Дали сметате дека казните од УЈП се своевиден „рекет“, или?

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Сите знаеме колкави се казните нивни,со една нивна казна буквално те затвараат засекогаш.По мое мислење ова е класичен државен рекет врз народот.А за селекција на тоа кој ке биде затворен а кој не за тоа нема да зборам оти ке излезе на политика темава.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Инспектори крвопијци пријателе, ги заболе нив за висината на казните - рајата ќе ги плаќа.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Тоа е. Казнената политика во економијата не се става во условите што ја карактеризираат такозваната „бизнис клима“ во „државава“. Се збори за даноци, за отварање фирма по брза постапка (јак ташак), ама дека за вишок од 150 ден. во каса ќе те пломбираат корумпираните инспектори само за да излижат некој шефовски г'з и да прикажат дека нешто демек работат.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Целта е да се напуни дравната каса , шо мислете зашо се волкави казните и толку редовни ?
А најтрагично е тоа што повеќето казни се оти соптвениците на дуќаните и продавниците им дават на луѓето да пазаруваат на „пишанка“ , резултат на ниските плати .. Шо убав ебан круг е ова..
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Дефинитивно се рекет, казнети се само оние кои „не соработуваат“ (не земаат роба од „вистинските“ луѓе), а тие кои оа го прават им се прогледува низ прсти, ова го кажувам бидејќи директно бев сведок кога сопственик на дисконти „рецитираше“ листа на продавници кои не мора да бидат посетени, а ако ги посетат (за да не речат другите), евентуалните пропусти (кои ги има многу), да бидат занемарени и толерирани. Ова е само еден пример на рекет по наредба.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
А за селекција на тоа кој ке биде затворен а кој не за тоа нема да зборам оти ке излезе на политика темава.
Да, ама селекцијата е уствари број 1 фактор за тоа кој ќе биде казнет, колку ќе биде висината на казната и на која основа ќе биде доделена.
Пример, некој крка казна поради тоа што вработениот не знаел да дава прва помош, а во исто време и исти град, има група газди што знаат унапред 2 дена дека ќе иде УЈП.. :pipi:
Казните од финансиски аспект си се легален начин да го полниш буџетот... да се покријат трошоци, кампањи, ова она....
Колку само фирми има што не го бараат повратокот на ДДВ...иако им е загарантиран со закон. Зошто?
И примери колку да сакаш.... ама ај да не навлегвиме во политики.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
1000 стапови по туѓ грб ич не болат па така и 5000е казна. Кога еден ден ке бидат обични граѓани први ке се бунат. Пример во општина центар сите паркинзи одма ги укинаа оти новиот градоначалник им ги собра повластените картички колку што читам па сега нема зонско во центар оти треба да плаќаат.
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Кој го интересира што ние мислиме наречени граѓани?
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
ја забораив слободнната денес баш ако ме фатат вечер да видам што ќе се деси

Sent from my HTC One using Tapatalk
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
ја забораив слободнната денес баш ако ме фатат вечер да видам што ќе се деси

Sent from my HTC One using Tapatalk
Nemam vlezeno vo avtobus 16 godini,,kakvi se sega kaznite za nedaj boze te fatat bez bilet.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Колку само фирми има што не го бараат повратокот на ДДВ...иако им е загарантиран со закон. Зошто?
И примери колку да сакаш.... ама ај да не навлегвиме во политики.
Од малите и средните може преку 80% не прават поврат на ддв. Поврат на ддв значи даночна контрола на врата. А ддв треба и мора да им се врати. На денот кога ти го враќаат стасува контрола и те казнува дупло од сумата која државата мора и треба да ти го врати. И сега некој слепец ќе рече ами кога не се чисти нека ги казни - иди отвори фирма и биди чист пред контрола после враќање на ддв па цитирај ме.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да....
Казните се претерано високи
Poena debet commensurari delicto.
Казната треба да одговара на деликтот.
Нема смисол да некој кој не издал фисклана сметка за износ 50 денари, со што можеби направил даночно затајување од 18% односно од 9 денари да биде казнет со илјадници евра и со неколку месечно затварање на дуќанот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom