и покрај тоа што звучи нехумано/неродителски, сепак "оставањето" на бебето во овој случај може да резултира позитивно за самото бебенце. Доколку не се откажеа, државата немаше ни со малото прсте да мрдне за да им помогне, а не знам конкретно во каква состојба се луѓето, но што доколку се ептен во ниска финансиска состојба (да немаат ни што под хипотека да дадат), немаше никој од нас да дознаеме за случајот, они можеби ќе просеа од куќа на куќа, можеби ќе се организирало хуманитарни линии со цел да им се помогне, но собирањето на донации не е баш баш така лесно - А Посебно не за период од 2-3 месеци... Така да доколку не се откажеа од бебево најголем ќе беше случајот да бебето почине. А вака со оставање, сеа медиумски ќе се пофалат на телевизија дека државата му помогнала (ќе си соберат поенчиња), да се надеваме дека ќе се спаси бебето, и ОП ќе живее (што е доста позитивен исход), но пак ќе наведам, доколку не се откажеа колкави ли ќе беа шансите за да преживее бебето?
Знаете, некои децата ги ставаат во дом за сираци или ги даруваат на други родители затоа што се свесни дека самите они не можат да им ги овозможат условите кои што се потребни за развој на едно бебе-дете. Така да некогаш одкажувањето од бебето/детето не е негативна дејност, туку со тој чин они одкинуваат парче од својата душа, со надеж дека нивното бебе ќе може да има подобар живот покрај други луѓе...
Ова кажувам општо, односно не мора секој чин одма од прва рака да се осудува. Можеби родителите се стварно ѓубриња и не ги интересира воопшто за бебето. Но можеби од друга страна се од оние родители како што ги наведов во вториот пасус од постов... Така да...