Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски:
Како беше она… Југославија не чинеше, оти Тито земал кредити, па сите купувале станови на кредит, коли на кредит, оделе на одмори на кредит. Сè на кредит…
Многу било лошо, признавам.
Денес земаш кредит, не за да купиш стан или кола, или да одиш на одмор, туку за да поправиш заби, кредит за операција на срце или слепо црево, кредит за да го истераш месецот, кредит да можеш да јадеш тој месец. Затоа имаш брзи кредити, брзи пари… Се задолжуваш во трчање.
Кола повеќе не возиш, зашто треба да земеш кредит не само за да ја регистрираш, туку и за гориво.
Фамилијарно повеќе не одите на море, туку децата ги испраќате еден по еден. Оваа година ќе одиш ти, другата брат ти или сестра ти…. И така… Па деца се, треба да одат, ама не секое лето..
А државата, оваа напредната, европската, која ти ја водат бивши албански терористи и иредентисти, е исто задолжена во моментов колку што беше цела Југославија пред да се распадне. Освен тоа, оваа држава, нема залихи за храна и енергенси ниту за една недела, не создава вишок, нема фабрики, нема извоз, нема ништо. Само се задолжува одново и одново, а нема од каде да го враќа долгот. А бе што лупетам… А бе жито просиме од Србија. Примаме милостина, детски додаток.
Во Југославија, додека Тито беш жив, бугарски агенти провокатори не ви се шетаа по маало да лепат плакати дека треба да се осеќате како Бугари, ниту отвараа фашитички клубови на Ванче или Борис, ниту смееше некој од нив да писне кај нас дома било што против Македонците.
Не помислуваа да врбуваат бедници, да им нудат пасоши или можност децата да им студираат во Бугарија. Не ни можеа да ги купат. Тоа време југословенскиот пасош беше свето писмо за оној бугарскиот.
Многу лошо време беше тоа. Никакво. Дека имавме достоинство и тој Тито и тие макдеонски комунисти знаеа да го бранат и чуваат. И лошо беше што одевме како младинци каде сакаме со возот Атина Белград, кој од Скопје тргнуваше околу полноќ. ПА од Белград, сакаш во Сплит, Пореч, Пула или Дубровник. А можеш и до Трст, па оттука за Рим. Или одиш горе, кон Минхен Амстердам…. а бе кај сакаш. Со џепарлакот… Од кредитите на Тито, де! Пуштете ги сега децата да ве видам 15 дена на море во Пореч Дубровник или Хвар, ако немате ваша фабрика или ако не сте министер или член на парламентот. Мало сутра. Ма ни сутра ни прекосутра. Никад.
И уште раскажувајте бајки за прекрассниот европски свет на капитализмот и за црните времиња кога Тито се задолжувал.