TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
А јас велам да си ебат мајката тоа Грчињата!Македонија мора да преземе конкретни чекори за да се елиминира употребата на пропаганда, вклучувајќи учебници, кои упатуваат на тоа дека голем дел од Грција е всушност македонски - изјави конгресменката од Демократската партија, Каролин Малони, поднесувајќи ја пред американскиот Претставнички дом новата резолуцијата за Македонија. Малони изрази надеж дека Македонија ќе ги почитува условите од привремената спогодба од 1995 година, со кој, според неа, се забранува употреба на вакви материјали. Во документот Македонија се повикува да избегнува активности со кои ќе се отежне постигнувањето на целта, поддржана од САД и Обединетите нации за постигнување општоприфатливо решение околу прашањето за употребата на името.
Македонските експерти оценуваат дека ова е уште една битка на грчкото лоби, кое ни се повторува пред американската администрација. Владата, пак, не сака да коментира „иницијативи поднесени во демократските држави”.
- Историските факти не можат да бидат пропаганда. Прво, Македонија била европска провинција на Отоманското царство, потоа со балканските и првата светска војна била поделена на неколку делови. Тоа е историја, не е великодржавна пропаганда - вели Слободан Чашуле, поранешен министер за надворешни работи. Според него, ова е доказ дека грчкото лоби активно работи и дека самите сме виновни што на овој план не успеваме ништо да направиме.
Според Димитар Мирчев, не треба да се дига паника околу ова. Станува збор за резолуција која нема обврзувачки карактер за надворешната политика на САД, но потенцира дека сепак ова е втор пат како ни се случува да заостануваме зад грчкото лоби.
-Документите не се обврзувачки за тврдата американска надворешна политика, но сепак сметам дека сега МНР и Владата треба да реагираат. Не сме успешни во нашата дипломатија и не сме организирани, тоа неколку пати го повторуваме, но за жал без успех - вели Мирчев.
Портпаролот на Владата, пак, вели дека политиката на САД кон Македонија во врска со името е неколку пати потврдена, но документите на законодавната власт на Америка не сака да ги коментира.
-Неколку пати од страна на Америка е потврдена нивната поддршката кон Македонија и во тоа не се сомневаме. Иницијативите во САД, како и во другите парламенти во демократските држави не ги коментираме - вели Ивица Боцевски, портпаролот Владата.
Инаку, конгресменката Малони, подносителот на ваквата иницијатива, е потпретседател и коосновач на конгресната група за пријателство меѓу САД и Грција, а резолуцијата ја поддржале и други конгресмени во САД.
Еве еден google tag: Greece - FUCK YOU!!!