деца да не израдуваат дека добиле стипендија за некој престижен факултет или дека имаат желба да започнат свој бизнис а им треба минимална помош од нас, а ние немаме финансиска можнсот за тоа? Тоа е ризикот и најголемиот страв.
Трајно и сигурно решение нема. нема магична формула. Единствено решение е преку долгорочно штедење низ целиот живот во банка или детски фонд во рамките на осигурителните компании. Впрочем, најголемиот дел од нас имал некои штедни книшки од баба и дедо.
Она што ги прави детските фондови на осигурителните компании најинтересен и моментелано најпродаван финансиски производ наменет за деца е што покрај штедната компонента овозможува преку најразлични клаузули елиминирање на сите ризици кои ги носи животот. Ризици во смисла на предвремена разделба, спреченост на родителот да работи итн, итн. И токму во оваа клчна разлика се наоѓа и најголемиот мотив за родителите да пристапат кон овој тип на програми. затоа што се најблиску до т.н.конечно решение односно сигурен фонд за своето дете кога ќе порасне и ќе сака д стане свој човек а може ќе му треба мала помош од Вас како родители.
Второто клучно прашање е каква е сигурноста?
Овие програми спаѓаат во категоријата најсигурни финансиски програми. Ризик нема!!! осигурителните компании фондот на Вашите деца го пласираат во финансиски дејности со ризик најмногу до 3%. Тука пред се се мисли на државни обврзници и државни капитални проекти. Најнакрај, без оглед на вредноста на фондот, парите се 100% реосигурани во реосигурителна компанија. При склучувањето н фондот, добивате полиса-хартијаод вредност која има назначена вредност која компанијата и реосигурителот солидарно гарантираат дека ќе ја исплатат на Вашето дете кога Вие ќе кажете и на начин којшто Вие ќе го изберете?

Моментално сите осигурителни компании во македонија нудат детски фондови. Ги има најразлични. Обично штедење, Штедење со клаузули за животно осигурување, специјално осигурување за образование, за свадба...спектарот е широк. Постојат комбинации на детски фондови со инвестициски фонд, преку кој можете да го учите Вашето дете за важноста на финансиите. Можностите се неограничени.
Статистички земено, на светско ниво овој тим на програми се најпродаваниот финансиски производ наменет за децасо застапеност од околу 0% во Германија, над 70% во Австрија и земјите од Скандинавија. Во САД овој тим на програми е речиси стандарден и е познат под името child trust fund.

па ајде, да започнеме дискусија.
Дали некој се сретнал со овие програми? Дали некој можеби веќе има ваков продукт за своето дете? Дали имате позитивни или негативни искуства? Кои се Вашите размислувања?
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923
А можеше и "каде и како штедите за своите деца"

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom