Јас стигнав
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Денес бевме кај Јулијана. Се уште не можам да се смирам за да ги опишам впечатоците. Со еден збор, прекрасно се чуствувам.
Прво едвај се снајдовме со Ортаче по тоа тесните и темните улички. И кал имаше доста, колата ко на кајче да си, одеше лево-десно цело време
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Мајка и на Јулијана, тетка Виолета, не пречека надвор. Стара жена, беше очигледно дека е напатена. Се поздравивме и влеговме. Седнавме во ходник и почнавме муабет. Како сме, кои сме, од кај сме...
Скромни луѓе. 60 годишна пензионерка која работела во некое стовариште, со починат сопруг и ќерка во таа состојба.
Сакавме да ја видиме Јулијана, барем јас сакав, ама некако чекав совршен момент за да го побарам тоа, не сакав да ја вознемирувам ако не и е дојдено до гости.
По некоја минута откако седнавме, слушнавме глас од другата соба: Сакам да ве видам!
Убаво ми дојде на душата, се изненадив некако, па станавме и отидовме кај нејзе во соба. Се поздравивме и седнавме. Почнавме и со нејзе муабети, ја бодревме, ја храбревме да издржи, се е минливо, само мора да биде храбра и да издржи...
Ни спомнаа дека се премногу осамени а и видливо беше тоа. Јулијана неколку пати напомена дека сака да се дружи со нас.
Меѓу нивните најголеми грижи и потреби ни ги спомнаа декубитусот на Јулијана (не знам медицински да го објаснам тоа, ама ќе пробам со мои зборови па ако може некој подобро да го изведе тоа нека изволи: тоа се рани кои се појавуваат по телото од премногу често лежење/седење. Тешко е да се лечат бидејќи константно се повредуваат повторно и повторно, па единствен лек кој ми паѓа на ум е анатомски душек, Јулијана цело време лежи на обична фотеља, ама тој анатомски душек претпоставувам дека чини ѓаол и четврт), витамински апчиња кои помагале во отстранување на оваа болест (витамин B15) а ги нема кај нас, ги има само во Грција најблиску до нас, расипаниот телевизор, единствената нејзина занимација... Мајка и, бидејќи толку долг период кревала толкава тежина, беше и таа болна. Ни кажа дека требало да ја оперираат, ама тоа ќе значело дека нема да може повеќе да ја крева Јулијана, па затоа ја одолжува операцијата колку што ќе може.
И ги дадовме средствата, 9000 денари, кои ги собравме заедно. Тогаш ми стана многу непријатно и тажно бидејќи и двете заплакаа, посебно мајка и... Повторија дека парите не им менуваат многу, им треба здравје и дружба... Се поздравивме со Јулијана, ми ја бакна раката на излегување... И и ветив дека ќе ја посетиме пак наскоро ако е добра. А јас ветувања не кршам.
И така заврши овој ден...
Сакам да ве замолам сите кои сте во можност за капсулите Витамин Б15. Потребни им се две кутии, а по нивни зборови не чинат многу (дваесетина евра една кутија). Кој оди за Грција нека ги донесе некако, да и ги однесеме.
Се надевам наскоро повторно ќе ги посетиме и повторно ќе им помогнеме со тоа што можеме, колку што можеме. јас секако ќе ги посетам, дадов такво ветување.
Развивме една дискусија со Ортаче за тоа во кој аспект би им помогнале наредниот пат, ама малку да расчистам мислите па ќе ја пласираме или он нека го направи тоа.
Ви благодарам на сите што учествувавте во оваа акција и што помогнавте со вашите средства.
Најмалку што можам да направам за вас кои и помогнавте на Јулијана е да ве спомнам (по распоред на донирање). Суми нема да спомнам бидејќи е неблагодарно, поентата беше сите што можеме да помогнеме, немаше одредена сума. Вие сепак си знаете најдобро колку сте дале.
Божица, ти благодариме.
Мериџејн-појзн, ти благодариме.
Другарче мое, ти благодариме.
Bucio, ти благодариме.
Боби, ти благодариме.