Јас пак да помрчам малку...
Велат, еве, растат девизните резерви...ОК, нека растат...и со тоа, велат, излегуваме од кризата...која криза?!
Модерно е сега, нели, економска криза, светот оди у ПМ, па ај и ние...видела жабата го потковуваат коњот, па и таа кренала ногата...
Како што еднаш реков, многу од дискутантите тука спомнуваат различни години, демек, јаки години на македонската економија, па сега одеднаш паѓаме...
Ај да гледаме од аспект на обичниот граѓанин:
1. Невработеноста константно расте! Дури и во оние „годините“. Никако да падне. Рака на срце, мислам дека реалната невработеност е многу помала од оние 30 и кусур посто, но сепак е премногу.
2. Платите растат, не само оние во администрацијата (зборам за години назад). Ама, растат и трошоците на живот. Така да, оние 6000 пред 7-8 години, денес се исти со оние 12000 некаква плата...најпросто, ако чувате сметки од струја вода и сл. пред години, споредете ги со денешните и ќе видите.
3. Велат, девизните резерви биле повисоки, сега се пониски...и? Ништо...се си е исто за граѓанинот...
Затоа, криза кај нас нема, ама од онаа модерната...ние веќе дваесет години сме во состојба на криза, од која, за жал, не го гледам излезот, а народот веќе се научи да живее со неа, и доста би било чудно да излеземе од неа...не е навикната народот да живее, навикнат е да преживува...
И, логично, си го поставувам прашањето: Дали има волја и желба народов за излез од кризава, и желба за живот наместо преживување, додека политичкиве елити го мафтаат наваму-натаму.