Мислење за овие резултати?
... ај ќе објасниме поедноставно, да се разбере подобро, па и други кога ќе прочитат да запамтат !
... све тоа што го активира нашиот одбранбен систем зошто го препознава како „напаѓач“ како бактерија, вирус, паразит, или било кој алерген, се наречени
антигени.
Реакција на нашиот одбранбен систем, читај имунитет, преставува создавање на т.н. антитела која всушност се врзува со антигените и така ги неутрализираат (ти си направил едно такво испитување токму на таквата антитела во серумот)
постојат неколку вида на антитела :
IgM ,IgG, IgA, IgE i IgD.
...најраспространет вид антитела во телото е IgG (твојата прва анализа за херпес вирус) таа се создава како последица на прва создадена антителата IgM, всушност кога IgM
се намалува се покачува IgG што значи дека инфекцијата со херпес вирус поминала, ама телото со новосодадената IgG антитела се приготви евентуално ако ќе биде повторно нападнат од тој вирус и при повторни инфицирање со хепрес вирусот полесно телото да се справи и да го уништи!
...значи, си имал инфекција на херпес вирус, таа инфекција поминала и затоа првата антитела создадена IgM е негативна, а IgG е позитивна значи ќе ти биде активна еден период можеби од неколку месеци и ако до тогаш не се инфицираш повторно со херпес вирус антителата IgG ќе опадне и тестот ќе стане негативен... и ако дојде повторно после година да речеме инфекција со херпес вирус и во таа акутна состојба направиш ваква анализа на антитела тогаш првенствено ќе ја имаш позитивен антителата IgM, а антителата IgG негативна!
IgM антитела запамти секогаш се создава прва, кога телото е во акутна фаза на инфекција и прв пат се сретнува со некој антиген- напаѓач!
... кога имаме промена на усната често при настинка, велиме херпес, значи не нападна херпес вирусот ни се создава антитела во акутната фаза IgM, го совладува вирусот и потоа со созавање на анителата IgG ќе го запамти тој херпес вирус и ако во рок да речеме од 6,8 месеци не’ нападне пак нема да ни излезе херпес на уста зошто веќе имаме создадена антитела што ќе го „начека“ и ќе го уништи херпес вирусот... ама после неколку месеци ( кај некого повеќе, кај некого помалку) ако нема напад од херпес вирусот веќе се намалува анителата IgG и ако пак да речеме после 10 месеци не нападне пак херпес вирусот, пак ќе ни се разлигави усната и ќе ни избие -херпес и пак ќе се активира антителата IgM која се создава при акутен напад на антиген т.е. херпес вирусот....истото се случува со цитомегаловирусот во твојата анализа поминала инфекцијата и имаш активна антитела IgG за цитомегаловирус, ако случајно повторно те нападне вирусот.
...ете буквално така оди тоа со антителата т.е. нашиот имунитет,
а твоите анализи покажува дека немаш инфекција со двата вируси херпес и цитомегаловирус ( си бил инфициран ама твој имун систем со антитела ги победи) оти немаш прва создадена антитела за таа инфекција IgM е негативна, а имаш антитела за двата вируса едно 3,6,9 месеци што се покажува со позитивен тест на втора создадена антитела IgG која ќе ги начека повторно вирусите за тој период додека е позитивна !
другите видови антитела:
...антителата IgE најповеќе ја има во секретот на респираторниот и гастроинтестиналниот тракт и кога во вакви серолошки анализи наоѓаме покачена концетрација т.е. е позитивен тестот зборуваме за алергиски реакции, атописки дерматитис во астма, но и во некои паразитни инфекции.
... антителата IgA се наоѓа најчесто во плунката, солзите и во слузниците на респираторен, гастроинтестиналниот, урогениталниот тракт.
... антителата IgD се наоѓа во ниски концентрации.