Двојно намалени трошоците за водење бизнис

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Нет прес:

Владата донела одлука за намалување на услугите Катастарот, Централниот Регистар и на Државниот завод за индустриска сопственост. Намалени и укинати се и значителен дел од надоместоците на Царинската управа. Како што соопшти денеска заменик премиерот Зоран Ставревски, примената на намалените надоместоци започнува веднаш.

Во Катастарот како што беше најавено во јули намелени се надоместоците за сите услуги за 50 отсто.

“Со тоа не само што поевтинуваат услугите за граѓаните и претпријатијата, туку и очекуваме да се зголеми обемот на користење и подобрување на услугите кај Катастарот“, рече Ставревски.

За запишување на хипотека граѓаните досега плаќаа од 500 до 2.800 денари, во зависност од висината на хипотеката, а отсега ќе се наплаќа од 250 до 1.400 денари.
За добивање имотен и поседовен лист беа потребни 250 денари, а сега истите ќе чинат само 125 денари, додека уверението за движење на имот од 800 денари се намалува на 400 денари, а за копијата од катастарски план наместо 350 ќе биде 175 денари.


Во Централниот Регистар цените на услугите се намалени за половина.на Претходно за издавање на бонитет се плаќаше 3.500 а отсега 1.750 денари.
Издавањето на скратени искази од годишни сметки сега е 254 денари, регистрација на трговец поединец чинеше 3.900 а отсега 1.952, додека бришење на субјект од 900 се намалува на 450 денари.

Во делот на Царината целосно се укинуваат надоместоци кои бизнисмените ги чинеа околу 4000 евра за различни видови царински процедури.
Надоместоците за регистрирање на правата од индустриска сопственост и трошоците за давање услуги на Заводот за индустриска сопственост ги намали цените за половина.
Сега за издавање на исправа за признат патент ќе се плаќаат 1.000 денари наместо досегашните 2.000, за извод од регистрите во Заводот од 300 до 1.400 денари на 150-700 денари, полагањето на стручен испит на лица кои ќе бидат застапници во постапка на заштита на правата од индустриска сопственост 6.250 денари наместо досегашните 200 евра.

“Ова се само првични резултати. Гилотината не застанува тука. Продолжуваме со имплементација на другите мерки за намалување на надоместоци и документација, скратување на рокови, воведување на материјална одговорност на државните службеници за непостапување по предмети, воведување на правилото „Молчењето значи одобрување“, рече Ставревсли и додаде дека намалувањето на цените на услугите ќе резултира со зголемен интерес за овие институции.
_________________________________________________________________

А1 ТЕЛЕВИЗИЈА:
06.10.2007

Владата се пофали дека двојно ги намалела трошоците за Катастарот, Централниот регистар и Државниот завод за индустриска сопственост. Поевтинуваат надоместоците и кај царинската управа.

намалувањето ќе се компензирало со внатрешните заштеди на овие институции.

„Владата на последната седница ги усвои намалените тарифници на Катастарот, Централниот регистар и Државниот завод за индустриска сопственост, со коишто заедно со намалувањата кои се направени во делот на надоместоците на Царинската управа имаме драстично редуцирање на трошоците за добивање на одредени уверенија, имотни листови, коишто се во надлежност на овие институции“, изјави Зоран Ставревски, вицепремиер за економски прашања.

„Кај Катастарот ги намаливме надоместоците за сите услуги и тоа за 50%, во делот на Царинската управа на административните такси, укинати се надоместоци кои бизнисмените ги чинеа околу 4.000 евра за различни видови на царински процедури“, додаде Ставревски.
 
Член од
8 мај 2007
Мислења
250
Поени од реакции
1
Затоа добивме повисоки сметки за данок, башка што треба да платиш исто и за стан стар 2 и 20 години !?!?!?!
Затоа добивме данок за води и разни ситници (прашај ги фирмите)!!!
Затоа геометрите ги избркаа од катастар па сега работат приватно и наплакаат поголеми суми за премер!!!
Епа да ги намалија давачките. Фала им!!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom