Дежурна Ординација! #2

K

Kacar

Гостин
Цел ден сум омалаксан, се чувствувам како да носам товар камења на врат и на глава, ме втресува и ме боцка по цело тело. Пиев парацетамол, пиев витамин Ц, пијам чајеви, се измачкав со ракија сега ме тресе сега ќе се туширам..... не сум си дома а отворена аптека сега нема како и доктор во близина, а хипохондријата почнува да ме надвладеува.... ПОМОШ.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.133
Поени од реакции
15.973
Си земав наочари пред 4 дена и оттогаш си ги носам редовно, али проблемот ми е што работите не ги гледам најјасно што може. Значи и буквиве ги гледам сега, али малце ми се матни. Претходно носев леќи, али веќе не планирам да носам, иако со нив се гледа каде-каде почисто, значи веќе 5-6 години немав носено наочари, туку само бев на леќи. Знам дека е потребно време да ги навикнам, али врска неам дали е само тоа проблемот (дека со тек на време ќе се стабилизира) или докторкава ми го има утнато диоптерот.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Не е утнат диоптерот, јас имав исти проблем кога ги сменив наочарите, ти треба 5-6 дена да се навикне окото, јас сменив стакла и рамка, диоптерот си остана ист, а имав таков проблем. Малку е тешко при читање, некои работи ги гледаш ептен чисто, а нешто како замаглено и се заморува окото, но како што пишав за некој ден ќе се стабилизира се, само носи ги нон стоп додека се навикне окото.
 
Да, ги носам редовно, првите два дена и многу глава ме болеше, дека ми беше голема промена, ипак од леќи на наочари нели, сега тоа престана, али ми стана чудно за ова што ми се матни некои работи. Фала многу на одговоров. (y)
 
Член од
3 октомври 2013
Мислења
30
Поени од реакции
9
Денеска ми е веќе 36ти ден. Значи ми доцни. Менував градови 3-4 пати во ноември и декември, нозете секогаш ми се мраз. Не ме загрижува толку тоа. Туку вчера ме болеше стомакот и мислев дека во секој момент ќе добијам. Но од синоќа, само при поголем напон, излегува како некои црвенишкави линии, некогаш пак нема ништо, Еве вака ми е втор ден :( Ве молам за некој совет, дали ви се има случено вака да не може да протече повеќе?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Цел ден сум омалаксан, се чувствувам како да носам товар камења на врат и на глава, ме втресува и ме боцка по цело тело. Пиев парацетамол, пиев витамин Ц, пијам чајеви, се измачкав со ракија сега ме тресе сега ќе се туширам..... не сум си дома а отворена аптека сега нема како и доктор во близина, а хипохондријата почнува да ме надвладеува.... ПОМОШ.
Веројтно вироза, си направил што треба, течностите(секогаш топли)да се оклу 3л на ден.
 
Член од
25 септември 2014
Мислења
264
Поени од реакции
394
Цел ден сум омалаксан, се чувствувам како да носам товар камења на врат и на глава, ме втресува и ме боцка по цело тело. Пиев парацетамол, пиев витамин Ц, пијам чајеви, се измачкав со ракија сега ме тресе сега ќе се туширам..... не сум си дома а отворена аптека сега нема како и доктор во близина, а хипохондријата почнува да ме надвладеува.... ПОМОШ.
Edna lazicka soda bikarbona rastvori ja vo casa voda.Nekolku pati na den.Sodata alkalizira,a vo alkalen organizam virusot ne moze da zivee.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.133
Поени од реакции
15.973
Денеска ми е веќе 36ти ден. Значи ми доцни. Менував градови 3-4 пати во ноември и декември, нозете секогаш ми се мраз. Не ме загрижува толку тоа. Туку вчера ме болеше стомакот и мислев дека во секој момент ќе добијам. Но од синоќа, само при поголем напон, излегува како некои црвенишкави линии, некогаш пак нема ништо, Еве вака ми е втор ден :( Ве молам за некој совет, дали ви се има случено вака да не може да протече повеќе?
Ти доцни поради тоа што си менувала средина, значи нормално е.
За другово, мене баш претходниот месец ми се случи нешто слично. Вечерта капна една минимална капка, стомак исто боли, и нормално чекаш река нели. Али другиот ден ништо. Дури наредниот ден од попладнето, значи после цели два дена почна нормално да тече. Јас исто се зачудив, али бидејќи се си беше некако нормално после тоа, не обрнав некое внимание. Се случувало ако не се движам нешто посебно, после тоа првото да почека некој саат, али неколку дена, не. Али не мислам дека е некој проблем ...
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Edna lazicka soda bikarbona rastvori ja vo casa voda.Nekolku pati na den.Sodata alkalizira,a vo alkalen organizam virusot ne moze da zivee.
o_O Од кои длабочини на универзумската метафизика дојде до овој заклучок?
 
Член од
25 септември 2014
Мислења
264
Поени од реакции
394
o_O Од кои длабочини на универзумската метафизика дојде до овој заклучок?
Многу просто и едноставно.Направи тест со лакмусова хартија.Знаеш како?
Пред и после употреба на сода.Ќе ја видиш разликата. :)
 
Член од
3 октомври 2013
Мислења
30
Поени од реакции
9
Ти доцни поради тоа што си менувала средина, значи нормално е.
За другово, мене баш претходниот месец ми се случи нешто слично. Вечерта капна една минимална капка, стомак исто боли, и нормално чекаш река нели. Али другиот ден ништо. Дури наредниот ден од попладнето, значи после цели два дена почна нормално да тече. Јас исто се зачудив, али бидејќи се си беше некако нормално после тоа, не обрнав некое внимание. Се случувало ако не се движам нешто посебно, после тоа првото да почека некој саат, али неколку дена, не. Али не мислам дека е некој проблем ...
Да, овие два месеци некако сум ептен слаба со движење, па и тоа си го ставив како можна причина. Фала ти, ми олесна малце вака :D
 
Член од
17 декември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
Здраво друштво имам еден проблем, веќе 3-4 дена имам нагони да одам во вц а не ми се оди, нешто слично како уринарна инфекција, ама кај мене не стану збор за мала нужда туку за голема, синоќа имав толку големи нагони што крв ми потече, пиев увин чај и малку се смири, дали некој знае некој друг лек или некој совет, нз од што би можело да биде од исхрана или од настинка?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Многу просто и едноставно.Направи тест со лакмусова хартија.Знаеш како?
Пред и после употреба на сода.Ќе ја видиш разликата. :)
Употребата на сода бикарбона не оневозможува размножување на вируси, а тие теории за алкалност и киселост во тема бајки да се раскажуваат, не овде. :X3:
 
Член од
17 декември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
Stvarno loso... Probaj so dijastop mene mi pomaga pogotovo vo stresni situacii iako tie se za dijarea.

Sent from my ONE TOUCH 4033X using Tapatalk
https://www.facebook.com/luxintegra.mk Здраво, јас имав слична ситуација, која е исто толку долга колку и твојата, па да не пишувам, класичната медицина неможеше да ми помогне се пробав, па би ти препорачал да се обидеш тука https://www.facebook.com/luxintegra.mk , мене ми помогнаа многу, само прати му во порака и ќе ти одговорат дали можат да ти помогнат или не, поздрав и со среќа.[DOUBLEPOST=1418874881][/DOUBLEPOST]
Здраво на сите, целава моја ситуација започна пред од прилика 5-6 години, и се влошуваше од ден за ден, имено се работи за еден доста незгоден проблем, често пати во денот јас морам да одам во тоалет по голема нужда, не бира ни време ни место, едноставно морам да одам, се случува во стресни ситуации најчесто, или доколку премногу се изнервирам, а се нервирам многу често, од причина што проблемов не ми дава мир, ми го нарушува нормалниот начин на живот, не можам веќе да функционирам нормално и ме фрла во некоја глупава депресија, се си мислам дека ќе ме следи цел живот. Направив скоро секаков вид на анализи, да се исклучи можноста дека е нешто органско, вклучувајќи крвни анализи, анализи на изметот, на урината, и имам направено колоноскопија, со која да напоменам дека не можев да издржам да ја направат до крај, почнаа солзи да ми течат од болка, значи ете толку ми се згрчени и преплетени цревата. Излезе дека органски е прилично се во ред, иако не верувам многу многу на резултатите, не можам повторно да минувам низ сето тоа, поготово со колоноскопијата. Дојдоа лекариве до дијагноза дека имам нервозно дебело црево IBS синдром, ми препишаа некои два лека, не се сеќавам точно кои беа, но знам дека воопшто не ми помогнаа. Читајќи по интернет, малку се разочарав кога видов дека за оваа ситуација нема некој конкретен лек, останува само психичко лекување и некоја поддршка од блиските. По моја желба и препорака на матичната, почнав да посетувам психијатар, кој од прв ден ми препиша хелекс од 0,25, на втората контрола по неполн месец, хелекс од 0.5 и некои си антидепресиви коишто брзо престанав да ги пијам, па останав само на хелекс од 0.5 некои си 3 месеци од прилика, Меѓутоа, јас не осетив никакво подобрување од тие лекарства, освен што драматично ми се влоши ситуацијата, почна да ми се врти, да губам рамнотежа, да не можам на ништо да се фокусирам, па ги баталив хелексот. Повторно отидов кај психијатарот, кажав што е како е, па ми препиша Ансилан од од 5мг, трипати на ден. Ок, ајде почнав да ги пијам и тие, па може да се рече дека имаше некое мало подобрување, но навистина занемарливо, исто како да го нема, па решив да ги баталам полека и нив, намалував по малку и ги оставив целосно на некои две недели. Откако ги оставив тие и почнав само со Б6, почнав да се тресам како џанки некој кога не примил доза, а во меѓувреме додека не ги пиев, проблемот со цревата си остана, всушност, тој си е цело време присутен. Пак почнав малку по малку да ги пијам, по едно две на ден, да се повратам во некоја си нормала, и сега не знам како да ги откачам, ајде што ме притиска еден проблем со цревата, па уште и ми треба да се навлечам на некои лекови безвезе. Веќе две недели не одам на работа, наутро не можам да се стабилизирам, по саат време сум во тоалет и после немам воља ни за живот што се вика, а камоли за работа, очекувам секој момент да ми кажат не доаѓај веќе. Искрено ве молам, дали некој некогаш се соочил или имал непосредно сознание за овој проблем, да ми понуди било каков совет, се е добредојдено. Благодарам однапред и се извинувам за реферативе.

Здраво, јас имав слична ситуација, која е исто толку долга колку и твојата, па да не пишувам, класичната медицина неможеше да ми помогне се пробав, па би ти препорачал да се обидеш тука https://www.facebook.com/luxintegra.mk , мене ми помогнаа многу, само прати му во порака и ќе ти одговорат дали можат да ти помогнат или не, поздрав и со среќа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom