Дежурна Ординација! #2

C

CoolIris

Гостин

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
3.985
Поени од реакции
11.676
Шо диета имаше? Не пуши цигари татко ми, а и кафе кога пие кога не.
Се забранува:
1. Леб: свеж 'ржан леб, печени пити и палачинки.
2. Месо: динстано и пржени јадења со месо од масно месо, живина.
3. Риба: масна риба, пржена, пушена, солена храна.
4. Зеленчук: бела зелка, репа, рутабага, ротквица, киселица, спанаќ, кромид, краставици, кисела, кисела и кисела зеленчук, печурки.
5. Овошје: Сурово, кисело, незрело овошје, пире од суво овошје.
6. Житарки: просо, бисер јачмен, јачмен и гриз од пченка, мешунки.
7. Млечни производи со висока киселост, зачинети и солени сирења.
8. Слатко: алва, чоколадо, сладолед, колачи.
9. Пијалоци: кисело, газирани, овошни пијалоци, силен чај, кафе и алкохол.
Автоматски споено мислење:

Ако јаде супи,само лесни,т.е првиот буљон по 10 мин варење се истура,и се залива со нова вода и така да вари
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.663
Поени од реакции
11.582
Пишав пред некое време за константно лошење на татко ми веќе подолго време. Да споделам дијагноза, денес имаше гастроскопија и официјалната дијагноза е ГЕРД. Докторот закажа уште една гастроскопија за еден месец бидејќи има некој набор на желудникот и лезија на хранопроводот, па сака да следи дали ќе има промени во големината. Во меѓувреме терапијата е Ноплаза ( пак, мислам дека ги пие по трет пат од летото ) и meteospazmyl, ова не знам што е, наводно имал "нервозни црева".
Татко ми е голем паничар и веќе прочитал се што нашол на интернет за ова, дури и нашол дека 30% од заболените имаат потешка форма со трајно оштетување на хранопроводот, а дека 5% од заболените во некоја фаза развиваат карцином на желудник од наборите кои се креираат со тек на време. И готово, сега е врзано во крпче дека тој е од тие 5% .
Освен очигледното избегнување на зачинета и мрсна храна, газирани пијалоци и алкохол, кафе, чоколада, што друго не се препорачува? Дали има некоја диета или режим на исхрана за оваа состојба? Нешто на природна база, некој чај? Дали оштетувањата на хранопроводот се перманентни ? Секој совет/искуство е добредојден :)
ГЕРД имам дијагностицирано веќе 9-та година, со кила на желудник. 33 години сум, па ти види.
Имам направено три гастроскопии, последната во октомври месец, лани. Немав лезии на оваа, но имав на претпоследната, направена пред 3-4 години.

Eве ја терапијата која ми ја дадоа во ноември, ја завршив пред недела-две.



- Magnesium 400 + B complex (Alkaloid) (1x дневно)
- ZMA (цинк, магнезиум и Б6) (Olimp Nutrition) (1x дневно, пред спиење)
- VITAMIN C1000 (Synergy) (1x дневно, после оброк)
- CALCIUM 600 + Vitamin D (Natural Wealth) (ова гледам да не го мешам во ист ден со цинкот заради интеракцијата со калциумот)
- Selen од 50mcg (Natural Wealth) (1x дневно, после оброк)

Многу пати имам пишувано низ форумов за овој проблем, побарај постови од мене со клучни зборови - Кила, хернија, желудник, тахикардија...

@Емкаа

Oд исхрана терам кето веќе 4-5 месеци, интернистот ми рече да ја продолжам, само да не претерувам со маснотиите.
Строго ми забрани шеќери во форма на ориз, компир. Исто така, пржено строго не.
Она што спомна @chef_cook за многу вода - индивидуално е. Мене многу вода (зборам за два-три литри) ми правеше проблем и ми ја активираше килата, баш кога ми беше најтешко. Дневно пиев по чаша-две вода додека не ми поминаа потешкотиите, сега е подруго.

Генерално, јас си ја научив храната која лично ми прави проблеми со желудникот. Преку trial-error :)
Прашај нешто дополнително.
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор?
Член од
28 март 2012
Мислења
18.638
Поени од реакции
38.841
Дечки, некој што има правено операција на ингвинална кила да даде некој коментар, искуство, совет.. ова она..?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.647
Поени од реакции
13.840
Пред година ипол пиев рудакол и бев океј до пред месец-два. Сега пак почнаа после секое јадење да ми играат и свират цревата, да имам гасови, а понекогаш и да имам итна потреба за тоалет. Измеѓу јадења сум океј.
Кога ми дадоа Рудакол бев на гастроскопија и колоноскопија. Освен хеликобактер (примав и за тоа терапија) друго се беше океј.
Други здравствени проблеми немам.
Гастроентерохепатолог сега.
Психолог/псијатар планирам да побарам понатаму после пандемијата. Знам дека стрес и слично влијае на состојбата со цревата, а во последните година-две малку се „мачам“ со блага хипохондрија (симптомите за нервозни црева почнаа уште претходно). Така што, може препорака и за тоа.
...нема да ги коментирам насоките кои ти ги преорачувал матичниот кон разни специјалистичко консултативни ординации, прегледи и препорачани дијагностички методи на колоноскопија, гастроскопија...а не ти даде првенствено основно испитување на интолеранција на некоја храна,

...mebeverin (Rudacol) како спазмолитик ти го намалува само моменталниот спазам во цревата што го добиваш поради Х причини чиј резултат е надразнето црево, но тоа нема да те излечи затоа што не го решаваш главниот проблем и „иритабилни црева“ повторно и повторно ќе ти задава мака, а и сумплиментите (како цинк) на ист начин само ќе ја ублажат ситуацијата, но „нервозни црева“ пак повторно ќе се појават,

...ако подобро размислиме, МОЖЕН причинител на твојата состојба, ако ја додадеме споменатата твоја хипохондрија и стресна ситуација, проблеми на „нервозно црево“ можно да е како последица на глутенската чувствителност, која може да биде предизвикувачки фактор за психолошки пореметувања кои се дополнително генетски подложни на состојбата, дури има и клиничка студија каде заклучокот им бил дека "глутенската сензитивност може да биде првенствено, а понекогаш и исклучително, невролошка болест",



...што треба да направиш за да ја потврдиме или негираме таа претпоставка, односно дали психолошката ситуација ти ја дава таа состојба на „нервозни црева“ или обратно „нервозните црева“ се веќе причинители на твојата психолошка новонастаната состојба или причината е сосема трето?

- затоа, мислам дека треба да направиш лабораториски тест за интолеранција на глутен, постои одреден тип на имунолошка реакција која се јавува наглутен во исхраната која може да се открие со анти-глијадин антитела во серумот, столицата или плунката.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
27.706
Поени од реакции
51.053
Еве ви уште една тема за разглобување.

Моја блиска роднина пред 5-6 години имаше рак на дојка. Го открија во краен стадиум и не и даваа големи шанси за преживување, затоа што беше и по лимфни жлезди метастазирано. Не знам колку се точни терминиве, ќе напоменам дека не сум медицинско лице.
Пошто живее во западно европска држава и имаше работа со која можењше да си дозволи секаков третман, успеаа да ја спасат со операции и со милион (хемо)терапии низ годините што следуваа. На почетокот имаше повремени болки од хемотерапиите, ама тоа се контролираше со лекарства. Отиде во предвремена пензија, почна да зема инвалидска пензија. Со годините почна да има проблеми нормалн ода функционира, страшни болки во кичмата, но се држеше некако. Последнава година кошмар. Болки во мускулите до стадиум ништо да не и помага. Ниту морфиум, ниту канабис, ниту разно разни медикаменти. На момент ќе се намали болката, потоа пак хаос. Не може чинија да крене од болки во кичмата, а болката се префрли и во вратот и главата. Неколку пати ја ставаа повторно во цефка за дфа видат дали се вратил ракот, ама нема нешто такво.
На крај востановија дека има некои проблеми со мускулните влакна, дали истегнување или нешто слично. Одеше на акупунктура, дамбетер ја направија работата (пред да се затрча некој да рече каде ги праќате така, да напоменам дека е под надзор од нејзините лекари цело време, ништо не е правено на своја рака).
Знае ли некој за ваков случај, слушнал ли да има некое чаре, колку Македонија би можела да понуди некаква помош? Јас не им верувам ни на западно европскиве здравства повеќе, се е удрено на термини и наплаќање, а по родниниве гледам дека никаква услуга не добиваат. Овде бар ќе збркаш врски, ќе ја наредиш работата, таму ништо не те спасува.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.647
Поени од реакции
13.840
Моја блиска роднина пред 5-6 години имаше рак на дојка. Болки во мускулите до стадиум ништо да не и помага. Ниту морфиум, ниту канабис, ниту разно разни медикаменти. На момент ќе се намали болката, потоа пак хаос. Не може чинија да крене од болки во кичмата, а болката се префрли и во вратот и главата. Неколку пати ја ставаа повторно во цефка за дфа видат дали се вратил ракот, ама нема нешто такво.
... дали направила испитување на туморски маркери, најчесто метастазите од канцер на градата (највероватно и' е отстранета) се толку подмолни што никој не би се посомневал дека може да биде во коските, болките се неиздржливи и најчесто дијагностицирањето се оди во друг правец, а сепак е последица од ракот на дојката, значи мора испитување на метастаски карцином на коските, испитување на калциум,
не знам како тоа не се докажало со тоа внес во „цевката“ највероватно мислеш на магнетна резонанца, ама имаше таков сличен случај да не се дијагностицира ни со КТ ни со МРИ метода, мој совет дајте акцент на коските!
 

Паланчански

ГрЕбач
Член од
12 јануари 2008
Мислења
3.514
Поени од реакции
6.327
Никако да сфатам која е разликата помеѓу АНДОЛ и АСПИРИН. Исти се, а сепак различни.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.647
Поени од реакции
13.840
Никако да сфатам која е разликата помеѓу АНДОЛ и АСПИРИН. Исти се, а сепак различни.
... ацетилсалицилната киселина -Аспирин е слаба киселина и може да има побавна ресорпција доколку се промени pH кога ќе го испиеме орално, посебно на тие пациенти кои имаат дигестивни проблеми, но тоа се избегнува со пуферирање на ацетилсалицилната киселина и истата во пуфериран облик веќе е со ново име наречено Андол,
што беше пуфер?
-раствор на слаба киселина и нејзина коњугирана база или слаба база со нејзина коњугирана киселина, што покажуваат својство да се спротистават на промените на pH кога ќе им се додаде киселина или база т.е. кога им се менува pH, со што се постигнува спречување на промената на pH вредноста и немаме побавна ресорпција, а и дополнително не ја потенцира киселоста кај тие веќе имаат проблем со појачана киселина (хиперацидитет),
*значи Аспирин е ацетилсалицилната киселина, Андол е ацетилсалицилната киселина во пуфериран облик!
едното е на алкалоид, другото е брендирано од bayer
:neetaka:



Alkaloid, Pliva, Bayer, Hemofarm, Upsa...итн
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
197
Поени од реакции
338
Никако да сфатам која е разликата помеѓу АНДОЛ и АСПИРИН. Исти се, а сепак различни.
Ист лек од различни фирми. Формулацијата на таблетите е различна:
- аспирин (протект) е гастрорезистентна таблета, се апсорбира во цревата
- андол е таблета во пуферирана форма, се апсорбира во желудник
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
3.985
Поени од реакции
11.676
Денес пробав од ова лекарствово од ковид.две таблетки,чисто од радозналост,таков буст ми даде,ко спид да сум правел
 
Член од
2 февруари 2021
Мислења
17
Поени од реакции
11
Може некој да ми даде совет каде да се обратам сега во пандемијата, мислам дека имам симптоми на мултиплекс склероза?

Има смисла да отидам пример директно кај невролог во Неуромедика?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom