Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.536
Поени од реакции
34.688
Секојдневно зема лекови за покачен шеќер Глуформин, а од пред година дена и за тироидна оние што ги даваат стандард.
1564762896965.png

... можеби е една од причината за анемија кај баба ти, пак ќе кажам требало да и дадат и Витамин Б12 во терапија, а не само чисто железо во Тотхема!

1564763275360.png 1564764078756.png

бабичката има прекумерна телесна тежина(дебела) ? и секојдневно јаде многу?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Околу 80кг е и си јаде нормално.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.536
Поени од реакции
34.688
Околу 80кг е и си јаде нормално.
... тоа значи дека бабичката е дебела? барем да кажеше висина, вака само тежина? како и да е, Gluformin (metformin) тој е лек од група на bigvanidi и најчесто порано се давало во комбинација со друг антидијабетски лек посебно кај тие луѓе кои нели, покрај дијабетисот тип 2 (инсулински независен дијабет) имале прекумерена тежина, дебели и биле гурмани во исхраната т.е. кога диетата и физичка активност не била доволна, односно дури се давало како еднократна заштита на телото заедно со Есенциале форте (заштита на јетра) на луѓе кога иделе на богата вечера, свадба (стара навика по источно европска медицина) ама вака на пациенти кои се постари, без друг антидијабетик?? не знам...

1564781314301.png

... не кажа дали е регулиран шеќерот со овој лек и како се справува со дигестивните проблеми што ги создава посено ако се зголеми дозата?
...не кажа кој лек пие за тиреоидеата, највероватно се работи за хипо дисфункција како најчеста патологија на штитната жлезда и ДА! лекот Еутирокс (levotiroxin) има многу причини да не се апсорбира ете во случај со Тотхема како железен препарат најмалку 5ч разлика во пиење (ако е помалку ниту Тотхема па ниту Еутироксот има ефект џабе терапија)!
... кога има дефицит пак на Вит Б12 потребите на телото за Еутирокс се зголемува, кога пациентот има некој атрофичен гастритис при што дополнително позитивен тест на Hb. pylori тогаш може да биде поврзано со недостаток на Вит Б12 и пак потребите на Еутирокс се зголемува,
..на пример на субакутен тироидитис обично му претходи вирусни инфекции, главно на горниот респираторен тракт, со оглед на последователната појава на автоимуни реакции, симптомите обично се должат на првичното ослободување од воспаленото ткиво на преформените тироидни хормони, што генерира фаза на тиреотоксикоза, со последователно намалување на циркулацијата на овие хормони, создавајќи ја хипотероидната фаза со последователно закрепнување во огромно мнозинство на случаите со потиснат TSH и покачување на циркулаторните хормони, особено Т4, со покачување на воспалителни маркери како што е стапката на седиментација ... мислам ејјј кој ендокринолог кај нас го има ова во предвид при лечење на дисфункција на штитната жлезда? и затоа често пати не знаат како да реагираат кога телото дава високи вредности на ТСх и висока вредност на Т4 „што нема логика“ оти ТСХ се лачи повеќе кога нема доволно Т4, ама и те како има логика ако се следат вредности на ЦРП и седиментација поради некоја друга вирусна инфекција и активација на автоимуни реакции, дури може да има позитивна антипероксидаза и антитироглобулин антитела, тие се во ниски титри, што е во спротивност со покачените титри на тироидната автоимуна болест на типот Хашимото!

1564782441097.png 1564783849000.png

...хипотироидизам може да резултира во недостаток на витамин Б-12, а како резултат на недостаток на витамин Б-12 може дополнително да ја влоши бавноста на тироидната жлезда и ете ти спореден симптом појава на анемија, црниот дроб ја има 90% резервата од Б-12 !

1564783359277.png 1564783972812.png

... кога ќе помислам дека една банален дефицит на Вит Д во телото може да биде причина за појава на дијабет, а најчесто тој витамин го поврзуваат само со коските или остеопороза, а со една лабораториска анализа дефицитот се одредува се нормализира Вит Д во телото и се нормализира и гликемијата во крвта?

1564782793257.png 1564782862967.png

или еден банален дефицит на Вит Б12 од различини причини со одредување лаборатриски и нормализирање на истиот може да се среди проблемите со анемија или со штитна жлезда што се како последица од тој дефицит?
...еххх, уметност е да се следат сите симптоми и точно да се „удри“ во центарот на причината, но треба да се потрудиме, оти тоа иде во домино систем едно по друго, а имаме примероци од крв, урина, фецес, плунка... ама за кого?
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Околу 165-170 е висока и јас веќе 10+ години од кога ја знам секогаш е со оваа тежина и не изгледа премногу дебело.

Го регулира шеќерот во крвта со тој лек и вака по нејзино домашно мерење и е околу 7
Еутирокс да.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.536
Поени од реакции
34.688
Околу 165-170 е висока и јас веќе 10+ години од кога ја знам секогаш е со оваа тежина и не изгледа премногу дебелоГо регулира шеќерот во крвта со тој лек и вака по нејзино домашно мерење и е околу 7 Еутирокс да.
... токму така не го има регулирано треба да го има до 6 во утринско, затоа што преку ден не значи дека го има 7, ако во утринското и е околу 7, со една половина таблета глибенкламид наутро после недела дена во утринско мерење сигурно ќе го има околу 5, ама тоа е сите „запнале“околу метформинот... односно денес некој да оди да направи една анкета по болниците истите лекови ги препишуваат на сите пациенти!
...ете како за пример, освен метформин и инсулин денес кај нас дијабетолозите не препишуваат друг антидијабетски лек!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
...ете како за пример, освен метформин и инсулин денес кај нас дијабетолозите не препишуваат друг антидијабетски лек!
Па и не треба.
Во огромен број случаи дијабетисот лесно се контролира да не речам риврса со станување веган, слабеење и физичка активност.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.536
Поени од реакции
34.688
Во понеделник треба да направи ова и плус уште нешто, а претходно треба да се има некаква подготовка за оваа процедура?
.. подготовка? зависи за кое лабораториско испитување се работи,

1564856698633.png 1564856719591.png

во препоставка дека направила крвна слика, а тоа „ да направи плус уште нешто“ (оти нели има симптом на анемија) ќе ги кажеме испитувањата за анемија:

1564856581255.png

-испитување на серумско железо (7.6-31.3 μmol/L )

-да се направи десет дена пауза (wash out период) од оралниот железен препрат (Тотхема) даден како терапија!
-да не се пијат никакви витамински препарати 48ч, чаеви или сокови кои се богати со железо!
-да не се јаде месо, лубеница, диња, грав или друга храна кои се богати со железо!
-да не се пие Вит Ц,

1564856654057.png 1564856768847.png

-да не се пијат лекарства по можност за најнеопходните најмалку 12ч
-да не се јаде, пуши најмалку 12 ч пред да се даде крв,
-да нема стресна ситуација и непреспиена ноќ пред давање на крвта,

1564856486530.png 1564856507612.png

-да нема некоја акутна инфекција, доколку ја има да се направи напоредно и испитување на ЦРП,
-да се дава примерок на крв од 7-9 ч и тоа пред да се испие дневната неопходна терапија на лекови!
-испитување на феритин во серум,( ng/ml мажи 28.0 -397 жени 6.0 -159)
нема потреба од сите овие назначени подготовки и во секој случај укажува подобро на резервите на железо што го има целото тело!
-испитување на трансферитин, (2.24 -4.06g/L ) важен параметар за испитување зошто тој го пренесува железото во крвта и зависно од количината на трансферин зависи колку железо може да се врзе, односно колкав е вкупниот капацитет на врзување на железотo (TIBC)!
-испитување на TIBC, ( μmol/L 44.8 -80.6 ) негово покачување се јавува кога имаме ситуација на ниска концентрацијата на железо, заради компензаторна синтеза на трансферин и кај некроза на црниот дроб заради отпуштање на феритин!
- испитување на UIBC физиолошки, само еден дел од серумскиот трансферин е врзан за железото, а другиот е слободен, т.е. незаситен, тој дел на трансферинот кој сеуште може да врзе железо се означува како незаситен капацитет на врзување на железото,
- испитување на Фолната киселина која е непходна за нормален метаболизам, синтеза на ДНК и регенерација на црвените крвни зрнца.
- испитување на Витамин Б12 ( pmol/L 28.9 -168.9) кој е неопходен во метаболичките процеси, синтеза на ДНК и регенерација на црвени крвни зрнца.
Па и не треба. Во огромен број случаи дијабетисот лесно се контролира да не речам риврса со станување веган, слабеење и физичка активност.
... тоа ќе му кажеш на повозрасен пациент или пензионер?
или тоа ќе се каже на личност која од нерегулиран шеќер телото му е коска и кожа и одвај се движи? ...знам, најчесто такви препораки се дава!
... и со холестеролот исто, пациентот има висок холестерол, слаб коска и кожа, а добива препорака да држи диета и да се движи и физичка активност повеќе!
... или случај , пациент се јавува поради постојано кашлање, во живот не пушел има на ртг промени на белодробието и му се кажува упорно да не пуши веќе :facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
@bijons ајде мала помош...последниов месец дена имам проблем со капакот на едното око, неможам да го отворам убаво откако ке се разбудам, како залепен ми е и морам дури понекогаш со прст да си помогнам..имам и некоја чудна мала болка, како пецкање во окото ама како во позадина некако....Да не е некоја инфекција или што:(
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.536
Поени од реакции
34.688
@bijons ајде мала помош...последниов месец дена имам проблем со капакот на едното око, неможам да го отворам убаво откако ке се разбудам, како залепен ми е и морам дури понекогаш со прст да си помогнам..имам и некоја чудна мала болка, како пецкање во окото ама како во позадина некако....Да не е некоја инфекција или што:(
1564861303179.png 1564861346496.png

... највероватно инфекцијата си ја закачила во болница во прв ред со нехигиена на рацете и допир на очите си закачила blepharitis- воспаление на очните капаци!
... не верувам дека применуваш некоја „стара“ шминка која ете те инфицирала!
ама искрено на офталмологија секој втор пациент ја имаат инфекцијата, па и персоналот кој не внимава на хигиената!

1564861419991.png

..блефаритисот е предизвикан од воспаление на масните жлезди кои се наоѓаат зад трепките, маслото од овие жлезди не може да тече како што треба и отворите остануваат „вклучени“и ако на време не се третира, жлездите повеќе се иритираат повеќе се инфицираат, може трепките да паднат, капакот да отече, да се појави првут на трепките, и чувство на горење наутро пред да се отворат капаците, тогаш треба со топли облози и нежна масажа и хигиена на раце и нормално за на крај МОРА антибиотик капки за око поради бактериската инфекција (не си дојдена на фаза за орален и да знаеш од група на тетрациклини или макролиди - azithromycin)

1564863063375.png 1564863199986.png 1564863128277.png

како антибиотик капки Citeral и маст Tobrex би било пожелно ако те мрзи да го посетиш офталмологот!
... што си чекала месец дена? да ја закачиш на сите делови на окото инфекцијата?
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
Прегледај го приврзокот 214155 Прегледај го приврзокот 214156

... највероватно инфекцијата си ја закачила во болница во прв ред со нехигиена на рацете и допир на очите си закачила blepharitis- воспаление на очните капаци!
... не верувам дека применуваш некоја „стара“ шминка која ете те инфицирала!
ама искрено на офталмологија секој втор пациент ја имаат инфекцијата, па и персоналот кој не внимава на хигиената!

Прегледај го приврзокот 214157

..блефаритисот е предизвикан од воспаление на масните жлезди кои се наоѓаат зад трепките, маслото од овие жлезди не може да тече како што треба и отворите остануваат „вклучени“и ако на време не се третира, жлездите повеќе се иритираат повеќе се инфицираат, може трепките да паднат, капакот да отече, да се појави првут на трепките, и чувство на горење наутро пред да се отворат капаците, тогаш треба со топли облози и нежна масажа и хигиена на раце и нормално за на крај МОРА антибиотик капки за око поради бактериската инфекција (не си дојдена на фаза за орален и да знаеш од група на тетрациклини- azithromycin)

Прегледај го приврзокот 214160 Прегледај го приврзокот 214162Прегледај го приврзокот 214161

како антибиотик капки Citeral и маст Tobrex би било пожелно ако те мрзи да го посетиш офталмологот!
... што си чекала месец дена? да ја закачиш на сите делови на окото инфекцијата?
Ти благодарам многу..па нели бев на одмор, но ете во пнеделник одам одма на очно:backa:
 
Член од
20 август 2018
Мислења
170
Поени од реакции
299
@bijons
Мене пред некое време, пошто си имав проблем со столицата ми ги препорачаа капсуливе:
Денес сестра ми има таков проблем, па и ги кажав пошто стварно вршат работа.
Таа се консултирала со нејзината матична и истата и кажала дека капсулите единствено се препишуваат во потешки случаи, т.е на лица со малигни заболувања на цревата?!
Јас за 6 месеци имам 2 шишенца консумирано. Прашањето ми е: Дали и колку се штетни и дали му имам направено некаква штета на самиот организам?
Фала од напред. :oops:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.536
Поени од реакции
34.688
@bijonsМене пред некое време, пошто си имав проблем со столицата ми ги препорачаа капсуливе Денес сестра ми има таков проблем, па и ги кажав пошто стварно вршат работа.Таа се консултирала со нејзината матична и истата и кажала дека капсулите единствено се препишуваат во потешки случаи, т.е на лица со малигни заболувања на цревата?!Јас за 6 месеци имам 2 шишенца консумирано. Прашањето ми е: Дали и колку се штетни и дали му имам направено некаква штета на самиот организам?
Фала од напред. :oops:
1565019583084.png 1565019718237.png

... loperamide, е еден од најстарите и најдобрите антидијареични лекови кои делуваат брзо ЛОКАЛНО на ѕидот на цревата и секое домаќинство препорачливо е да си го има дома, оти истиот не оди на позитивна листа и не мора „да се моли“ матичниот да го препише!

1565018947785.png 1565018816828.png

... најчесто се применува кога имаме премногу чести течни столици во краток период мислам во еден ден и тој се зема да се прекине толкава вода и електролити да се губат во таков краток период што може да ни направи други здравствени проблеми во дехидратација на организмот!
...што сакам да кажам, не треба селдиарот да се зема веднаш ако се има една или две полумеки до течни столици, затоа што ако имаме интоксикација со храна од бактериско потекло телото со право ТРЕБА да го исфрли преку пролив, а не ние со селдиар да го „задржиме отровот“ во нашите црева!
...ама АКО имаме голема нужда со течни столици 4,5 пати во краток временски период и има опасност од губење на електролити и вода, значи веќе сме „го исчистиле“ цревото од непотребната расипана храна, а сепак имаме пролив ТОЈ пролив е само поради иритација на цревото нема веќе содржина во него и се исфрлува само слуз, вода и потребните електролити... ееееее, ТОГАШ земаме Седиар кој буквално го „кочи“ иритабилниот ѕид на цревото и нема веќе таа цревна перисталтика- движење што тера да се исфрли веќе вода од цревата...
...кога знаеме како делува, ќе знаеме и во кои случаеви треба да го примениме,
а тоа коментарот, цитирам ..,, матична и истата и кажала дека капсулите единствено се препишуваат во потешки случаи, т.е на лица со малигни заболувања на цревата?..,,

1565018992076.png 1565019024794.png

кој малигнитет имаат децата кои можат да го применат Селдиар во вид на раствор од свои 4 години па натака при нагли чести дијареи и нема време со електролити орално да се дополни телото од изгубената течна маса?

1565019520735.png

...инаку за 6 месеци нема потреба две кутии да потрошиш, секој пролив не е ист, па и да излезеш 2,3 пати течно... препорачливо е ако е од „загадена“ храна, бактериски загадена храна едноставно имај пролив нека излезе отровот евентуално со една капсула или две Линекс или ако е некоја погрешна мешавина на истовремено јадење на различни продукти кои не се трпат!
... зошто, така? затоа што ќе ги направиш „мрзливи“ цревата нема да има движење- перисталтика па потоа ќе имаш голем проблем со запек, тврда столица и ред други ситуации кога „цревата не работаат“...
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2019
Мислења
39
Поени од реакции
2
Zdravo decki sakam da prasam za nekoj sovet veke 3 meseci sw macam so ova pobudalsv se pocna koga vo dva meseci ispiv dva antibiotika poradi zabite i pose pocna da me maci zeludnikot i bolki vo grbot ince treniram bev na ortopet mi dade vezbi ali ne biva bev na lekar krv ok se bese sega koga se pretiska vo toj del imam strasna tapa bolka veke 3 meseci sega sum vo mk neznam dali da odam na lekar odam ali nisto vo de stom vidat deka neman nisto na krv ne pravat nisto nekoj sovet pomos nesto da mi dadete fala vi.. isto taka imam pieno pantoprazole ali nisto
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Здраво. Блиска личност одвреме навреме плука крв и тоа после пиење премногу алкохол. На лекар не сака ни да чуе да оди. Па ме интересира дали некој имал вакво искуство и дали има некаква врска со алкохолот или сепак е можно да има непшто повеќе?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Здраво. Блиска личност одвреме навреме плука крв и тоа после пиење премногу алкохол. На лекар не сака ни да чуе да оди. Па ме интересира дали некој имал вакво искуство и дали има некаква врска со алкохолот или сепак е можно да има непшто повеќе?
Треба да е среќен ако е гастритис и комотно нека не оди на лекар ама барем нека ви остави слика да знаете што да ставите на споменик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom