Точно, јас нема да бидам виновен поради мојата перцепција, односно јас неам поима дека сум го убил човекот. Што значи дека убиството било несвесно.
Но што праи тоа разлика? Апсолутно е убиен од мои раце, иако јас тоа не го знам. Човекот е мртов, ради мене.
Но,кој и што си ти?Како се дефинираш и гледаш себеси,а и човекот како индивидуа?Многу научници за тебе и за мене ќе кажат дека сме сапиенси,со што во нашата индивидуа свеста влегува како примарен фактор за да терминот индивидуа сам по себе постои.Знаејќи го тоа,месечарењето влегува во подвидовите афекти,значи се смета за вонсвесна состојба на човекот,а со тоа е апстрахирана од казнивост или пак воопшто не е казнива од системот.
Ако ти себеси сакаш да се сметаш за астралопитек или друга форма на праисториски човек,па да го алиенираш фактот дека си свесно суштество од самиот чин "делување" на свесно суштество,тогаш таа апсолутна вистина не си ни способен да ја потврдиш,затоа што знаеш дека човек е мртов,но не си капацитетен да оформиш целосна вистина околу моментот,чинот,преддејствието и пост-мортемот.
Освен тоа пеер,и тигарот ја јаде антилопата,па голем кур,животот продолжува и тоа не е некој битен чин или битна вистина за која треба да се пишуваат манифести.Тоа е само една обична вистина на секојдневието,правило на циркулат во природата,кој е менлив под факторот време и (де)еволуција(кои се две неверојатно битни единки,а вие кои ја застапувате теоријата на Хуманистичка Перцепција кон Апсолутната Вистина толку инфантилно успеавте да ја отфрлите(најверојатно оти сте у мнозинство и на ценетиот господин toecutter му згорчи од враќање на старите релативитети упорно во дискусија)).
А апсолутна е дека човекот без кислород умира
Да се задржиме малку кон ова инаетливо навраќање кон човекот и како тој гледа кон светот.
Индустрискиот напредок е факт на денешницата.Со која сигурност може да се каже дека човековата адаптибилност е толку мизерна,па да во тешка индустриска средина без големи количини кислород(а постепено и без кислород) човекот не би се адаптирал?Па тој се адаптира од едноклеточен организам се до двоножен предатор,константно менувајќи го анатомскиот часовник.
Научниците во станицата Мир,своевремено,додека таа постоела,имале неверојатен тренинг во безгравитациона и безатмосферна средина,па тоа ни дава до знаење дека,ако ништо друго,тоа е прв чекор во еден процес на адаптација на кој му требаат илјадници години за од човекот да направи суштество кое ќе троши сосем поинкаво гориво за дишење.
И на крај,не сме ние центарот и(ако веке инсистираме да бидеме)нашата перцепција за вистината е само наша.Со тоа,тогаш кога човек ќе преживее вонтелесно искуство и ќе плови низ космичките вистини преку отворањето на тајните од Merkabah,тогаш може барем да се дрзне да зборува за тајните вистини кои тој ги видел...ама па дури и тоа искуство е повеќе душевно исполнување и себеоткритие отколку нешто од размери како една вистина над вистините,една непобитна константна,која ниту една промена на универзалните текови нема да ја собори од тронот на beacon and lighthouse for the forms of Creation and Void.