Дали партијата ДПМНЕ има право да го носи името на МРО?

Дали партијата ДПМНЕ има право да го носи името на МРО?


  • Вкупно гласачи
    122
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Паметно дете си ти само од тебе и од неколку други непартиски обоени членови не слушнав некој паметен и интересен пост, туку само вреѓање.
слушнав???????? Јас прочитав на семафор црвено
 
Член од
28 август 2007
Мислења
308
Поени од реакции
8
Мислам дека форумов с опседнат со непартиски вмровци.
Како не можете да сватите дека сите македонци се вмровци зашто тоа е македонско, а не своевина на неколку членови на ДПМНЕ

Како ти неможиш да сватиш дека само вие неколку плукачи незадоволни од ништо не сте Македонци,поточно и вие не знаете што сте.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Како не можете да сватите дека сите македонци се вмровци зашто тоа е македонско, а не своевина на неколку членови на ДПМНЕ
Тогаш...зошто го бојкотирате 23 Октомври како државен празник???
 
Член од
5 декември 2007
Мислења
103
Поени од реакции
1
Абе малце уште

Добре, зошто не си го задавате вопроса, кога се појавјава по први пут идејата за независна Македонија и после се сетете за причата на цар Соломон и детето со две мајки. Аз ке ви кажувам топло-студено.
А инак и ТМОРО и ВМОРО и ВМРО (зошто го мавате ВМОРО стално) - сите су движенија, кои су били подржувани единствено и само от луге и организации от Бугарија. Другото е празни приказки. Абе елате во централната архива во Софија, мора само да донесете бележка, дека имате докторска или магистарска теза да пишувате, да платите мало пара и да го оставите пасошот на регистратурата. И поле читај, читај само оригинали на целото движение от 1893 до наши дни.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Јас знам ама ти очигледно поима немаш.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Имаше цела тема за тоа...зошто да се вртиме во круг? Образувај се малку.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
За среќа има повеќе ВМРО-а во Македонија па можеме сите да си одбереме некое и да не се расправаме вака по форуми кој имал право да го носи името а кој не,иако дедому,таткому или лично тој,бил најголем кодош во маалото и неговата фамилија работела контра Македонските интереси со децении,како што денес се случува во врвовите на ВМРО-ДПМНЕ,ВМРО-НП или во ВМРО-Македонска.
 
Член од
5 декември 2007
Мислења
85
Поени од реакции
0
Тогаш...зошто го бојкотирате 23 Октомври како државен празник???
Jas licno ne go bojkotiram praznikot. Samo smetam deka DPMNE pretera so poistovetuvanje na svojata partija so deloto na MRO.

Isto taka ne mi se dopagja sto vo brosurite sto gi delea vo dnevnite vesnici imase i lugje kako Panco Mihajlov, Todor Aleksandrov i Protogerov.

A i mozda najvaznoto e toa sto i pred da se sozdade MRO imalo makedonska revolucionerna borba - Kresnensko i Razlovecko vostanie, i ne e fer 23 oktomvri 1893 da se smeta za pocetok na revolucionernata borba, koga dolgo pred toa makedoncite se borele za svoite prava.

Ај протриј си ги и ти очите. Јас категорично тврдам дека тоа е Никола Гули. И нека ви текне зошто го тврдам тоа со огромна сигурност.

Терајте даље...
Sakav samo da te prasam - banerot od sajtot sto ni go preporaca ti da go citame, sodrzi sliki od Aleksandrov i od Vanco Mihajlov. Porano negirase deka toa bil Mihajlov.

Eve go banerot (pogledni go covekot najdesno sto e):



A eve go covekot vo pogolema slikitcka (doticniot e svinjata Vanco Mihajlov):

Vanco mihajlov


Dali seuste kategoricno tvdris deka e toa Nikola Guli, i zosto negiras deka ni preporacuvas sajtovi sto go velicaat Mihajlov?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Прекини да ги мешаш Тодор Александров и Панчо Михајлов таму каде што не им е местото.














 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Декларација од Централниот комитет на ВМРО против Манифестот од 1924 година



В М Р О
Слобода или смрт
N 772
1 август 1924 г.
Македонија

Д е к л а р а ц и ј а

Во првиот број на весникот “La Federation Balcanique”, кој излегува во Виена е напечатен еден манифест, кој ј се препишува на Централниот комитет на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.

Овој документ не е на Централниот комитет.

Од содржината и формата на овој манифест секој може да види, дека тој е дело на егзалтирани комунисти. Остриот јазик против владата на Бугарија и апелот кон сите Македонци и Бугари да поведат најрешителна борба против неа, како да е таа главната пречка за ослободувањето на Македонија, исто така ги издава партизанските чувства на неговите автори.

Во септември минатата година, Централниот комитет на ВМРО во своја декларација го изложи карактерот на македонското ослободително движење. Во неа се кажува:

“Револуционерната организација ги обединува сите класи на македонскиот народ без разлика на народност, религија, пол и политички убедувања”.

Четите и легалните конспиративни групи, чијашто мрежа се простира врз цела Македонија, се регрутирани меѓу населението без разлика на раса. Во нив учествуваат и мажите и жените и момите и децата.

Во истите чети и конспиративни групи дејствуваат рамо до рамо граѓани и селани, Македонци, Бугари, Турци, Куцовласи, Грци, гркомани и србомани. И најпосле мрежата на Револуционерната организација ја образуваат и луѓето со конзервативни идеи, и оние, со демократски, социјалистички, радикални и дури со комунистички убедувања. Од горе кажаното излегува, впрочем, дека Македонската револуционерна организација не е шовинистичка, туку чисто национална. Нејзините приврзаници не се задоени со омраза против кој и да било народ. Народите не се нејзини непријатели. Таа се бори против угнетувачките влади и нивните поддржувачи.

Револуционерната организација декларира, дека таа е апсолутно туѓа на политиката на бугарската влада.

Внатрешната Македонска Револуционерна Организација ќе продолжува да следи една линија на независно поведение. Таа смета за успехот на својата кауза на слободољубивото мислење на целиот свет и на сите организации и групи, коишто ја напишале на своите знамиња заштитата на правото за слободното самоопределување на народите. Поточно - таа смета на моралната и материјална помош на сите емигранти во Бугарија, Америка, Турција, Русија, Романија и во другите земји, без да се меша во нивното делување. Таа смета, најпосле, на подршката на сите народности, што живеат во државите кои си ја поделили Македонија и кои се борат за својата национална и политичка слобода. При сето тоа, Внатрешната Македонска револуционерна организација смета пред сe на своите сопствени сили. Таа изјавува категорично, дека нема да го стави оружјето, пред да ја постигни својата цел - полното ослободување и единството на македонското население, основањето на слободна и независна Македонија.”

Внатрешната Македонска Револуционерна Организација не може да му служи на никоја држава и на никоја партија, во која и да е држава. Таа смета на помошта и подршката на сите држави во нејзината борба против угнетувачите на Македонија и против непријателите на македонската слобода. За таа цел таа влегува во врски со сите големи и мали политички фактори во светот. Без сомнение, Централниот комитет не си прави илузии, дека ќе може некогаш да ги придобие сите сили за справедливата македонска кауза, но тој се стреми по можност да направи повеќе да ги придобие добронамерниците на изнемоштеното македонско население. Секоја помош, од каде и да потекнува таа, се прифаќа, но со обавезен услов да ја зачува својата полна самостојност и слобода во своите дејствија. Треба многу слабо да се познати составот на ВМРО, нејзините традиции, нејзините цели и нејзините методи, за да може некој да си помисли, дека таа може да му служи на една партија или на една класа. ВМРО е по суштина национална организација. Таа се бори за лични човечки и граѓански права, слободно културно самоопределување на народите и политичко самоуправување на Македонија.

Борејќи се за националните права на народностите во Македонија, во целата нивна полнота, ВМРО се бори, само по себе произлегува, и за поголема социјална правда, затоа што националното ропство во завладеаните земји се покривот од политичкото и социјално ропство. Кога сите класи и сталежи од една народност се чувствуваат потиснати, макар и во различна мерка, тие би си напакостиле на себеси, ако му дадат предност на своите приватни интереси пред да се доберат со заеднички усилби до овие елементарни права и слободи, без коишто е невозможен каков и да е политички, економски и културен напредок. Што се однесува до Бугарија, Централниот комитет, кога изјавува дека не е работа на ВМРО да се меша во внатрешниот и политичкиот живот, но дека ќе се бори со сите сили и средства против непријателите и злоупотребителите со нејзиното име и престиж, кои и да се и каде и да се наоѓаат тие, смета, дека е време, сите политички партии и фактори да разберат дека ВМРО е единствена компетентна да ја насочува својата дејност во преследувањето на својот идеал - слободна и независна Македонија. Тоа се налага особено од условите, што најголемо учество во ослободителното дело земаат Македонците, поради простата причина, што тие се најпритеснетите и најмногубројните во поделената и поробена земја. Не е само долг на хуманост, туку е и национален долг, сите Бугари, без разлика на партија, да сочуствуваат со македонското дело, или најпосле, во никој случај да не му пакостат заради свои партиски интереси.

Тоа било, тоа е и денес становиштето на Централниот комитет. Сите други манифести, декларации и др., коишто се појавуваат или би се појавиле од негово име, ги ангажираат само нивните автори и никого друг.

Од Централниот комитет на ВМРО
/п/ Тод. Александров /п/ А. Протогеров
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
исмо на Тодор Александров до Ал. Стамболиски

„Слобода или Смрт“
В.М.Р.О.
10 април 1923 год.
423
Македонија

ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
До г. Ал. Стамболиски, копие – неговите другари министри и познати видни општественици, пратеници, претседатели на друштва во Софија и др.

Ако и покрај нашите неколкукратни потсетувања за тоа, пак се насрчите да ги испратите во Македонија под бугарска власт познатите разбојници на бугарското општество – „федератисти“ и дискредитираните пред сите бугарски граѓани и пред светот крадци-„портокалови гардисти“, ВМРО, пред да го стави во исполнување т. 2 од решенијата во окружното под број 303/922 год. и окружното под број 416/923 год., од кој по еден примерок Ви се приложува тука, го смета за свој заповеден долг да Ве предупреди за последен пат, дека за сите лоши последици од ова безумие во Царството Бугарија и за целото бугарско племе ги држи за одговорни: Вас лично, Вашите другари министри и сите вредни учесници во ова дрско и предавничко злосторство, претседатели на друштва и др. земјоделски големци.

Прилог: 2 окружни, под број 303/922 и 416/923.

Чл. во Ц. К. на ВМРО
(п) Т. Александров
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
А ако зборови лажат, слики не.



За што тоа се борел Тодор Александров.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
44
Поени од реакции
3
Едно од најголемите табуа во Македонската национална историографија во изминативе 60 години е Бугарија и ВМРО.
Во класичен комунистички стил селективно се пласираа информации за одредени личности и организации без да се даде објаснување на историскиот контекст на настаните, затоа и ни се случува да после 17 години “независност“ сеуште да немаме национален консензус кој сме што сме, која е нашата етногенеза. Овдека во претходните постови се развива дискусија околу правото за некој да се вика ВМРО. Мојот став е јасен да, зашто да не? Исто како што СДСМ има право да се вика КПМ или СКМ (само што некако не им се допаѓа таквото поистоветување, не е во мода да бидеш комуниста). Во однос на припадноста на Александров, Михајлов и компанија кој што застапуваат пробугарски ставови, јас би запрашал, а какви ставови застапуваше Колишевски, Глигоров, Црвенковски, Малевски, дали овие ликови треба по автоматизам да ги прогласиме за немакедонци. (башка побајаги материјал оставаат за такво нешто).Што е со осудата на Трбиќ, на останатаите србомани, во која партија ваквите србомани се инфлитрирани, дали е тоа таканаречената СДСМ, дали таму можеме да ги најдеме? Дали имаме полно право СДСМ да ја наречеме антимакедонска збирштина со оглед дека ги имаме на купче (југоносталгичари, србомани, срби, цинцари и слични антимакедонски сили). Во рамките на револуционерната организација впрочем и не постои некој кој што е наклонет кон Србија или Грција. Постојат само варијации на тема кој што се движат од Автономија до отворени симпатии кон Бугарија. Мисирков го потврдува истото, кај него постојат исто така варијации од комплетна самостојност до пробугарски ставови. Да се префрлиме на комунистичкото движење, какви беа ставовите на Шаторов, на Шатев на Ченто, Чучков, Брашнаров, Рацин, Кузман? Дали беа идентични со Лазо, Видое Смилевски, Темпо? Зашто пола УДБА по војната беше исклушиво составна со Срби и просрбски кадри?
Зашто Античка Македонија 60 години беше табу тема? Работите се комплексни или ќе се открие вистината или ќе не нема. Дај да расчистиме кој се Македонците? Или ќе ги прифатиме сите под бајракот на Македонија и како Македонците заблудени од пропагандите или преку к... од вакви комунистички сценарија еднострани демек бугарашиве се лошите, а србоманите се добрите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom