Прегледај го приврзокот 243665
... емоцијоналниот стрес што можеби си го имала во моментот, а можеби и нискиот крвен пристисок (треба да го мериш во моментот кога имаш такво чувство) со можен Raynaud syndrome (погледни каква боја во тој момент имаат носот, јазикот и ушите), поради намален проток на кислород како резултат на неправилна циркулација на крвта, можни се причинители за тоа твое чувство на „губење на свеста“ ама не си ја изгубила!
...сега не е време (поради коронавирус) за една крвна слика за да видиме дали можеби имаш дополнителна некоја анемична состојба, но како и да е прелазот зима пролет сигурно ти е збогатена со исхрана богата со витамини и минерали, па и со некој спанаќ -ручек!
...треба да имаш во предвид да ги избегнуваш кофеинските напитоци, пушењето (пасивно исто) како и нагло влегување од топли во ладни простории (како и отварање на фрижидерот и зјапање подолго време што да земеш може да предизвика таква промена)!
... треба да применуваш секојдневни благи вежби на рацете, рамото и вратот за подобра циркулација, (доколку си под стрес повеќе од 24ч, а самата не можеш да го контролираш и да се смириш, треба да му помогнеш на телото со некој благ лек за релаксирање на тие „напнати нерви“).