Дали сме сите исти ?

  • Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Многу пати имам размислувано на оваа тема и имам некоја визија у глава како јас го сфаќам ова прашање.

Ќе почнам од еден сосема поинаков агол, за поубаво да дојдам до она што сакам да го кажам :).

Епа вака сите познаваме многу луѓе од факс, од работа, комшии, другари на другари, стари, млади, бла бла, и нели секој еден има своја филизофија на живот(фала богу).
Сум сретнал луѓе кои велат дека животот е лесен, луѓе кои веруваат во различни богови, добри, лоши, луѓе кои викаат дека сите сме исти, суеверни луѓе итн, едноставно луѓе со мал милион различни верувања.

Можеби животот живеан под различни верувања е полесен, за некој, за мене е булшит!!! Зашто? Затоа што премногу работи губиме и можеме да изгубиме, верувајки во "нешто", а ако некој каже дека не е така и дека ништо не се губи е веке lack of brain. Заради ова јас сакам да мислам дека секој е посебен, единствен, сакам да мислам дека се што сум научил, сум научил сам, дека мојата креативност не е нечија рециклажа :).
Фактот дека јас мислам дека сите луѓе се различни т.е спротивно на тоа "иста личност" , не е затоа што мене така појќе ми се свига, туку дека сум самоуверен во тоа што јас го перципирам како вистина, и наместо да барам реалноста да се смени и прилагоди кон мене и моите потреби, се менувам јас да бидам дел од таа реалност. Да се обидеш да бидеш духовен, наметнувајки ги твоите верувања е битка, без награда. Ако некој сака да каже дека сите луѓе се исти, воала...али да каже некој дека ништо не се губи живеејки по одредено верување е глупост.
И Исус и Буда и Алах биле доста паметни "луѓе" тие ја откриле тајната на нивниот живот, па сите го имаме тој потенцијал мене не ми треба "учител", "проповедач" или духовен водач, доволно сум самоуверен дека јас можам сам да ја откријам тајната на мојот живот. На сите оние кои веруваат им посакувам се најбоље, али начинот на кој јас вистински верувам дека ќе дојдам го тоа "просветлување"
е разбирање, а вистинско разбирање може да дојде само од искуство, а не од учител.

Единствената поента што јас сакам да ја кажам е... in the end we're each on this journey ALONE.
Никогаш не сум следел или верувал во некој, секогаш сум го правел она што мислам дека е најдобро, и искрено сеуште не сум бил во право :pipi:, сеуште грешам и не се каам, затоа што чуствувам дека вистискиот пат е пред мене и никој неможеше да ме научи за ова, јас го научив сам од моите грешки. So trust yourself, and dot't give up as soon as u make one wrong turn, cause no one else is your self!!!
We are all the same, only as humans.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Ме плаши што ми даваш ваква слобода на избор, се имам одвикнато :D
Од жени не можеш да дојдеш до право на збор, не па слобода на избор;) Туку, од твое искуство, сите се исти, или има различни? :D
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
Од жени не можеш да дојдеш до право на збор, не па слобода на избор;) Туку, од твое искуство, сите се исти, или има различни? :D
Сите се исти се разбира

:icon_lol:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515
Да си пишам уште неколку зборови на темава.

Вреди да се спомне дека биолошки сме многу слични[1](не исти!) исто така и карактерно. Со многу студии е докажано дека поголем процент од луѓето размислуваат шаблонски, мал дел размислуваат надвор од кутијата и занемарлив процент размислуваат како да не постои кутија.

[1] Сепак некои карактерисики како отисок од прст и ирисот на окото се уникатни дури и за еднојајчани близнаци, претпоставувам вакви исклучоци се појавуваат и кај карактерот на луѓето.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Не сме сите исти. Ако сме, светот би бил многу досаден и монотон.
Сите се раѓаме, живееме и умираме, да, ама не сите водиме исти животи. Сите во животот поминуваме низ различни работи, ни се случуваат различни дешавки, се наоѓаме во различни ситуации. И сите различно реагираме на тие работи. Сите различно ги прифаќаме. Некој може да остане без еден родител, некој без двајца, на некој може да му се разведат неговите, а на некој може да си останат во брак многу долго време... И сите ние различно реагираме на сите овие работи. Некој ќе падне во депредија, а некој ќе најде сила да го преброди тоа. Може на двајца (или повеќе) да им се случи иста случка, ама неможе цел живот да им се случува истото.
Како што некои веќе кажаа, нити физички сме исти, нити духовно. Ако ставиш 2 различни личности на еден исти пат (од раѓање до смрт), дали тие 2 различни личности ќе ги донесат истите одлуки во иста ситуација? Јас мислам дека не. Затоа што не е само физичкото што не прави нас луѓе, туку и духовното. И никој нема иста душа.
Да се разбереме, не верувам дека сите сме исти, ама верувам дека сите се еднакви во смисол на вредност и сите заслужуваат исти шанси и исти права и закони. Не верувам дека еден живот е повреден од некој друг.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Верувањето дека сите сме создадени еднакви според мене има суштински недостатоци . Вистината е дека не сме сите создадени исти и еднакви во нашите способности да постигнеме успех . Секој човек има различни способности и таленти, но исто така секој човек има и различни предизвици во животот со различна тежина, што ја прават секоја единка уникатна од сите останати на духовно, психичко па и матријално ниво. Се разбира тука играат улога биолошките и генетските разлики помеѓу луѓето, народите, расите, видовите .
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Сите се исти само некои се поисти од другите.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Секако дека не сме исти . Исти се работите со кои ни почнува и ни завршува животта - раѓањето и смртта, но патот кој ќе го изодиме од еднта до другата точка е она по што се разликуваме еден од друг.
Можеби она што на моменти не тера да мислиме дека сме исти се општо зацртаните правила кои важат во опшеството ( да се најде работа, да се најде партнер со кој ќе го подлеиш животот ) но сепак кога подобро ќе се разгледа нити во остварувањето на тие „цели“ не сме исти ...;)
 
Член од
11 април 2014
Мислења
92
Поени од реакции
179

Погрешно се барата со терминологијата, исти е различно од еднакви.
Се додека не пронајдат поголемо количество на водород кај дипломиран незапослен магистар верувам дека сите сме ЕДНАКВИ.
Се разбира и ако се докаже дека гравитацијата има поголемо влијание врз некој овчар тоа ќе го прифатам како валиден аргумент.
Сите сме еднакви пред природните закони сите (во теорија би требало да) сме еднакви пред човековите закони,сите треба да имаат еднакви можности.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom