Да се запре самоволието на ММИ и ЗАМП!

Член од
12 март 2009
Мислења
20.961
Поени од реакции
17.215
ова е крупна работа, вмешана е меѓународна авторска мафија, уметниците добиваат само трошки ... ми наликува со фудбалската мафија и обложувалниците... кога имаше јавен атак на брадестиот, дојде во Македонија лично Платими да го заштити... а ај да видам дали може нешто да направи кога германска полиција и суд ќе истражува и казнува ??
слично и со ова, по акцијата на владата за преиспитување на цените кој ги наплаќаат, веднаш станаа во одбрана сродните Зампови од соседните држави...
б.т.в., кога и како успеаја да ги Укинат Џу Боксовите ??
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Сојузот на Стопански комори на Македонија на седницата на управниот одбор донесе став со кој изразува поддршка на барањата на здружението на приватните медиуми на Македонија во однос на ЗАМП и ММИ.

Со целосна поддршка за членовите на Здружението на приватни медиуми во Македонија застана Сојузот на стопански комори на Македонија во однос на Здружението за заштита на авторски музички права и здружението Македонска музичка индустрија. Тие на последната седница на Управниот одбор донеле став со кој се бара одземање на постоечките лиценци на ЗАМП и ММИ, изјави Митко Алексов – извршен директор на Сојуз на стопански комори
Приватните медиуми побараа намалување на процентот што од електронските медиуми по основ на авторски права го собира ЗАМП и наплатата да се врши од нето средствата остварени од страна на медиумите, а не како досега од комплетниот приход на радиодифузерите. Исто така, Здружението на приватни медиуми во Македонија побара преиспитување на комплетното работење на ЗАМП, а од Министерството за култура да ја стопира работата на здружението Македонска Музичка Индустрија. Досега иницијативата за измени и дополнувања на Законот за авторското право и сродните права, ја поддржа и Туристичко-угостителската комора. Според нив, неприфатливо е нивните членови да плаќаат за авторските права на две здруженија истовремено.

Неофицијално дознаваме дека ваквиот став од страна на Сојузот на стопански комори бил пренесен и до премиерот Никола Груевски на вчерашниот деловен традиционален појадок организиран од страна на Сојузот.
 
Член од
24 мај 2013
Мислења
14
Поени од реакции
6
да замислиме дека ќе им ги одземат лиценците... има план за што потоа? или битката е одземи ги лиценците, нека се преселат авторите во друга држава и никој повеќе нема да твори во Македонија нормално пошто нема од каде да биде заштитен...Некако матна ми е оваа кампања и се ми оди на тоа дека ова се некои политички интереси кои имаат за цел превземање и контролирање на оваа област која во светот е најценета и е од најголема важност...Ако вака тргниме за одземање на лиценци и затворање на организации тогаш ќе треба да ја затвориме цела држава пошто сепак ништо не функционира совршено.... btw некако Орбис најгласна ми е за оваа работа немам сретнато по другите медиуми нешто слично :S
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.919
Поени од реакции
12.470
Дамнешната 2008. Фактури на домашни адреси, 150-300 евра.:confused:..легално...
Не плаќајте свадбен рекет на ЗАМП
Според досегашната практика, за да не пропадне свадбата, младоженците парите ги даваат во кеш, кога среде веселба претставници на Здружението доаѓаат за наплата. Но честопати младенците добиваат и фактура од ЗАМП на домашна адреса. Во еуфоријата кога се прави свадба и се плаќа за се и сешто, младенците од немај-каде ги плаќаат и овие пари.
.....
"ЗАМП работи како рекет служба. Имаше ситуација со Виенскиот бал кој се одржува во Скопје, кога претставници на ЗАМП дошле пред почетокот на церемонијата и не дозволувале да почне, се додека австриската амбасада не плати 80.000 денари за користење на авторски права. Организаторите му рекле на амбасадорот дека има некој човек што бара пари. На крајот се испазариле и наместо 80.000 денари, наплатиле 20.000 денари. Тоа е класичен рекет", тврди Виктор Грозданов, претседателот на АПЕМ.
...
Организаторот плаќа за авторските права", објаснува Васковски.
Со новата одлука на Уставниот суд, младенците или другите славеници, кога прават приватни веселби, не треба да му плаќаат надоместок за авторско право на Здружението за заштита на авторски музички права. Во Министерството за култура велат дека кога се прави свадба, крштавка, сунет или други свечености во ресторан, надоместокот кон ЗАМП треба да го платат музичарите или ресторанот каде што се прави веселбата. Во Министерството објаснуваат дека наплатата од младенците е спротивна на Законот, оти авторските права треба да ги плати тој што остварува приход од веселбата.
***
Хотелите не смеат на ЗАМП да му даваат податоци за младоженците
Хотелите и рестораните не смеат да им ги даваат личните податоци на лицата кои правеле свадба или друга приватна веселба на службите на ЗАМП, велат во Дирекцијата за заштита на лични податоци.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=qUQLKNDCv-8

Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението на приватни медиуми на Македонија ги продолжуваат консултациите за покренување на заедничка кампања преку која ќе ги информираат граѓаните дека не се должни да ги плаќаат фактурите од ЗАМП за пуштената музика на свадба или крштевка.
Со новата авантура наречена ММИ, освен медиумите, кафулињата, трошоци за изведената музика им се пресметуваат и на бурекџилниците, семкарниците, црквите, џамиите, фризерските салони, фабриките.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=inFb6VeesFM

И за вестите се бара надоместок wtf :confused:
Сопственикот на радиото „Канал 77“, Гаврилов, се прашува како некој може да пресметува авторски надоместок врз основа на вкупниот приход кога неговото радио емитува 40 отсто говорна програма, а 60 отсто музичка.

ЗАМП бара 1,2 милион евра од телевизии

Со други зборови класичен (прилично дебел) арач за Македонија. Ни јутуб видеа не смееме да лепиме овде оти ќе ни дојде фактура од замп/мми
 

dojcino

Pretty Girls from your city for night
Член од
25 септември 2011
Мислења
113
Поени од реакции
21
Поздрав до сите! Абе да не ја имате на некој сервер Нешо пиле нешо душо од Мишко Крстески... и каде можам да ја најдам, ама се убив од барање наваму натаму... Фала (м)ногу унапред! :)
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
ЗАМП преку нов тарифник собира милиони евра
04 декември 2013
Законската обврска за емитување 8 часа домашна музика неделно, ќе му донесе милиони евра на ЗАМП. Здружението за заштита на права на музичари , ќе наплаќа дури по 750 евра од пуштена песна. На годишно ниво секоја телевизија ќе му искешираат еден и пол милион евра на ЗАМП . И за радијата важи тарифникот , кој ќе го замолчи македонскиот етер.
Новите предложени цени на ЗАМП за плаќање на авторските музички дела согласно предлог тарифникот одново ги шокираа телевизиите. Милионски суми на пари ЗАМП планираат да соберат од телевизиите со новиот предлог тарифник. За една минута емитувана песна на национална телевизија, телевизиите на ЗАМП треба да платат 43 илјади денари или околу 700 евра. За емитување на песна од околу три минути на ЗАМП треба да се плати околу 2100 евра. Согласно обврската за емитување на 8 часа домашна музика неделно, вкупно на годишно ниво телевизиите со попуст треба да платат 1,7 милиони евра само на ЗАМП.

Со вакви цени покрај законската обврска за емитување на домашна музика, телевизиите ќе имаат дополнително финансиско оптоварување и со емитување на секој концерт или музичка програма. За секоја пуштена песна во етер дали домашна или странска ќе треба да се плаќа огромна сума на пари со вака предложениот тарифник на ЗАМП. Мирчевски апелира тука да не пресметуваат песните кои ќе се субвенционираат преку државниот буџет.

Како контра мерка, Канал 5 ќе стави мораториум на емитување во програма на сите лица кои учествувале во управните одбори на ЗАМП во било која форма, било како автори или изведувачи. За предлог тарифникот на ЗАМП и секое друго здружение последниот збор ќе ги има владата
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Наместо промоција на македонската музика, молк во етерот
Предлог тарифник на ЗАМП 8.12.2013 МРТ1
Наместо промоција на македонската музика, молк во етерот ќе донесе предложениот тарифник на ЗАМП -- коментираат од националните телевизии и радија. Според објавеното за емитувана три минутна песна ЗАМП бара да се плати околу 2.100 евра, а имајќи пред вид дека должност е да се емитуваат 8 часа неделно македонска музика се доаќа до фантастична сума од 1,7 милиони евра што секоја телевизија ќе треба да му ја кешира на замп на годишно ниво. со ваков тарифник коментираат за МТВ познавачите на приликите телевизиите ќе се откажат и од снимање на концерти од македонските изведувачи, бидејќи тоа за нив ќе претставува дополнително оптоварување. Токму дека со пари од граѓаните ќе се снимаат тие песни мрт го подржува овој став дека не треба за нив да се плаќа на здруженијата. Предлог тарифникот е објавен откако владата објави дека во следните 10 години ќе субвенционира по 200 песни од забавната и народната музика, а целиот проект ќе оди токму преку македонската радио телевизија. Последниот збор сепак го има владата. Таа треба да го ревидира предложениот тарифник на ЗАМП кој е со превисоки суми на пари за радиодифузерите.. приватните медиуми веќе најавуваат дека нема да емитуваат песни чиј автори учествувале во изготвувањето на тарифникот..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom