Дали се исплати да завршиш факултет

  • Креатор на темата Dynamo
  • Време на започнување
D

Dynamo

Гостин
Дали се исплати да завршиш факултет,или пак да се вработиш некаде каде што ти е убаво,дали за џабе ќе ти бидат поминати тие 3,4 години на факултет ?
Дајте ваши мислења.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Дипломата служи само за да напишеш статус на фејсбук или драгана кајгана дека си завршил факултет, па да собериш некој лајк. Така да, се исплати. Заврши.(y)
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Факултет е трошење време. Три до пет години фрустрации и вентил за искомплексирани професори ќе те остават истенчен
и доволно исфрустриран да сакаш да денот на дипломската да си свирнеш 45mm низ слепоочница.
Кај мене во село сите убаво си живееме и без факултет. Нит јас имам факултет, нит татко ми, нит дедо ми. Средното си го завршив и лека ми глава.
Жените уште поарно им е, ако си најдат некој таков граѓанин. А да ти кажам градскиве деца
се почесто кај нас доаѓаат, си ги зимаат во сранство и ич глава не ги боли. Еве, братучеда ми е српска снашка, во бутик си работи, си мцка убава платичка просечна и за се има време.
Чуму факултет? Што ни фали? Имам интернет, имам за јадење, имам пиење, работичка.
Факултет е за белосфетските луѓе кои нит имаат попаметна работа, нит имаат жуљави раце за копач.
 

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Се исплати ако најдеш работа после тоа..инаку западот ти гарантира поштар или градежен работник..а и жена за документи..позз!
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
34
Поени од реакции
9
Факултет е трошење време. Три до пет години фрустрации и вентил за искомплексирани професори ќе те остават истенчен
и доволно исфрустриран да сакаш да денот на дипломската да си свирнеш 45mm низ слепоочница.
Кај мене во село сите убаво си живееме и без факултет. Нит јас имам факултет, нит татко ми, нит дедо ми. Средното си го завршив и лека ми глава.
Жените уште поарно им е, ако си најдат некој таков граѓанин. А да ти кажам градскиве деца
се почесто кај нас доаѓаат, си ги зимаат во сранство и ич глава не ги боли. Еве, братучеда ми е српска снашка, во бутик си работи, си мцка убава платичка просечна и за се има време.
Чуму факултет? Што ни фали? Имам интернет, имам за јадење, имам пиење, работичка.
Факултет е за белосфетските луѓе кои нит имаат попаметна работа, нит имаат жуљави раце за копач.
Добро друже секој има различно мислење ама вакво мислење како твоето се добива само од такви како тебе што се без факултет.
Измачи се 4 години и живеј го остатокот од животот како ЦАР. Луѓето ќе пазат како разговараат со тебе. И оние којшто не ти се толку блиски нема да ти се обраќаат со ТИ туку со ВИЕ.
Не сум го искусил тоа затоа што сум уште средношколец али си знам по себе како разговарам јас со луѓе кој што имаат факултет.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Добро друже секој има различно мислење ама вакво мислење како твоето се добива само од такви како тебе што се без факултет.
Измачи се 4 години и живеј го остатокот од животот како ЦАР. Луѓето ќе пазат како разговараат со тебе. И оние којшто не ти се толку блиски нема да ти се обраќаат со ТИ туку со ВИЕ.
Не сум го искусил тоа затоа што сум уште средношколец али си знам по себе како разговарам јас со луѓе кој што имаат факултет.
Млад си ти синко. Ако сакаш да успееш на оваа грутка земја поарно побрзај со членството во УМС и почни уште од сега да го исплаќаш космодискот оти грбот боли како ѓавол после години ревносно лепење плакати.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Добро друже секој има различно мислење ама вакво мислење како твоето се добива само од такви како тебе што се без факултет.
Измачи се 4 години и живеј го остатокот од животот како ЦАР. Луѓето ќе пазат како разговараат со тебе. И оние којшто не ти се толку блиски нема да ти се обраќаат со ТИ туку со ВИЕ.
Не сум го искусил тоа затоа што сум уште средношколец али си знам по себе како разговарам јас со луѓе кој што имаат факултет.
Со вакво размислување не е далеку денот кога ќе се одзиваш на Мееееееееееееееееееееее - тоди.
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Вујна ми 7-8 години со диплома и без работа, има 2 деца за гледање и ги гледа со правење на торти. Вујко ми дома преведува серии и оде на работа за 15-16илјади исто со диплома. Тетка ми се акала да зазврши медицина и средно и факултет и сега работи за 16-17илјади. Факултет вреди надвор од Македонија над 3000км во радиус
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Порано до пред 6-7 години да, завршуваш факултет и одма наоѓаш јако место во фирма, зошто се издвојуваш. Тогаш ретко кој завршуваше факултет. Сега секој завршува факултет а и на сите ни е јасно како одат работите моментално у државава, не е битно колку знаеш, туку кого знаеш.. така да излагајте, дружете се со луѓе :)
 
А

Атомската мравка

Гостин
Бидејки главната цел поради која се завршува факултетот е добро работно место (читај пари) напрај си едноставна споредба, колку заработуваат тие што имаат факултет а колку тие што немаат во твојата околина па и пошироко. Ќе си го дадеш заклучок самиот, има исклучоци не викам не ама генерално тие што се со добар факултет имаат поголема шанса за добра заработувачка.

Секое инвестирање во знаење се исплати, едно од нив е и факултетот..
 
Член од
12 август 2014
Мислења
101
Поени од реакции
173
Тоа што ке го доживееш на факултет и лугето што ке ги запознаеш нема на друго место кое што ке ти го овозможи тоа. Ке си проживееш гледај и од таа страна. Тоа дали се исплати или не е релативно и зависи од многу фактори. Најбитен фактор си самиот ти колку си научил, колку си способен и можеш тоа да го примениш(пријателите за жал се многу многу битен фактор), но можеби сам ке си ги отвориш вратите на факултет од тебе зависи. Ке запознаеш луге што еден ден може ке ти помогнат во таа свера. Општеството исто е битен фактор, но ако те бива ке се снајдеш во државата, надвор од неа...
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
34
Поени од реакции
9
Со вакво размислување не е далеку денот кога ќе се одзиваш на Мееееееееееееееееееееее - тоди.
Ајде исправи ме каде грешам друже.
Изгледа и ти си без факултет и си без работа и дремиш по цели денови на форуми и сакаш некој да дојди на врата да ти тропне да ти понуди работа. Епа веќе ако е така како што претпоставувам наместо да дремиш по форуми од 2009 си можел да научиш 4 јазика и да работиш некаде а не тука на мене да ми солиш памет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom