Детски заебанции!

TargeT

Сериозен СУМ
Член од
13 јануари 2006
Мислења
777
Поени од реакции
6
Обично не беф некој бељаџија али знаеф да се истакнам неколку пати:

Знам се сеќавам обожавав да правам авиончиња и да ги фрлам од прозор. Така ке напраеф неколку, ќе ги испонапишев со пораки (Добифте 1000 марки, или глуп си,...) и коа ќе поминеше некој го гаѓаф со авиончиња.

Исто така се собравме у маало и ни текна да фрламе вода од прозор, поминување едни две топ цури и флање ние цело тенџере жива вода ги направивме.

Друга, оние стандардните у зима мааш 5ка или 15 со снег. Еднаш за време на војната во Косово кога имаше многу Кфор коли, камиони и сл. со камења ги гаѓафме и на еден кфоровец му ебавме шофершајбната и закочи и ние џом да не нема сите се разбегавме.

Во градилиштето спроти моја зграда редовно не бркаа чувари и работници, ние им се криевме под камиони и по дрва им се качувавме они пцијат ли пцујат.

Омилен за реметење ни беше домарот на зградата, со него редовно се зае*ававме, познат беше по изгреката „Ако те фата че те стапна на мео и тоа три пати” јес мен никат до сега не не фати :)

Во градинка редовно ги мавав со коцки воспитувачките...

Ај повеќе ако ми текне
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Ја као мал со другарите купивме сок од боровница и додека врнеше го истуравме од кров. Еден кога ни се ссна кон еден другар кој шамарчиња летаа, детево се смее а овој шо го тепаше ке се утепаше од замор. Другаров на крај од тепањето го зема сокот и му го истури на човекот у фаца. Е ај сеа кажи дека сегашните деца се луди!!??
 
Член од
22 март 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
ние у наше маало маваме со јајца по прозори
се качувавме по дрва и ги тресевме и некои крици испуштавме (демек секс на дрво).
имам и други глупости праено со другарите и другарките ќе допишам кога ќе ми текне
 

THE_PIRAT

Avanti Formica atomica!
Член од
14 февруари 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
79
Врзувавме врата за врата со јаже и ѕвоневме на двете врати и тегнење до бесвест паѓаше меѓу луѓето ееее детство:vozbud::vozbud::vozbud:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Јас си имав една интересна навика на малтретирање луѓе по згради. Ќе се качев на најгорниот спрат и симнувајќи се надоле на сите им ѕвонев по ѕвончињата. Или па ќе се симнував со крупни чекори и ќе ги скокнев последните 4 скали, ќе стропав на циментот и се слушаше ехо низ цел влез:)
 

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Криев обувки на моите или луѓето кај што ќе отидевме на гости. Изненадно им си снемуваше од пред врата, па уживав додека ги гледав како ги бараат. Неколку пати се случи ова, за брзо натрапникот беше фатен.
Највеќе ми беше мерак кога има многу луѓе собрани, зимно време најубаво, да излажам нешто, ама такви лаги имам смислувано, сега кога ќе ми текне можело срце да го стегне некој. Ееее сум плачела за ќотек.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
:pos2:се изнасмејав од постовиве

бај д веј јас се сеќавам кога имав 7-8 години и имавме навика во зима од мојата тераса да наполниме балон полн со вода и да го фрламе на луѓе. Се сеќавам еден чоек се брзаше некаде и ние фрлање балонот лом го напрајвме па од мака почна да се дери ко луд...ама не не виде :vozbud:
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
741
Поени од реакции
76
Се јавувавме по луѓе (лупавме броеви од памет) и ги заебававме, не платиле телефонска сметка, не платиле струја..од пошта сме..Ало, дали е тоа клиниката за душевни болести...и слични глупости...ехх времиња :pipi:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Со една другарка од основно кои глупости сме ги правеле, почнувајќи од стандард ѕвонење на телефон до лажење мали деца дека се посвоени.

1. Еднаш и ѕвоневме на една другарка и и` ја пуштавме бабата што се дереше “Ко ту шути мајки шајки...?“, ама го сецкавме на повеќе делови за да и ѕвониме повеќе пати и на крај девојчето почна да плаче и да вика “Ама бабо, не сум јас“. Сме се мочале од смеење, ама наредниот ден и` кажавме дека бевме ние, ептен беше уплашена, мислеше дека бабата ќе и` викне полиција.:pos:

2. Истото девојче од приказната погоре не извади од патики и нас како што не дал Господ-злобни, земавме испринтавме огласи со нејзиниот домашен и мобилен во кој пишавме дека пружа секаков вид задоволства ( името мислам дека не го пишавме. Ипак сме имале осет колку-толку ).
Наредниот ден не се појави во школо... уште не знаеме што се десило, коинциденција можеби.:pos:

3. Вртевме рандом броеви и некогаш се трефнуваше да го погодиме името на тој што се јавува и си правевме муабет за тоа како ни поминал денот на работа, како се децата и сл.

4. Еднаш му отидовме на едно дете и почнавме да му збориме ( всушност, поголемиот дел другарка ми збореше ) дека сме му полусестри...
Ова ептен ретардирано е, знам, ама мали бевме-толку ни фаќаше црпката.
И еднаш другаркава и` се закачи на една жена и и` кажуваше колку личи на мајка и што ја видела само на слика.:uvo:

5. И ептен кога ни беше досадно зимавме ѕвоневме по сите ѕвончиња и бегавме.


Ќе да има уште, ама толку ми текнува сега.
 

BountyHunter

нинџа и пол
Член од
29 јануари 2007
Мислења
202
Поени од реакции
10
најзакон беше тепачката со другата мала...траеше едно 2-3 месеци и на крај имаше договор за мир... се праеја различни оружја ко катапулти и некакви си бомби. чак и продавница ограбивме за дијаболи и снајпер:D финтата беше за кој да го поседуват делот пред продавницата:D
друго јако беше хокеј ко игравме. ке се играше цел ден и на крај ке се искаравме и то палките ке ги искршевме. и другиот ден нови. на зима со вода улицата ја полевавме за да играме ice-hockay
се праеја ептен глупости.
последно шо напрајвме беше нашкола пред 6-7 месеци. сите конецот го врзват на 1-2 метри оддалечени дрва. ние врзавме преку цел училишен двор. и така си пагјаа овие шо одеа или идеа од нашкола. после ко ни го скина конецот некој пред вратата изврзавме многу и си ојдовме...не знам шо се деси после:D
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Ехееееее последна 5 ми е на 100 метри. Со јајца,јаболчиња,патлиџани сме ја праеле парче. Еднаш ни застана шоферот ама само се развика и си продужи.
У згради на домофон е најбоље стисни ги сите и само слушаш ало од 10 различни гласа.
Имаше еден број порано 1933 мислам и редовно си вртевме и си праевме муабет со типот. Еднаш му се јави една отракана другарка и почна да му збори како е убав згоден и типот се попали.
 
Член од
1 август 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
37
еднаш ставив кај една уличка стоп полиција лента, и никој не помина :).
имаше еден вампир не гаѓаше со се и сешто од балкон
и кај неговиот подрум еден мој другар со спреј му напиша киро бомбаш.
ее тоа беа времиња.
 

BUCH

---
Член од
4 мај 2008
Мислења
616
Поени од реакции
20
со друство порано ке се соберевме 20 дуси на 5 точаци и ке с евозевме ко ретардирани низ маала а најинтересно бесе кога заебававме еден будала и коа не бркасе со точак и коа се преврти:pos2: сите му се скинавме од смеење
а поинтересно бесе кога крадевме цигари од дома и одевме да пушиме цигари на некое темно есто и коа налета дедо ми пијан и не ме каза дома:vozbud:

ај доста ви е:)
 
Член од
7 февруари 2007
Мислења
227
Поени од реакции
0
е ова моево е прилепска работа
ние како мали се качувавме на едно дрво и со рибарски конец оптегнувавме шише на друго дрво и како шо си врвеа лугето - оп одма пред нив шише. ќе покараа малку а ние ќе се насмеевме

еднаш знам како мал на една фонтана со две чешми (сега кај шо е Итар Пејо) во Прилеп ја стегавме едната и од другата страна се зголемуваше притисокот и ако во моментот пијаш таму значи си одиш дома да се преслечиш. ко ја стегнав еднаш јас ја направив една девојка жива вода ама тука не беше грешката - НЕ ВИДОВ ДЕКА Е СО ДЕЧКО па малку ме поначукаа
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
зимно време автомобилите ги мававме со снег, ама се погоди еднаш 1 другар да фрли камен и отиде шофершајбната на автобусот:vozbud: и се сеќавам доаѓаше полиција во школо...

постојано ги дишевме гумите на автомобилите, а воедно и велосипедите

навечер врзувавме рибарски конец на патот, и се смеевме ко луди на минувачите кои паѓаа и паѓаа...

има уште многу други глупости за кои ке напишам ако се сетам :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom