Јас баш и немам каде да се навраќам, дека сум на форумов од неговиот почеток, па на сите теми кои ме заинтересирале сум одговорила, сум се искарала, сум ги отварала итн. А кога некои стари теми се враќаат во живот, ако сум сменила мислење повторно го пишувам, а ако не, се карам пак ако има со кого.:pos2:
Иначе, не ми се допаѓа баш тоа да седи некој и постојано да чека нови теми. Доколку е тешко да се навратите на постарите, кои ги има во изобилство и кои се навистина добри, зошто не бидете покреативни и самите не се потрудите да отварате нови теми кои ќе ви го привлечат вниманието?
И плус, како може да се очекува нон стоп, секој ден нови теми? Не мислите дека голем дел е исцрпен и треба сепак да се погледнат старите, кои имаат по пет-шест мислења?
Затоа е добро кога се реплицира на тема да биде тоа добар и содржаен пост, да се обрнува повеќе внимание на се` и ништо да не се зема здраво за готово. Тогаш, форумов секому ќе му биде поинтересно катче за поминување доста време на него.
Фала пријатно.