Дали помагање на други луѓе е себичен чин?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Дали сте себични?

Прееска гледав пријатели, и една серија беше цела за оваа тема баш (може и ќе ви текне на истата), па така се сетив :P
Конкретно муабетот беше дека сите сме себични затоа што секое добро дело што го правиме, го правиме за да се осеќаме ние подобро или погорди или нешто слично, па според тоа нели, истото го правиме од себичност ... за наше задоволство. Ме замисли сето тоа ... на крај и јас си се сложив дека е така :lol: ... значи кој не е себичен? И ако не е некој, дајте пример што ќе го негира горенаведеното :)
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
и сум и не сум, неможам да се правам светец, зашто кога ке подразмислам убаво сум понекогаш себичен
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Материјално никогаш.
Себичен сум само во смисла да му пренесам на некого знаење од некоја област. Оправдано?
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Јас барем мислам дека знаењето од некоја област треба да се пренесува несебично, со тоа се постигнува развиток и континуитет.
Во тој поглед јас никогаш не сум бил себичен и скоро се што сум постигнал, сум пренел на некого ако барал. Сум имал многу такви прилики и чуството некого да научиш и да му покажеш нешто е единствено.
Оправано би било знаењето да не се пренесува на оние кои знаеш дека нема да го употребуваат.

Помагањето на другите не би го нарекол себичност. Освен ако уживаш само во своето чуство неразмислувајќи за чуството на луѓето на кои си помогнал.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Оправдано ми е мене све што не штети некому ... а тоа со знаењето ... те поддржувам и оправдувам и за тоа уствари ... неможе секому да му го пренесеш туку-така тоа што си го стекнал со труд :)

Да хуманоид, затоа кажав не се пренесува туку-така ... ако некој побара и знаеш дека му треба и ќе го искористи како што треба, секако дека е единствено задоволство да се покаже :wink:
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
humanoid напиша:
Јас барем мислам дека знаењето од некоја област треба да се пренесува несебично, со тоа се постигнува развиток и континуитет.
Во тој поглед јас никогаш не сум бил себичен и скоро се што сум постигнал, сум пренел на некого ако барал. Сум имал многу такви прилики и чуството некого да научиш и да му покажеш нешто е единствено.
Оправано би било знаењето да не се пренесува на оние кои знаеш дека нема да го употребуваат.

Помагањето на другите не би го нарекол себичност. Освен ако уживаш само во своето чуство неразмислувајќи за чуството на луѓето на кои си помогнал.
Точно до збор. Жив сведок сум. Знаат за што зборам Acid, Стенмарк, Гижо, Анонумус, Стритс.. и не знам уште кој беше. И секако можеби знае и humanoid ако веќе и не заборавил :D :D :D
Со еден мал негов гест кој доволно говори.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
ако збориме за пренесување на знаење од типот, да му дадеш на некој да препише на писмена или да му кажуваш кое е точно прашање, тогаш не сум себичен :D имам добивахо и слаби оценки заради тоа помагање
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Таков сум. Убијте ме! :) Можеби е така затоа се што знам сум го научил и постигнал сам.

Но, не сум со сите таков нормално. Има луѓе на кои ти е мерак да им покажеш нешто, и има дудлачи кои сакаат набрзинка да стекнат нешто. Е мене ме боли навистина кога некој таков сака за еден ден да го дознае она за кое што мене ми требале многу денови (и ноќи).
И те прашува како навиена машина "Еј, а како ова", "Ај те молам уште ова", "Еј, мора и ова..", како да си платен да му покажеш.

Гижо напиша:
ако збориме за пренесување на знаење од типот, да му дадеш на некој да препише на писмена или да му кажуваш кое е точно прашање, тогаш не сум себичен :D имам добивахо и слаби оценки заради тоа помагање
Не станува збор за препис на писмена, тоа не е знаење, тоа е диктат кој нема да го запамти! :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Точно. Жерард направи убав гест кога се запознавме првпат.
Не почасти со гооолемо чоколадо Милка, тоа не се заборава. :wink:
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Acid напиша:
Точно. Жерард направи убав гест кога се запознавме првпат.
Не почасти со гооолемо чоколадо Милка, тоа не се заборава. :wink:
:D :D :D тоа не би го навел како пример. Верувај :D

(ЛП)
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Мистичен напиша:
Гижо напиша:
ако збориме за пренесување на знаење од типот, да му дадеш на некој да препише на писмена или да му кажуваш кое е точно прашање, тогаш не сум себичен :D имам добивахо и слаби оценки заради тоа помагање
Не станува збор за препис на писмена, тоа не е знаење, тоа е диктат кој нема да го запамти! :)
да, ама и тоа е несебичност :D
 

Mesaja

Dot.
Член од
14 јуни 2005
Мислења
5.532
Поени од реакции
16
Па.....некогаш сум себичен.....нормално е тоа нели???
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.417
Поени од реакции
7.770
Mesaja напиша:
Па.....некогаш сум себичен.....нормално е тоа нели???
Да, тоа е сосема нормално. И јас сум таков, или барем сметам дека сум, другите можеби поинаку мислат. :D :D :D :D :D
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Сакам да си мислам дека не сум себичен, и многу пати си го кажувам тоа сам на себе, ама знам дека сум. :wink:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
И јас понекогаш се фаќам во во такви ситуации - сум помогнал некому за јас да се осеќам подобро, или сум го изел цело чоколадо без да оставам парче за жена ми :) :)
Кога ќе размислам подлабоко, во скоро сите работи што инстинтивно (без размислување) ги правам, може да се најде доза на себичност - повеќето пати во нематеријална смисла. Веројатно некој потсвесен одбранбен механизам или нешто такво.
Мистичен напиша:
Но, не сум со сите таков нормално. Има луѓе на кои ти е мерак да им покажеш нешто, и има дудлачи кои сакаат набрзинка да стекнат нешто. Е мене ме боли навистина кога некој таков сака за еден ден да го дознае она за кое што мене ми требале многу денови (и ноќи).
И те прашува како навиена машина "Еј, а како ова", "Ај те молам уште ова", "Еј, мора и ова..", како да си платен да му покажеш.
Е ова ме пизди тотално. Се појавува батак што нејќе да си потроши време да прочита ем да научи нешто, ќе те гњави тебе два саати, на крајот испаѓа дека ништо не разбира што му кажуваш и треба да почнеш да му објаснуваш од историја на календарот наваму - а ако го одбиеш си пе*ер, ваков, онаков... И кој е сега себичен? Ако видам дека се труди, дека е на добар пат - немам проблем со делење на знаење, без разлика колку ми било тешко да најдам/научам. Ама ако видам дека сака на готово - е батка, си се заебал, прво ќе се испотиш, па после.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom