Дали сте среќни?

Дали сте среќни?

  • Да

    Гласови: 43 48,3%
  • Не

    Гласови: 46 51,7%

  • Вкупно гласачи
    89

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Живееме брз начин на живот во кој најчесто мораме да ги прифаќаме работите без да имаме право и можност за избор. Дел сме од едно опшество во кое за жал нужно мораш да прифатиш нешто и покрај тоа што лично немаш позитивно мислење за истото.

Годините и искуството за жал (барем кај мене лично) носат периоди во кои се стеснува листата на работи кои те прават среќен. Бројот на години е обратнопропроционален со на бројот насмевки.

За жал многумина се несреќни, но молчат за тоа. Секојдневно се зголемува бројот на самоубиства за кои медиумите молчат.


Генерално, во која категорија спаѓате вие?

Среќни или несреќни?

Зошто е тоа така? Што ја сочинува вашата среќа или несреќа?
 
Член од
2 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
133
Среќна сум и благодарна. Ја барам среќата и во малите и во големите нешта.
Пред сé сум среќна што имам прекрасно здраво семејство,што работам и што имам можност да прошетам и надвор од Мк. Не барам луксуз задоволна сум и со нештата што сега ги имам.
Инаку од секогаш имало убиства,самоубиства само што сега медиумите преплавуваат со црна хроника. Инаку што ќе сменам ако не сум среќна?! Ќе вратам некој во живот?!
Ние си одбираме која страна да ја одбереме.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Несреќен
ја сочинуваат-нискоградба, евн, комуналии, водовод, порез, радиодифузна такса, плус камата за ненавремено плаштање, македонски телеком, "бесплатно" образование, гориво и регистрација внебо, ја заборајв топлификација, yш сабајле ко ќе видиш уш една тура ти фрљил до черџе поштарон е тогај...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Променливо расположение имам. Природата на мојот карактер ме влече накај среќата и има моменти во кои уживам, ама некогаш кога ке ме удри реалноста по глава ама ептен ме заболува.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Може и посреќен да бидам, али не е лошо ни вака не се жалам.
 

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
среќен сум и сe oсеќам ко зајче слободно на ливада.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Има една поговорка која вели - „бев несреќен бидејќи немам нови чевли се додека не сретнав човек кој нема нозе„

Ако сте депресивни и несреќни отидете на гробишта и присуствувајте на некој погреб и поставете си го прашањето -„што е разликата меѓу мене, и лешот што чека да биде затрпан под земја?„

Ти можеш да одбереш дали и што ќе вечераш, додека лешот ќе биде вечера (за црвите).

Среќата е внатре, не надвор. Новиот ајфон или новото ферари не можат да ме направат посреќен од она што сум во моментов. Жив сум, имам две раце, две нозе, две очи, две јајца, имам да јадам и имам покрив над глава. Што ми треба повеќе за да бидам среќен?

И додека мислите дека важиот живот е мизерен и досаден и се чуствувате несреќни и се самосожалувате, во овој ист момент милиони луѓе би ги замениле своите животи со вашиот, затоа што немаат покрив над глава, немаат дом, немаат храна, немаат слобода, немаат раце,нозе, очи.......

 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Несреќно...
Она што го наведе @M-1 и мене ме прави несреќен
Случајот на исклучените од Топлификација го покажа вистинското лице на власта
Топлификација краде и мами
Граѓаните се исклучуваат за да се спасат од криминалот
Власта, ги казнува граѓаните кои бегаат од крадците
Од грозно - погрозно
 

Kajgana Shop

На врв Bottom