Дали се навраќаме?

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Не знам дали поради тоа што сум коментирал на скоро сите понови теми па сеа да не спамирам со исто мислење почнав да ги проверувам и темите кои биле постирани одамна дури и пред да се регистрирам. Ми дојде мислата да видам дали и вие се навраќате по старите теми или едноставно чекате нови??

Ако темава не одговара избришете ја.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Се навраќам, и неретко се смеам на постот што сум го напишала, ако не кореспондира со моменталното мислење што го имам...Еволутивна смешка.
Најчесто кога ќе налетам на некоја тема што ме испровоцирала, а сум постирала и порано, не се воздржувам пак да напишам:)
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Ретко се навраќам на старите теми ... колку и да се трудиш нема да ги запомниш сите теми .... најчесто чекам нови
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Ретко се навраќам на старите теми ... колку и да се трудиш нема да ги запомниш сите теми .... најчесто чекам нови
Абе и ја од чекање отапев. Веќе нема толку многу теми потенцијалот сега за сега за тоа е низок па и така чекајќи 2 недели не сум активен по форумов затоа ме навлекоа стариве.
 

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Па да, си се навраќам назад, пошто сакам да видам што дискусија се водело тогаш, па и нешто повеќе да дознаам за форумов. Сепак само си ги читам, не сакам да коментирам на нив, освен ако навистина имам нешто добро да кажам.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Ретко се навраќаме на стари теми минато си е минато а иднина си е иднина не зборуваме за минато и за иднина туку за сегашност:music5::music5: таква е :oeoeoe:
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
се навраќам назад кога претеруваат во моментот со политики
инаку цело време сум на денешните мислења
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Не се навраќам... Чекам нови теми или некој да пише во постарите па јас да си пишам :) А ако темата ми звучи познато гледам дали имам пишано, и ако уште го имам истото мислење не пишувам пак :)
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јас баш и немам каде да се навраќам, дека сум на форумов од неговиот почеток, па на сите теми кои ме заинтересирале сум одговорила, сум се искарала, сум ги отварала итн. А кога некои стари теми се враќаат во живот, ако сум сменила мислење повторно го пишувам, а ако не, се карам пак ако има со кого.:pos2:
Иначе, не ми се допаѓа баш тоа да седи некој и постојано да чека нови теми. Доколку е тешко да се навратите на постарите, кои ги има во изобилство и кои се навистина добри, зошто не бидете покреативни и самите не се потрудите да отварате нови теми кои ќе ви го привлечат вниманието?
И плус, како може да се очекува нон стоп, секој ден нови теми? Не мислите дека голем дел е исцрпен и треба сепак да се погледнат старите, кои имаат по пет-шест мислења?
Затоа е добро кога се реплицира на тема да биде тоа добар и содржаен пост, да се обрнува повеќе внимание на се` и ништо да не се зема здраво за готово. Тогаш, форумов секому ќе му биде поинтересно катче за поминување доста време на него.
Фала пријатно.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да, се навраќам. Некогаш кога е така помирен период и нема многу нови теми, знам да отидам во омилените подфоруми и да си пишувам во постарите теми каде што немам реплицирано или имам, ама сакам да се надополнам.:pipi:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
230
Поени од реакции
9
Знам да се навратам, да. И не го гледам тоа као некоја лоша ствар...:toe:.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Знам да се навратам, да. И не го гледам тоа као некоја лоша ствар...:toe:.
Па добро не беше поентата за гледање како лоша ствар туку едноставно еден вид на анкета само шо нема анкета горе :pos:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Кога нема многу многу актуелни теми доста често ги прегледувам постарите, и како што и сам кажа некои дури и од пред да се регистрирам. Има многу интересни теми кои останале недовршени (мислам со малу постови)...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Леле:vozbud::kesa::kesa::kesa:... Па тоа кога се навраќам на темите за абортусот и за машко-женскиот свет, па уште и на оние кога сум го удостојувала со реплика незаслужливиот Алекс 67, 68 како и да беше, ми иде да го фатам мониторов и да го однесам на полирање, со надеж дека на тој начин ќе се избришат тие постови...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom