Да и помогнеме на Јулијана!

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Од пошта пробуваше? Дека чудно е како тоа не сакале да ги примат парите :toe:
Вака се појавува ред кој што свети црвено на компјутер (како непотполнет) и оваа вработената беше збунета се консултираше со друга колешка и ништо не бидна. Инаку се беше точно само тоа правеше некои проблеми.Ме праша дали има некој дополнителен код што треба да се внеси или слично.Нема таква работа.
 
P

Princ

Гостин
Појма немам и јас... Види ако имаш во близина експозитура на прокредит банка... најдобро е директно во нивна експозитура.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Појма немам и јас... Види ако имаш во близина експозитура на прокредит банка... најдобро е директно во нивна експозитура.
Ај ќе побарам утре ама кај си ја нашол оваа банка.Барем да беше од поголемиве знам кај се.Треба да ја барам низ градов :icon_lol:.
 
P

Princ

Гостин
Абе овие работат според мене најбрзо и најлесно, нема толку многу заебанции.
Ако не, кажи ми за во кој град бараш експозитура, и ќе пробам дури и мапа да ти најдам
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Абе овие работат според мене најбрзо и најлесно, нема толку многу заебанции.
Ако не, кажи ми за во кој град бараш експозитура, и ќе пробам дури и мапа да ти најдам
Во ред е ќе се снајдам.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Може било проблем името на кој е отворена сметката. Јас погрешно имав внесено и корегираа во банка тоа. :toe:
 
P

Princ

Гостин
Одлично, примена е и донацијата на bucio. Фала друже :smir::smir:
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Se izvinuvam za kirilicava na tugj kompjuter sum. Princ, otvoreno e uste ili prateni se sredstvata? Ako ne, utre e nedela, bankite ne rabotat, kontaktiraj me preku telefon (Driton mi go ima brojot) ili po poraka te molam.
 
P

Princ

Гостин
Сметката е отворена и до вторник напладне ќе биде отворена (понеделник не се работи). Планираме да и ги однесеме на Јулијана во вторник попладне. Се надевам ќе успееш до вторник да донираш :smir:
 
P

Princ

Гостин
Јас стигнав :)
Денес бевме кај Јулијана. Се уште не можам да се смирам за да ги опишам впечатоците. Со еден збор, прекрасно се чуствувам.
Прво едвај се снајдовме со Ортаче по тоа тесните и темните улички. И кал имаше доста, колата ко на кајче да си, одеше лево-десно цело време :)
Мајка и на Јулијана, тетка Виолета, не пречека надвор. Стара жена, беше очигледно дека е напатена. Се поздравивме и влеговме. Седнавме во ходник и почнавме муабет. Како сме, кои сме, од кај сме...
Скромни луѓе. 60 годишна пензионерка која работела во некое стовариште, со починат сопруг и ќерка во таа состојба.
Сакавме да ја видиме Јулијана, барем јас сакав, ама некако чекав совршен момент за да го побарам тоа, не сакав да ја вознемирувам ако не и е дојдено до гости.
По некоја минута откако седнавме, слушнавме глас од другата соба: Сакам да ве видам!
Убаво ми дојде на душата, се изненадив некако, па станавме и отидовме кај нејзе во соба. Се поздравивме и седнавме. Почнавме и со нејзе муабети, ја бодревме, ја храбревме да издржи, се е минливо, само мора да биде храбра и да издржи...
Ни спомнаа дека се премногу осамени а и видливо беше тоа. Јулијана неколку пати напомена дека сака да се дружи со нас.
Меѓу нивните најголеми грижи и потреби ни ги спомнаа декубитусот на Јулијана (не знам медицински да го објаснам тоа, ама ќе пробам со мои зборови па ако може некој подобро да го изведе тоа нека изволи: тоа се рани кои се појавуваат по телото од премногу често лежење/седење. Тешко е да се лечат бидејќи константно се повредуваат повторно и повторно, па единствен лек кој ми паѓа на ум е анатомски душек, Јулијана цело време лежи на обична фотеља, ама тој анатомски душек претпоставувам дека чини ѓаол и четврт), витамински апчиња кои помагале во отстранување на оваа болест (витамин B15) а ги нема кај нас, ги има само во Грција најблиску до нас, расипаниот телевизор, единствената нејзина занимација... Мајка и, бидејќи толку долг период кревала толкава тежина, беше и таа болна. Ни кажа дека требало да ја оперираат, ама тоа ќе значело дека нема да може повеќе да ја крева Јулијана, па затоа ја одолжува операцијата колку што ќе може.
И ги дадовме средствата, 9000 денари, кои ги собравме заедно. Тогаш ми стана многу непријатно и тажно бидејќи и двете заплакаа, посебно мајка и... Повторија дека парите не им менуваат многу, им треба здравје и дружба... Се поздравивме со Јулијана, ми ја бакна раката на излегување... И и ветив дека ќе ја посетиме пак наскоро ако е добра. А јас ветувања не кршам.
И така заврши овој ден...

Сакам да ве замолам сите кои сте во можност за капсулите Витамин Б15. Потребни им се две кутии, а по нивни зборови не чинат многу (дваесетина евра една кутија). Кој оди за Грција нека ги донесе некако, да и ги однесеме.

Се надевам наскоро повторно ќе ги посетиме и повторно ќе им помогнеме со тоа што можеме, колку што можеме. јас секако ќе ги посетам, дадов такво ветување.
Развивме една дискусија со Ортаче за тоа во кој аспект би им помогнале наредниот пат, ама малку да расчистам мислите па ќе ја пласираме или он нека го направи тоа.

Ви благодарам на сите што учествувавте во оваа акција и што помогнавте со вашите средства.

Најмалку што можам да направам за вас кои и помогнавте на Јулијана е да ве спомнам (по распоред на донирање). Суми нема да спомнам бидејќи е неблагодарно, поентата беше сите што можеме да помогнеме, немаше одредена сума. Вие сепак си знаете најдобро колку сте дале.

Божица, ти благодариме.
Мериџејн-појзн, ти благодариме.
Другарче мое, ти благодариме.
Bucio, ти благодариме.
Боби, ти благодариме.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Немам зборови да ги опишам луѓето од твојот тип, Принц. Дури тешко е за верување колку си се посветил на ова, иако немаше голем фидбек и бројна поддршка, ти успеа.

Верувам дека на тоа семејство многу повеќе му значи вашата посета, дружба и морална поддршка, отколку 9те илјади, па сакам да сметате на мене за наредниот пат кога ќе ги посетите.

Браво и за сите кои донираа, ама мислам дека се покажа дека донирањето средства на сметка не е многу ефикасен начин зошто е малку покомплициран процес, а на луѓето и онака им е „тешко“ да помогнат.
Предлагам да смислиме уште подобар начин за да им помогнеме уште еднаш, знам дека пробавте со број на оператор и не успеавте да добиете, ама мора да пробаме пак.

Предлогот да помогне некој што ќе оди набрзо накај Грција и да ги купи лековите е одличен, се надевам некој ќе се нафати.

На акцијава и недостига поголема „промоција“, треба повеќе да рашириме, како тогаш со облеката.

Браво за све ова.
 
P

Princ

Гостин
Псај, комплициран процес е донирањето на средства на сметка, ама не и толку многу. Едноставно сите во околина имаме банка, еднаш во 10 дена (толку траеше акцијава) ќе поминеме покрај некоја, влегуваме и кажуваме број на сметка на која сакаме да ја ставиме донацијата и отидоа парите. Толку е комплициран процесот.
Другиот, полесниот начин на донирање од топлината на твојот дом беше комплициран за мене да се оствари. Т-мобајл бараше од мене здравствена документација на Јулијана (што ја немав... не ми е комшика цел живот, едноставно и случајно видов прилог на ТВ), да дадам барање, нивниот борд на директори да се состане па да донесе одлука... и ми напомена дека слабо стојат со броеви и така (а тоа најверојатно им е алиби да те одбијат најлесно).
Плус, овде не се работеше за средства потребни за операција или нешто у тој стил. Сакавме само малку да им го олесниме животот, тоа е се.
Така да, јас не можам полесен начин да осмислам за собирање на донации :toe:
 

OrTacE

мангуп
Член од
28 мај 2006
Мислења
628
Поени од реакции
5
Прави добро и биди хуман за да ти прават и на тебе и за да се почуствуваш како вистински човек. Во оваа недела ипол добив (и искористив) шанса да бидам човек, во оваа недела ипол помогнав на две личности и сега можам да кажам дека се чуствувам прекрасно.

Принц се изјасна што 'се видовме и почуствувавме во домот на тетка Виолета и Јулијана, во него до нашето влегување имаше само тага, безнадежност, болка и едно убаво исчистено мало станче, но од кога влеговме до нашето излегување од него па се надевам дека и сеуште владее радост, надеж и нормално сега веќе убавото мало чисто станче со две празни чаши од кои бевме послужени со сокче :wink:.

Јас сметам дека понудата на PSYtisfaction да дојде нареден пат со нас да ја посетиме заедно Јулијана е многу добра идеа, дури може и уште некој/а друг/га да дојде за нареден пат да се зголеми друштвото на Јулијана.

За крај и јас ке ги замолам на сите оние што патуваат и кои го користат шопингот во Грција, да направат напор и нека ги набават капсулите B15 кои многу би и помогнале на Јуле и секако трошокот ке биде покриен.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Прибидејќи скоро никаков интерес немаше и нема на темава, ќе ја тргнам од важна, за да отстапам место на тие на кои може барем преку телефон да донирате. Знаете, оној лесниот начин, со вртење на неколку бројчиња.
Помошта за Јулијана не прекинува тука. Ние неколкумина што сме запознаени со случајот ќе продолжиме да преземаме што и колку можеме, а тие што некогаш ќе ја видат темава и сакаат да ни се приклучат во тоа, нека го контактираат Принц со порака или на профил.
И така ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom