- Член од
- 12 јануари 2010
- Мислења
- 87
- Поени од реакции
- 23
Српскиот претседател Борис Тадиќ изјавата на косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи, дека ќе испрати специјални полициски единици во Северно Косово ја оцени како отворена закана за војна.
Тадиќ наведе дека косовските институции ќе бидат одговорни за „катастрофалните последици од евентуалното спроведување на таквата закана“.
„Таквите изјави и другите провокации го загрозуваат кревкиот мир и стабилност во Северно Косово“, се наведува во соопштението од кабинетот на српскиот претседател.
Шефот на Мисијата на ЕУЛЕКС, Ив де Кармабон денеска во Приштина изјави дека нема никаков договор за разместување на специјални единици цо областа на Косовска Митровица.
Кармабон наведе дека ситуацијата во северниот дел на Косово е мирна и оти за одржувањето на редот и мирот е задолжена косовската полиција под надзор на ЕУЛЕКС.
Извор: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=125154