Пишав пред некое време за константно лошење на татко ми веќе подолго време. Да споделам дијагноза, денес имаше гастроскопија и официјалната дијагноза е ГЕРД. Докторот закажа уште една гастроскопија за еден месец бидејќи има некој набор на желудникот и лезија на хранопроводот, па сака да следи дали ќе има промени во големината. Во меѓувреме терапијата е Ноплаза ( пак, мислам дека ги пие по трет пат од летото ) и meteospazmyl, ова не знам што е, наводно имал "нервозни црева".
Татко ми е голем паничар и веќе прочитал се што нашол на интернет за ова, дури и нашол дека 30% од заболените имаат потешка форма со трајно оштетување на хранопроводот, а дека 5% од заболените во некоја фаза развиваат карцином на желудник од наборите кои се креираат со тек на време. И готово, сега е врзано во крпче дека тој е од тие 5% .
Освен очигледното избегнување на зачинета и мрсна храна, газирани пијалоци и алкохол, кафе, чоколада, што друго не се препорачува? Дали има некоја диета или режим на исхрана за оваа состојба? Нешто на природна база, некој чај? Дали оштетувањата на хранопроводот се перманентни ? Секој совет/искуство е добредојден
ГЕРД имам дијагностицирано веќе 9-та година, со кила на желудник. 33 години сум, па ти види.
Имам направено три гастроскопии, последната во октомври месец, лани. Немав лезии на оваа, но имав на претпоследната, направена пред 3-4 години.
Eве ја терапијата која ми ја дадоа во ноември, ја завршив пред недела-две.
- Magnesium 400 + B complex (Alkaloid) (1x дневно)
- ZMA (цинк, магнезиум и Б6) (Olimp Nutrition) (1x дневно, пред спиење)
- VITAMIN C1000 (Synergy) (1x дневно, после оброк)
- CALCIUM 600 + Vitamin D (Natural Wealth) (ова гледам да не го мешам во ист ден со цинкот заради интеракцијата со калциумот)
- Selen од 50mcg (Natural Wealth) (1x дневно, после оброк)
Многу пати имам пишувано низ форумов за овој проблем, побарај постови од мене со клучни зборови - Кила, хернија, желудник, тахикардија...
Да, ама Кедев ме гледаше во 2014, не сега. Со оглед на тоа дека трчам рекреативно и проблемите што ми се јавија заради хернијата (тахикардија) - сакав после 6 години пак да го испитам. Затоа вчера правев ехо, ЕКГ и стрес тест. Сакав од тој аспект да сум мирен, за гастролог - уште не сум бил...
forum.kajgana.com
@Емкаа
Oд исхрана терам кето веќе 4-5 месеци, интернистот ми рече да ја продолжам, само да не претерувам со маснотиите.
Строго ми забрани шеќери во форма на ориз, компир. Исто така, пржено строго не.
Она што спомна
@chef_cook за многу вода - индивидуално е. Мене многу вода (зборам за два-три литри) ми правеше проблем и ми ја активираше килата, баш кога ми беше најтешко. Дневно пиев по чаша-две вода додека не ми поминаа потешкотиите, сега е подруго.
Генерално, јас си ја научив храната која лично ми прави проблеми со желудникот. Преку trial-error
Прашај нешто дополнително.