Деликвенти и вандалство

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Со текот на времето, наместо оваа грда појава кај младината да се искоренува, зема се’ поголем замав. Сведоци сме на соло-деликвенти или вандалски групи кои дествуваат со единствена цел - деструкција поради лична сатисфакција која не ми е сфатлива. Ново бојосани ѕидови и градби, ги гледам ишарани со wannabe графити, од навивачки групи, преку љубовни пораки "Те сакам Севдо!", до фамозната порака „Џабе сте кречеле“. Клупите во парк, кои наместо да бидат собиралиште за младите и место за дружење, најчесто се голи, само со железата на нив, без даските.

До кога вака? Ќе се преземат малце подрастични мерки против вандализмот и деликвентите, кои иако се познати на полицијата, продолжуваат слободно да го уништуваат и она малку што чини по градовите?
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Можам да кажам дека во последните 6-7 месеци, најголем број од графитите се дело на BOA (Blue Ohrid Army), навивачите на КК АМАК и ФК Охрид. Признавам, бев еден од основачите на оваа генерација на навивачи на клубовите, но неколку членови имаа деструктивни наместо конструктивни идеи, како на пример шарање по објекти чисти како солза со графити, па дури и кршење на знаци и коли пред натпревар (?!) во својот град.
Полицијата ги знајт кој се, секој втор ден се в станица, и пак нишо, излегвет, си продолжвет по старо, и после градот на бедно гето ќе личел. Е ќе личит.
 

~ Bella ~

Fly Away...
Член од
23 мај 2009
Мислења
23
Поени од реакции
0
Навистина неубаво изгледаат сите овие набројани работи,сите тие ишарани ѕидови со некои глупави пораки или потписи,до тие искршени клупи и слично,но тоа е дел од сегашноста.
Постојат мерки,но очигледно е дека не се спроведуваат,зошто ако се спроведуваа до сега ќе беа барем малку искоренети овие навики на „совесните“ граѓани.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Тоа е резултат од желбата за докажување која незнаат каде позитивно да ја демонстрираат па ја вршат со деструкција на јавни предмети и оставење на личен потпис со порака дека тој е фраерот што го направил тоа.
 

DVX

Член од
22 мај 2009
Мислења
85
Поени од реакции
5
Вандализмот не е проблем кај нас само. Во цел свет го има тоа само што тука кај нас е доста изразено пред се поради сите социјални проблеми кои го мачат денешниот млад човек.


Можам да кажам дека во последните 6-7 месеци, најголем број од графитите се дело на BOA (Blue Ohrid Army), навивачите на КК АМАК и ФК Охрид. Признавам, бев еден од основачите на оваа генерација на навивачи на клубовите, но неколку членови имаа деструктивни наместо конструктивни идеи, како на пример шарање по објекти чисти како солза со графити, па дури и кршење на знаци и коли пред натпревар (?!) во својот град.
Полицијата ги знајт кој се, секој втор ден се в станица, и пак нишо, излегвет, си продолжвет по старо, и после градот на бедно гето ќе личел. Е ќе личит.

Добро брат викаш и сам си бил еден од основачите на таа навивачка група. Ако си бил тогаш и сам знаеш дека нигде не постои навивач што е за во Гринпис. :)
 
С

Спенсер

Гостин
:vozbud: само Алфите се лек...ке нема шарање тогаш...еххех
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Добро брат викаш и сам си бил еден од основачите на таа навивачка група. Ако си бил тогаш и сам знаеш дека нигде не постои навивач што е за во Гринпис. :)
Нормално дека сите сме агресивни и бунтовни. Таков сум и по природа, ама не сум деструктивен. Разбирливо ми е кога одиш на гостување да кршиш столчиња во сала, или сообраќајни знаци да виткаш, ама кога играме дома, дури одиме накај сала или стадион да кршат, не ми е сфатливо.

Башка, групата ја напуштив заради појава на идеи како Чиста Македонија, етнички тепачки и слично. Соживот требит, не требење.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Општеството кое во изминативе дваесетина години транзитираше и не можеше самото да се најдесебе си, произведе многу деликвенти и вандали од едноставна причина што, моралните норми во изминатиот период беа до таа мера извртени, па се она што секаде во целиот свет беше неморално кај нас беше кул и многу млади попрво прифаќаа да бидат деликвенти, како мерило за статус во општеството, огледувајќи се на раните транзициски профитери и мафиози кои преку ноќ стануваа недопирливи. Оттаму земајќи ги за идоли празноглавците со полните џебови и скапите коли тежнееја да станат како нив. Но, согледувајќи со текот на времето дека тоа е само желба, а реалноста е друга таквите млади лесно се разочаруваа и во знак на револт стануваа деликвенти за на тој начн да привлечат внимание кон сбе. А токму привлекувањето на вниманието кон себе го правеа , а и го прават со уништување или наказување со јавни објекти, автомобили. :toe:
 

DVX

Член од
22 мај 2009
Мислења
85
Поени од реакции
5
НРазбирливо ми е кога одиш на гостување да кршиш столчиња во сала, или сообраќајни знаци да виткаш, ама кога играме дома, дури одиме накај сала или стадион да кршат, не ми е сфатливо.
Е тука веќе си во право. :wink:


Башка, групата ја напуштив заради појава на идеи како Чиста Македонија, етнички тепачки и слично. Соживот требит, не требење.

Епа всушност една од суштините на навивањето е "Ultras, no politica". Ама денес се помалку и помалку се обрнува внимание на тоа. Поготово кај нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom