Секако дека математиката е најважна. Но во рaвенката треба да влезат и варијабли како извесните покачувања на цената на струјата кои ќе се случуваат со или без најавената либерализација на пазарот.
Мојата првична намера (како што веќе напишав) не е отворен систем, туку затворен систем со вертикални сонди. Немам намера да црпам вода, само поставувам затворен систем од вертикални цевки.
Освен тоа пресушување на водата едноставно не е реален проблем кај мене. Се разбира, теоретски е можно и тоа да се случи, но само во случај сосема да пресуши Вардар... Во кој случај, секако ќе имаме поголеми проблеми во животов од економично ладење и греење.
дозвола за копање е најмал проблем има многу други работи на кој треба да се обрне внимание не е само да ископаш бушотина и готово системот работи...
Топлотните геотермални пумпи заслужуваат своја посебна тема, но оваа тема тука пред се, се однесува на
легално правните процедури за изведување бушотини. Неколку луѓе пренесоа лични искуства, но ниеден правник не напиша што конкретно вели законот.
Затоа и ја отворив темава во подфорумот за право, не знам зошто е преместена овде во економија и бизнис... :-/