Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
...друго е заштитни маски и дезинфекциони средство во овие моменти, друго е Тетагам како лек, ете вакцината ја имале, требаше да им го побараш и серумот што ти следи, вака можеби ќе напишат во прегледот дека тие ти го дале...или ако ја имаш фискалната сметка да бараш рефундирање на средствата од ФЗОМ, побарај написмено од инфективно дека немале... да не испадне само дека имале!
Нити ми дале сметка,ниту пари ми потражиле.И како тоа "друго е" заштитни маски и ракавици што немало на инфективна во ек на пандемија?
 
маски во смисол никаде нема, па ни една Америка... фискална сметка реков од Зегин, а таму кога ќе идеш да ја примаш втората вакцина после месец дена потражи им го серумот да ти го вратат, оти ти си го купил со свои средства, а тие се должни како осигуреник да ти го дадат, а не ти да го купиш...т.е. како сакаш!
 
А шо ќе му прави на серумот кога ќе му го вратат?
Ќе го однесе назад у Зегин?
 
Здраво...Дали знае некој зошто може да биде тоа што понекогаш имам чувство на губење на свеста кое трае многу кратко, неколку секунди и тоа во седечка положба?
 
@Tender Girl можно е да завземаш некоја лоша положба, која ти ја намалува вратната циркулација, треба да приметиш, а можно е и од психа.
 
1586269046448.png

... емоцијоналниот стрес што можеби си го имала во моментот, а можеби и нискиот крвен пристисок (треба да го мериш во моментот кога имаш такво чувство) со можен Raynaud syndrome (погледни каква боја во тој момент имаат носот, јазикот и ушите), поради намален проток на кислород како резултат на неправилна циркулација на крвта, можни се причинители за тоа твое чувство на „губење на свеста“ ама не си ја изгубила!
...сега не е време (поради коронавирус) за една крвна слика за да видиме дали можеби имаш дополнителна некоја анемична состојба, но како и да е прелазот зима пролет сигурно ти е збогатена со исхрана богата со витамини и минерали, па и со некој спанаќ -ручек!
...треба да имаш во предвид да ги избегнуваш кофеинските напитоци, пушењето (пасивно исто) како и нагло влегување од топли во ладни простории (како и отварање на фрижидерот и зјапање подолго време што да земеш може да предизвика таква промена)!
... треба да применуваш секојдневни благи вежби на рацете, рамото и вратот за подобра циркулација, (доколку си под стрес повеќе од 24ч, а самата не можеш да го контролираш и да се смириш, треба да му помогнеш на телото со некој благ лек за релаксирање на тие „напнати нерви“).
 
Здраво...Дали знае некој зошто може да биде тоа што понекогаш имам чувство на губење на свеста кое трае многу кратко, неколку секунди и тоа во седечка положба?

Многу работи се можен проблем, дефицит на б витамини, анемиа, низок притисок. Дај повеќе детали за твојата здравствена состојба - минато, а исто така и за исхраната.
 
Причина за што се јавуваат оние мали тврди подкожни ткива како брунче еден вид, конкретно во случајов на раката ми е појавени.
Првото пред 2-3 години го приметив и е нешто поголемо а другово само на допир се осеќа, визуелно нема никакви шанси да го приметиш
 
...и што? ти пречи ли? :toe:
 
...штом не пречи како што дојде така ќе си отиде, телото ќе се погрижи за тоа... ако пречи тогаш да се заинтересираш зошто!
 
Многу работи се можен проблем, дефицит на б витамини, анемиа, низок притисок. Дај повеќе детали за твојата здравствена состојба - минато, а исто така и за исхраната.

Прегледај го приврзокот 243665

... емоцијоналниот стрес што можеби си го имала во моментот, а можеби и нискиот крвен пристисок (треба да го мериш во моментот кога имаш такво чувство) со можен Raynaud syndrome (погледни каква боја во тој момент имаат носот, јазикот и ушите), поради намален проток на кислород како резултат на неправилна циркулација на крвта, можни се причинители за тоа твое чувство на „губење на свеста“ ама не си ја изгубила!
...сега не е време (поради коронавирус) за една крвна слика за да видиме дали можеби имаш дополнителна некоја анемична состојба, но како и да е прелазот зима пролет сигурно ти е збогатена со исхрана богата со витамини и минерали, па и со некој спанаќ -ручек!
...треба да имаш во предвид да ги избегнуваш кофеинските напитоци, пушењето (пасивно исто) како и нагло влегување од топли во ладни простории (како и отварање на фрижидерот и зјапање подолго време што да земеш може да предизвика таква промена)!
... треба да применуваш секојдневни благи вежби на рацете, рамото и вратот за подобра циркулација, (доколку си под стрес повеќе од 24ч, а самата не можеш да го контролираш и да се смириш, треба да му помогнеш на телото со некој благ лек за релаксирање на тие „напнати нерви“).
@Tender Girl можно е да завземаш некоја лоша положба, која ти ја намалува вратната циркулација, треба да приметиш, а можно е и од психа.

Благодарам на сите.
Имам рејнов синдром веќе 10 години.Зимно време некои прсти на рацете ми отекуваат и поцрвенуваат.Дури и да носам ракавици,ако одам пеш си имам проблем.На прстите на нозете чувствувам и силна болка некогаш кога е многу студено.Со ладна вода не смеам да мијам итн...
И знам дека исто како и ладното, стресот исто така ги стега крвните садови.Треба многу претпазливост и смирување на емоциите.
Во однос на исхраната, јадам поретко и помалку месо,во споредба со другата храна.Претежно јадам јајца, млечни производи, компир, леќа, грав, ориз,овошје и зеленчук.
Вакво чувство на губење свест не се сеќавам да сум имала порано,а сега ми се повтори неколку пати.Најверојатно ми е од заземање лоша положба и ми требаат вежби.

Поздрав
 
Бидејќи непланирам да одам по лекари со оглед на ситуацијава сакам да знам каква е процедурта и на кој начин може д побарам од матичниот да ми препишит антибиотик. Ако имат и некое стручно лице на форумов нека ми пишит ПП сакам сам го прашам нешто плус да не замарам овде
 
Бело-жткаста наслага на јазикот (почетокот на јазикот ми е делумно добар и страничниот дел од јазикот)
Хигиена на јазик - Миење заби по станување и пред легнување, чистење со конец пред легнување. (до пред некое време и чистење со листерине но престанав со тоа)

Некој совет?
 
Можеби е Кандида во прашање?
Отиди во некоја лабораторија нека ти земат примерок од уста
Автоматски споено мислење:

Бидејќи непланирам да одам по лекари со оглед на ситуацијава сакам да знам каква е процедурта и на кој начин може д побарам од матичниот да ми препишит антибиотик. Ако имат и некое стручно лице на форумов нека ми пишит ПП сакам сам го прашам нешто плус да не замарам овде
Мораш да отидеш кај матичниот ако ти треба антибиотик, без рецепта неможеш да го земеш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom