Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Он топик:
Дали сум буквалиста? Апла. Можам цел ден да си го тупам мозокот со некоја изјава од одредена личност, иако може вистината е само дека таа личност се зезала или па има брз јазик и покрај тоа што не ме знае доволно за да суди.
Така да, испаѓа дека колку и да викам дека живеам по свои правила и сл, сепак и те како ми е битно што другите мислат за мене и што ми зборуваат.
Слично нешто и јас. Често знам да си ја тупам главата и да се фаќам за најмали ситници.И некогаш навистина буквално ги сфаќам работите и некогаш и шала може да ме повреди. Сепак нормално не се случува постојано ова. Барем така мислам. Барем кога сум со поблиски луѓе знам кога се зезаат, кога се иронични, кога се сериозни, па знам кога да ги сфатам буквално, кога не. И во зависност од ситуацијата и од човекот, некогаш сфаќам меѓу редови, некогаш не. Некогаш сама си создавам “меѓуредови“.
Во секој случај припаѓам на оние кои малце побуквално ги сфаќаат работите. Сепак кога сум излезена со поголемо друштво се сфаќам на заебанција,ама кога ќе си дојдам дома е проблемот. Тогаш почнува тупењето.