Прво знај дека ја поддржувам идејата на владата за задолжително средно. Ја разбирам ситуцијата на луѓето кои немаат средства. Затоа тој проблем ја би го решил со давање пари (во вид на нешто како детски додаток или стипендија или кредит) на тие луѓе да си ги подмират трошоците кога веќе им е ОБВРСКА да си ги школуваат децата. Пак, во никој случај не треба владата да организира превоз. Тоа е работа на приватниот сектор.
Второ. Сега да речеме имаш двајца идни средношколци, Петко и Станко. И двајцата се со ист социјален статус, потекнуваат од фамилии од средната класа што имаат средства да платат за превозот на нивното дете до училиште, НООО, едниот добива привилегија, а другиот не. И зошто? Зошто на тој што е блиску не му треба. Па и на тој што е далеку не му треба, тој може да си дозволи. Сите сме даночни обврзници, сите си плаќаме данок, нели? Тогаш зошто некој да добива бесплатен превоз, а некој да не добива (тој што живее блиску до школото)? И тоа, еј, можам да разберам помагање на најзагрозените слоеви во општеството, ама со ова се дава привилегија на луѓе на кои не треба да има се дава, на кои не им е неоходна.
Така, заклучок: Треба да се помага на загрозените зошто веќе им е наметната таа обврска. Да не беше, немаш пари - немаш школо бе брат (освен за најдобрите ученици кои секогаш треба да бидат поддржувани од системот). И не на сите исто да се помага, туку на кој колку му треба.
п.с. Нео, не сум ДПМНЕ, за твоја информација.