Дали сте добиле нарачан производ кој имал различни карактеристики од наведените?

Член од
12 август 2012
Мислења
22
Поени од реакции
3
81IR9dYQuIL._SL1500_.jpg Здраво, ме интересира дали некогаш сте добиле производ кој бил со послаба конфигурација од тоа што било наведено во рекламата. мене тоа ми се случи кога нарачав смартфон од анхоч. Поточно се работи за смартфон LG G2 mini, за кој на веб страната на анхоч, меѓу другото беше наведено дека има 8 GB внатрешна меморија, а како што гледам во него, има 3 GB внатрешна меморија. Има гаранција 12 месеци. Нели гаранцијата се однесува и на тоа дека може веднаш да ми го заменат со друг сосема ист смартфон кој ќе ги има сосема истите работи како што се наведени? Но дали некој и како може да ми го гарантира тоа? Кој воопшто ги проверува уредите дали воопшто се исправни и дали имаат различни карактеристики од наведените? Пишува дека е произведен во Кореја. Го испорачуваат посебно спакувани смартфонот и батеријата, во ќесе на кое има лепенка, која се кине кога ќе се острани, а таа беше околу 40% полна кога за првпат ја ставив во него. Некој сигурно некаде ги проверува, затоа што веќе има листа на преземени апликации, уште пред јас да спуштам некоја. Уште да спомнам дека пред некаде скоро месец кога го купив цената му беше 11.480 ден, а сега гледам е намалена на 10.450 отприлика.

И втора работа, приметив дека кога примам повик додека ми е вклучен wireless врската е за никаде, едвај се разбира што зборува соговорникот (патем јас сум на ONE) па ме интересира дали е ова случај со сите смартфони, или со овие од LG, или во најлош случај само со мојот смартфон да е нешто дефек?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
И мене ме излажаа така кога се женев, а убаво се му нарачав на стројникот,сите карактеристики,димензии,табиети,потекло,боја и најважно му нагласив да не била претходно употребувана,е тука ми е најкриво што ме излажаа во очи на невидено,дури откога ја отпакував пратката и на првото возење увидов дека сум изигран,
а дебело го платив за таа нарачка. Потоа пробав да ја вратам или заменам пратката, ама се изгуби добавувачот.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
внатрешната меморија кај сите смарт телефони се користи за оперативниот систем, апликациите и остаток за податоци на корисникот.
од 8ГБ обично 3-4ГБ остануваат за корисникот. за повеќе меморија купи СД картица.
скоро сите смарт телефони идат со еден куп непотребни додатни апликации. бриши се што не ти треба.
секој телефон си има мани, дали хардверски или софтверски. затоа пред да купиш нешто побарај на интернет тестови.
 
Член од
12 август 2012
Мислења
22
Поени од реакции
3
И мене ме излажаа така кога се женев, а убаво се му нарачав на стројникот,сите карактеристики,димензии,табиети,потекло,боја и најважно му нагласив да не била претходно употребувана,е тука ми е најкриво што ме излажаа во очи на невидено,дури откога ја отпакував пратката и на првото возење увидов дека сум изигран,
а дебело го платив за таа нарачка. Потоа пробав да ја вратам или заменам пратката, ама се изгуби добавувачот.

Фала ти @Anco за "одговорот", ептен ми е жал за такви случки, навистина, верувај ми, но повеќе сакам вистински одговор на прашањево, и воедно да ги замолам админите/ модераторите, доколку мојата молба не е спротивна на правилата на форумов, ова мислење да биде одстрането, дека , како што реков, навистина ми е жал кога такви и слични работи се случуваат, и не сум приморан да ги читам онаму каде што не им е местото. Благодарам однапред, без разлика дали молбава ќе ми биде исполнета.[DOUBLEPOST=1439586482][/DOUBLEPOST]
внатрешната меморија кај сите смарт телефони се користи за оперативниот систем, апликациите и остаток за податоци на корисникот.
од 8ГБ обично 3-4ГБ остануваат за корисникот. за повеќе меморија купи СД картица.
скоро сите смарт телефони идат со еден куп непотребни додатни апликации. бриши се што не ти треба.
секој телефон си има мани, дали хардверски или софтверски. затоа пред да купиш нешто побарај на интернет тестови.
@marambo можеби не ме разбра убаво, не велам дека имам уште 3 ГБ слободна меморија, туку толку смартфонов покажуваа тотал мемори, додека слободна прикажува малку повеќе од 2 ГБ. Значи од анхоч е наведено дека има 8 гб тотална внатрешна меморија вградена, и дополнително можност за SD картичка. 8 ГБ можеби ќе ми беше доволно засега, но за жал не знам чиј е пропустот.[DOUBLEPOST=1439586763][/DOUBLEPOST]Засега се исклучувам, за нови одговори изгледа ќе проверам утре некое време.
 
Последно уредено:
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
ова ти прв смарт телефон?
total memory ќе ти го покажува корисничкиот дел од меморијата, за слики, видеа, за податоците на апликациите инсталирани од корисникот итн.
делот за андроидот, за системски апликации не го прикажува.

нема никаков пропуст, телефонот е тоа што е.

http://www.hardwarezone.com.sg/feature-shootout-compact-4g-lte-smartphones-under-s600-mid-2014/lg-g2-mini-lte-design-features

After updating the preloaded apps on the LG G2 Mini LTE, you are left with about 3.31GB of available storage space out of the box.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Прегледај го приврзокот 126379 Здраво, ме интересира дали некогаш сте добиле производ кој бил со послаба конфигурација од тоа што било наведено во рекламата. мене тоа ми се случи кога нарачав смартфон од анхоч. Поточно се работи за смартфон LG G2 mini, за кој на веб страната на анхоч, меѓу другото беше наведено дека има 8 GB внатрешна меморија, а како што гледам во него, има 3 GB внатрешна меморија. Има гаранција 12 месеци. Нели гаранцијата се однесува и на тоа дека може веднаш да ми го заменат со друг сосема ист смартфон кој ќе ги има сосема истите работи како што се наведени? Но дали некој и како може да ми го гарантира тоа? Кој воопшто ги проверува уредите дали воопшто се исправни и дали имаат различни карактеристики од наведените? Пишува дека е произведен во Кореја. Го испорачуваат посебно спакувани смартфонот и батеријата, во ќесе на кое има лепенка, која се кине кога ќе се острани, а таа беше околу 40% полна кога за првпат ја ставив во него. Некој сигурно некаде ги проверува, затоа што веќе има листа на преземени апликации, уште пред јас да спуштам некоја. Уште да спомнам дека пред некаде скоро месец кога го купив цената му беше 11.480 ден, а сега гледам е намалена на 10.450 отприлика.

И втора работа, приметив дека кога примам повик додека ми е вклучен wireless врската е за никаде, едвај се разбира што зборува соговорникот (патем јас сум на ONE) па ме интересира дали е ова случај со сите смартфони, или со овие од LG, или во најлош случај само со мојот смартфон да е нешто дефек?
Најубаво ти однеси си го на сервис и таму објасни им што се случува ако нешто мислиш дека стварно не го бива. Нема да ти го заменат со нов тоа биди сигурен затоа што е исправен. Секој телефон кога ке го купиш батеријата е полна и полн е со апликации кој подоцна можеш да си ги деинсталираш а во врска со меморијата @marambo ти објасни зашто е тоа така. Исто така можеш и да прогуглаш за low internal memory. Што се однесува до мрежата тоа е релативна работа. Зависи и од положбата каде се наоѓаш и од јачината на сигналот или можеби ти е намален гласот. Цената паѓа и ќе пага затоа што секој ден се раѓаат нови смартчиња.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
http://www.anhoch.com/terms-and-conditions
Во случај купувачот да сака да го врати производот не по наша вина или вина на доставувачот и сака да му се врати сумата на производот, тогаш од крајниот износ на производот двојно ќе биде одбиен трошокот за достава кој варира согласно со тежината на производот.
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.
ако не си задоволен врати го ќе ти вратат пари, поштарината си ја плаќаш.
но телефонот е оригинален и исправен.
 

StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Кога го прочитав насловот мислев дека од АлиБаба го зафркнале, за Анхоч ми е чудно... :toe:
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
338
Поени од реакции
214
Не го зафркнале, во ред си е све. Со еден тон нови апликации, толку останува слободно.. Нареден пат со минимум 16 ГБ :)

Sent from my MI NOTE Pro
 
Член од
16 јуни 2013
Мислења
418
Поени од реакции
344
Тој телефон сам по себе е тапа...
 
Член од
12 август 2012
Мислења
22
Поени од реакции
3
@marambo да ова ми е прв смартфон. Фала за информациите, сега разбрав зошто прикажува 3 гб тотална меморија. Се уште немам тестирано што може да се тестира, ги немам пробано сите функции но немам намера да го враќам.

@PsychoalieN фала за информациите за мрежата, можи има врска и тоа што сум стоел многу блиско до рутер од wireless

Фала за одговорите, поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom