Прво како што чинам римз спомна има премолчување во смисла не кажување на нешто и има премолчување на дадено прашање, што во основа е и одговор ако е да/не прашање.
Јас лично кога сум прашан нешто а не сакам да ја доставам информацијата ради разноразни причини (нормално тука не станува збор за комуникација помеѓу партнери за теми кои директно или индиректно влијаат на врската) јас едноставно одговарам дека неможам да кажам поради одредени причини, и евентуално ќе посочам каде да го бараат одговорот и тука нема ни л од лажење, бидејќи човекот е едноставно искрен дека не е во состојба ради разноразни причини и приоритети да ја достави дадената информација. Инаку сите во армијата со воените тајни би се лажеле помеѓу себе.
Што се однесува до премолчување односно некажување на некои работи, тоа не е исто со лажење, но може да произведе слична реакција кај засегнатата страна како и лажењето, нормално многу зависи и од темата.
Ама јас сум сигурен дека никоја нормална партнерка нема да му се налути на својот партнер ако тој не и каже дека дента видел три типки по пат кои со својата појава сексуално го возбудиле, спиењето со други партнери е сепак друга проблематика.......