скршеното нешто можеш да го залепиш, но секогаш ќе има лузна
Напротив. Бев во подолга врска каде што немав мозок и сеуште очекував кокошката да се смени. Тоа беше долг период. Бев толку наивен и глупав, што можев да и простам на се, па дури и изневерувања. Но не беше онака лесно само простување. Имав болки за кои неможете ни да замислите, но не е битно сеа да се отворам толку приватно. Таа си го ладеше , јас "боледував", бев завлезен во некој темни мислења и така натаму. Но еден ден , кога станав бев како нов. Ништо не осеќав ни болка ни ништо. Едноставно речено кренав глава, и размислив за работите кои ги пропуштам додека се лади таа со мене. Мислев на работите кои се околу мене, дека постои некаде таму пишана за мене. Средив сите мисли, завршив со неа. Но, за жал сеуште остана она во мене дека никогаш нема да најдам некоја перфектна што ќе можи да имам сериозна врска со неа и да ме сака искрено.
Еве сеа дојдов до тоа ниво. Сепак се случи случајно за нешто што никогаш не би го ни очекувал ! Се заљубив во другарка( а и таа во мене), што ја знам повеќе од 6 години,а никогаш ни на крај памет не ни дошло тоа дека ќе биидме заедно.Можам да кажам дека сите тие лоши лузни што ги велиш ти, таа ми ги скрати и направи да ги нема. Сеа не ни можам да се сетам што било тогаш во врската , па не ни се обидувам. Заборавив засекогаш, како да било тоа само сон или воопшто да не се десило. Како го направи тоа? Епа од денот кога почнавме, до ден денес ми ја покажува вистинската, искрена љубов. И сеуште ќе ми покажува како и јас неа.
Значи сето ова сакам да кажам ,дека сепак во животот само еднаш ќе ја најдиш вистинската љубов. Другото се ќе биди лоша копија. Е сеа дали знаеш да ја зачуваш или не, тоа е друго.
Тоа и сакав да кажам во врска со темава.Тоа што е до мене сеа, се борам и тоа како за тоа да остани до мене. Се борам и не е тоа ништо страмо или смешно. Едноставно тоа е вистинското нешто што ќе остани во животот до тебе, ако знаеш да го зачуваш, а не ако изиграваме "недопирливи", или нз како да ги наречам поинаку. Таа е твоја и единствена за тебе, и нема да посака ниту еден друг ако знаеш искрено и вистински да се бориш за неа!