Двојно државјанство? За или против?

Двојно државјанство?

  • Вкупно гласачи
    102
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.012
Не разбирам како Полска не дозволува кога јас имам и Полско и Македонско. Познавам и еден куп луѓе кои ги поседуваат и двете и не сум чула никој да има некакви проблеми.
Знам дека порано Југославија бараше да се откажеш од државјанството ако сакаш да имаш Југословенско државјанство додуша.

Патем, јас сум ЗА. Има многу благодети во тоа да си член во ЕУ, да си државјанин на држава која е помоќна.
Во најмала рака се осеќам сигурно кога слушам на вести како нашите политичари ја осакатуваат нашата држава и знам дека имам избор.
Не верувам дека луѓето со само Македонско државјанство се чувствуваат исто.
Да е до мене - ја би аплицирала и за некое трето. Секогаш е добро да се иза избор. :)

Исто така, не се чувствувам помалку Македонка со тоа што поседувам друго државјанство, си ја сакам Македонија.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

.
Полското го имаш по потекло или по основа на аплицирање за државјанство со живеење подолг период?
 
R

Randy

Гостин
Тој колку што се сеќавам, не ја ниту напушти државата. Можно е да се лажам за ова...
Не се лажиш не ја напушти. Тој цело време тврди дека е невин и беше уверен дека ќе го добие процесот.
Инаку и не е така лошо во тие зандани, тоа ти доаѓа нешто како во студентски дом кај нас. Башка од цимерите сигурно има респект за таков подвиг.
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Не разбирам како Полска не дозволува кога јас имам и Полско и Македонско. Познавам и еден куп луѓе кои ги поседуваат и двете и не сум чула никој да има некакви проблеми.
Знам дека порано Југославија бараше да се откажеш од државјанството ако сакаш да имаш Југословенско државјанство додуша.

Патем, јас сум ЗА. Има многу благодети во тоа да си член во ЕУ, да си државјанин на држава која е помоќна.
Во најмала рака се осеќам сигурно кога слушам на вести како нашите политичари ја осакатуваат нашата држава и знам дека имам избор.
Не верувам дека луѓето со само Македонско државјанство се чувствуваат исто.
Да е до мене - ја би аплицирала и за некое трето. Секогаш е добро да се иза избор. :)

Исто така, не се чувствувам помалку Македонка со тоа што поседувам друго државјанство, си ја сакам Македонија.
И ќе си имаш повеќе понуди за брак од мушкарциве:D Мала шала:icon_lol:
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347
За.
Ги оставам политичките и идеолошки причини туку гледам од аспект на човекот. Значи ако некој Македонец е роден во друга држава и пример зема автоматски државјанство (САД) но има Македонско потекло и се гледа како Македонец, не гледам причина оти да нема двата. Плус има држави како САД каде што не е можно да се одкажеш од државјанството и не би било фер да не им се даде второ од „својата“ земја. Плус пасошот не значи де факто што си, најдобар пример Албанците во Македонија. По националност пак се Албанци но Македонски државјани. Една држава треба да има интерес да ги интегрира вредните делови од доселениците и давајне државјанство е многу важен фактор. Ти овозможува да придонесеш, ти дава повеќе права, имаш право да учествуваш на избори баш во таа земја каде што се наоѓаш. Дека во Македонија голем дел од едно малцинство не се интегрира е личен проблем на Македонија ама немора да биде така и во други држави. Следно: Како државјанин од јака земја си заштитен. Немам споредби но пример да ти се деси нешто на одмор во некоја земја, сигурно „јаката“ држава ќе ти пружи повеќе можност него „слабата“. Тој проблем со криминалот постој, но ја би рекол дека 99,хх% од луѓето не ги бараат двојните државјанства за да прават матни работи и секако тоа се решава со меѓудржавни договори. Се на се, за поединецот има многу големи предности.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.637
Ете, како што посочуваш некои дозволуваат/забрануваат од практични причини. Тука лежи моментот, преку пример да се објасни која би била легитимната причина да се забрани/дозволи? Секој со своето искуство, пример или прочитан извор некаде.
За ова, најдобар пример би била различната политика на Британија и Германија. Првите дозволуваат двојно државјанство, примарно затоа што нивната економија има потреба од ефтина работна сила што доаѓа од надвор и истата ја обезбедуваат во најголем дел од Индија, Пакистан и други азиски држави. Луѓе со сосема различна култура, обичаи, традиција, вера и немаат никаква корист ниту желба да ги асимилираат. Затоа им го дозволуваат британското државјанство покрај нивното прво. Едноставно, не сакаат потомците на тие луѓе да заборават од каде потекнуваат, ниту да се измешаат во групата. Не мора ниту да научат англиски. Само да прифаќаат да работат за минимум. Ако направат грешка, Home Office има право да им го одземе државјанството и да ги депортира.

Од друга страна, Германците имаат доселеници од Балкан, источна Европа и Турција (надвор од посиромашните земји на ЕУ, за нив е дозволено двојно државјанство). Сем Турците, сите други се прифатливи за нив. Нивната економија, за разлика од британската, има потреба од квалификуван кадар. Дури ги охрабруваат побрзо да научат германски, да најдат работа во струка, да се адаптираат во средината. И со одземањето на државјанството сакаат да ги германизираат. Децата на доселениците со германско државјанство веќе ја забораваат матичната земја на нивните родители.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
По потекло.
Кога има човек потекло од одредена држава, тука е веќе малку подруг муабетот. Имаш два вида државјанства: едното по потекло (крвна врска), другото по раѓање на определена теорија. Првиот вид е покарактеристичен за Европа, вториот покарактеристичен за Америка. Нејсе, друг е муабетот. Во вакви случаи, ти имаш потекло, што значи и ти следува државјанство. (Државите различно регулираат, ама во Европа, најчесто потеклото ти е карта за државјанство)
Друго е сега јас на пример, да отидам во Полска, без никаква врска со Полска, да живеам таму и да аплицирам за државјанство. Ќе може да го добијам, но најверојатно ќе морам да се откажам од македонското државјанство.
 
Имаш и трет вид: Се доселуваш, учиш јазик, работиш, се интегрираш и после одреден рок на живеејне во таа држава аплицираш за државјанство.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Имаш и трет вид: Се доселуваш, учиш јазик, работиш, се интегрираш и после одреден рок на живеејне во таа држава аплицираш за државјанство.
Тоа е натурализација. :icon_mrgr:
 
P

Princ

Гостин
Ете Данска не дозволува двојно државјанство.
Германија, Италија, Франција... дозволуваат.
Ама не, ние мораме да правиме проблем кадешто во суштина нема проблем :))))
Како што го решиле Германците, Италијанците, Французите... проблемот со криминалци што зимаат друго државјанство, така и ние би можеле.
Инаку, поддржувам.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не разбирам како Полска не дозволува кога јас имам и Полско и Македонско. Познавам и еден куп луѓе кои ги поседуваат и двете и не сум чула никој да има некакви проблеми.
Знам дека порано Југославија бараше да се откажеш од државјанството ако сакаш да имаш Југословенско државјанство додуша.

Патем, јас сум ЗА. Има многу благодети во тоа да си член во ЕУ, да си државјанин на држава која е помоќна.
Во најмала рака се осеќам сигурно кога слушам на вести како нашите политичари ја осакатуваат нашата држава и знам дека имам избор.
Не верувам дека луѓето со само Македонско државјанство се чувствуваат исто.
Да е до мене - ја би аплицирала и за некое трето. Секогаш е добро да се иза избор. :)

Исто така, не се чувствувам помалку Македонка со тоа што поседувам друго државјанство, си ја сакам Македонија.
Потпис :cuc:
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
За зошто секогаш ќе имаш избор можеш да останеш во оваа никаква земја или да си ја пробаш среќата во некоја нормална земја. :coffee:
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.166
И јас не сум против за тоа да имаш двојно државјанство од искуство знам дека е многу подобро со две одколку само со едно, и имаш исто така многу предности ако не во едната земја тогаш во другата, и не гледам ништо страшно овде и не ометаш на никому ;)
--- надополнето: 5 декември 2012 во 16:15 ---
За зошто секогаш ќе имаш избор можеш да останеш во оваа никаква земја или да си ја пробаш среќата во некоја нормална земја. :coffee:
Убаво кажано
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И јас не сум против за тоа да имаш двојно државјанство од искуство знам дека е многу подобро со две одколку само со едно, и имаш исто така многу предности ако не во едната земја тогаш во другата, и не гледам ништо страшно овде и не ометаш на никому ;)
--- надополнето: 5 декември 2012 во 16:15 ---

Убаво кажано
Да де да, можеш и да бегаш од одговорностите исто, зависи од тоа кои одговорности помалку ти се свиѓаат.

ОК кој сака нека има двојно државјанство, ама ме нервираат луѓето што ги користат само предностите и правата, а кога ќе дојде до одговорноста, ама не, јас сум државјанин на друга држава.
Или почитувај ги законите и правилата на двете држави или имај само едно државјанство.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom