Дали сте задоволни или искрено ви се ’’кења‘‘ од системов и од времево во кое живееме ...

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Темава може да оди во општи муабети, психологија, социологија, филозофија секако по желба на модераторите ... но темава е сериозна и молам без она класично тролање, лични навреди, напади, дисквалификации, плукање, етикетирање и сл. глупости кои преовладуваат скоро на секоја форумска тема и секако темава нема врска со дневно-политичките меѓу-партиски препукувања власт контра опозиција и обратно туку е општа тема поврзана со системов и времево во кое живееме и не се однесува само на нашава државичка туку многу пошироко на локално како и на глобално ниво ...
Дали и колку сте задоволни или искрено ви се ’’кења‘‘ од системов и од времево во кое живееме ... Секојдневиево е тапа (статус-кво ситуација), овој тип на систем не нуди ништо добро ниту пак ништо ново, економскиот како и културниот баланс во општеството се нарушени, не постои доволно критична маса на народ односно нема доволно луѓе кои имаат изградено свои индивидуални ставови и идеи, дел од проблемите ги креираат политичарите односно политичко-олигархиските елити но дел од проблемите зависат и од менталитетот на народот како и од системот и времето на живеење.
Дали сметате и вие дека демократијата и човековите права реално постојат или само се запишани на хартија, а во реалноста царува нешто сосема друго нетолеранција, лоши меѓучовечки односи, дискриминација по разно-разни основи, расизам и се повеќе употребуваниот термин не само кај на туку и во многу други држави поимот полициска држава !
Наместо да се зголемува моќта и правата на поединецот тие од ден во ден се намалуваат со разно-разните нови и нови регулативи и закони кои на секој можен начин ги ограничуваат правата и потребите на индивидуата, луѓето се недоволно информирани, едуцирани и заинтересирани да ги сфатат и препознаат нештата кои секојдневно им се сервираат од страна на пералниците на мозоци а тоа се медиумите кои со својата шљам програма успеваат на широките народни маси да му го свртат вниманието понастрана од оние реални секојдневни проблеми, образовниот процес е креиран онака да произведува млади безкичмењаци со испран мозок а не цврст интелектуален кадар со свое јас, односно денешниов образовен процес повеќе креира неинтелектуални зомбија отколку некакви вистински интелектуалци, дури и на оној лош и недоволно квалитетен образовен процес од минатото ги надоврзаа купиштата реформи и на тој начин уште повеќе образовниот процес западна во тиња, од друга страна пак религиите сеуште се многу моќни и имаат огромно влијание кај широките народни маси, религијата не дозволува креација на сопствено мислење и сопствен став туку сите луѓе(припадниците на таа религија) ги држи во обрачот на едно колективно стадо каде мора да постои еден и единствен зацементиран став кон било која тема !
Зошто постојано системот патетично изиграва дадилка во смисол на (to protect the good guys from the bad guys) ... кои се тие добри момци добри луѓе и дали навистина се толку добри и кои се тие лоши момци лоши луѓе и дали и колку се навистина лоши ... ако е навистина демократија и плурализам каде што секој има право на слободно искажување на своите ставови и гледишта зошто тогаш луѓето се толку исти/слични и секој го крие она своето јас со цел полесно да се вклопи во општеството, но тоа е веќе модерно едноумие а не некаков реален плурализам на лични идеи и ставови и реален индивидуализам, дали некој се запрашал зошто и покрај тоа што 90% од населението користи интернет сепак владее информативен мрак и наместо реални теми за дискусија од секојдневието се повеќе луѓето се забегани по некаков сељакизам и кичерај !
Јас отприлика секојдневиево го гледам вака како што погоре сум опишал и искрено од многу работи опишани погоре ми се ‘‘кења‘‘, какво е вашето мислење околу општествениве процеси ...
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Нема муабет по прашањето дали, одговорот е очигледен.
Што може да се направи во врска со ситуацијава е подобро прашање.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.294
Решението е едноставно, проблемот е што никој нема муда да го направи а тоа е да има нула толеранција за противзаконски работи и да нема селективна правда и недопирливи.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.017
Не можам да коментирам за сите држави во светот пошто сум живеела само во неколку, ама во Швајцарија ништо од тоа што го кажа не важи.
Сите твои ставови се многу конкретно за Македонија.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
На мене коа ми се сере арно ми е у живото. Иначе гомното тешко ми излава ради општото стање у светот и покрај тоа шо здраво се хранам :)
Целото општество на планетата живее по еден терк, еден систем кој луѓето ги претвара у зомбии. Можеби у Швицарска или у скандинавијата има мала разлика, али у суштина е исто. Може они се за нијанса позадоволни зомбии. Времето у кое живееме не е за серење, туку е СРАЊЕ и тоа не до гуша, туку длабоко се давеме у срањето. За среќа паралелно и се буди човечката свест на глобално ниво, али ќе е потребно временце додека се смене системо на живеење. Али секој треба сам, лично да допринесува за тоа, а не да вика у стил: "Јас ли сам ке го сменам свето, Јас ли ке се праам најпаметен, Ма шо те гајле, глеј си за тебе да ти е убаво" и сл. глупости.
BE THE CNAHGE YOU WANT TO SEE IN THE WORLD.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Само ова ќе го кажам истите ставови различни луѓе иста матрица исто склопено мислење само со 2 збора поразлично океј е ве разбирам си имате Дк од време на време прошкрапајте за тоа као ви е тешко и као ништо не чини чисто онака за момент да ви олесни на душичката градете сопствена подобра иднина многу е тешко глобалното верујте ми има една мислам што ја прочитав вели ''Со едната рака ќе го освојам светот ако за другата ме држиш ТИ'' ова е топ али е можда и директна навреда за оние шо се без една рака нив за што ќе ги држат за кур океј е понекогаш сакам да избегам со размислувањата не викам НЕ Линч ми тече у крвта јебига иако ми е омразен ебете се што да ви кажам а сакав пократок да бидам јебига понекад зборовиве сами летат..и за 100 години нема да научиш да користиш интерпукциски знаци Еби се не ти еби се уште една од причините со фајт си гази еј стварно отидов ај бац


 
Последно уредено:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Све си е ок ама кој не знае да си се организира се му е црно и досадно.
Уште поинтересно ќе биде ако ги снема меиумите и политичарите
 
Член од
2 септември 2013
Мислења
255
Поени од реакции
237
@Fringe епа јбг не сме сите со фирми и вработени како тебе да седиме во форумот цел ден а впрочем да водиме фирма...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
@Fringe епа јбг не сме сите со фирми и вработени како тебе да седиме во форумот цел ден а впрочем да водиме фирма...
З'ш бе така мислиш?
И јас работам заедно со работниците и барам работа/тендери да работиме
 
V

viktora

Гостин
Најискрејно деновиве ептен ме спротера,дали е до системов или до времево,пичкаму матер.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Доста субјективна работа искрено.
Точно може да одвоиме многу работи кои општо како човештво си патиме,но кога немало такви проблеми?
Фората е што во светот не постои систем/идеологија која ќе го направи светот поубаво место за СИТЕ.Секогаш ќе има незадоволство и револт.
На пример често гледаме како нешто се прави во Скандинавија на пример што го нема кај нас и си мислиме еј колку се среќни луѓево.А доколку познавате неколку луѓе од тие земји ќе видите дека таму и за најдобрата работа има поделеност.Колку и да се направи нешто пак голем дел од луѓето ќе имаат исто мислење како почетоков на темава.
За мене е битно да имам безбедност,колку што може посигурен економски статус,можност за образование,спорт итн.
Другото се останува на индивидуата.
Системот нема обавеза да некого збогати или пак усреќи.Тоа е индивидуално.
Затоа утопистички системи никогаш нема да успеат.Она што за еден е среќа за друг е само досада.Ставање на луѓево во исти кош,пошо комитерната или комуната одлучиле "што е потребно за да се биде среќен" е класична "легална" диктатура на тие системи.Ниту животот ниту универзумот не се црно бели.Нијансите се бескрајни.

Ова ви го зборам како човек кој многу често му здосадуваат и работите шо ги сака,па тешко ми е да се мотивирам за long term goals.Така да знам многу добро што зборам кога е во прашање монотоноста на системот.
Според мене останува на нас самите да најдеме мотивација и смисла во системот и општо во животот.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Хах некој спомнал Швајцарија или пак Скандинавија но темава воопшто и не се однесува на тие држави ... западните држави колку-толку имаат поголем стаж на државност и поголем демократски стаж ... ние пред дваесетина години станавме независна држава и од еден преминавме во друг систем и нормално дека ќе заостануваме зад западните држави но прашањето е дали воопшто одиме напред на некое поле ... првата деценија од независноста беше исполнета со транзициските процеси, пропаѓањето на фабриките, масовното отпуштање на луѓето од работа, тешките граѓански војни во некои од останатите екс Југословенски републики, таман се смири состојбата во Хрватска и во БиХ после некоја година пукна на Косово а потоа и кај нас па рамковни договори па разоружување па стабилизации па смена на власта, после неколку години пак смена на власта па шамарот во Букурешт 2008 год. па политички турбуленции и предвремени парламентарни избори секоја втора година ... јас би рекол кај нас се случува она еден чекор напред а истовремено и неколку назад !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom