Дали оправдувате полигамија?

Дали сте за полигамија?


  • Вкупно гласачи
    31
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Во еден јудео-христијански свет полигамијата е една од најнепочитуваните работи, но дали тоа е во склоп со човековата природа, над сите општествени условувања? Статистиките кажуваат дека во брак и мажот и жената знаат често да изневеруваат, некои дури да водат двоен живот, и сето тоа во тајност, бидејќи не е во склоп со моногамните налагања во општеството. Доколку се прифати една полигамна природа на човекот, зошто тогаш таа не се оправда и општествено, па да човековата природа излезе на виделина? Тогаш проблемот на неверството би се решил.

Ваши мислења...
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Ете каде лежел зајакот. :) Неверства, љубомора, одмазда, убиство, силувања и сл...... сето ова верувам значително ќе се намали доколку општеството го искорени моногамниот брак и се врати кон тоа што природата ни го наложила.

Браво за темава. Мојот глас е едно големо ДА! (y)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
Статистиките кажуваат дека во брак и мажот и жената знаат често да изневеруваат, некои дури да водат двоен живот, и сето тоа во тајност, бидејќи не е во склоп со моногамните налагања во општеството.
изневеруваат затоа што...сопружникот не сака да го дели својот брачен партнер со друг. Да сакале, нема да се нарекува изневерување и двоен живот. Освен за луѓе кои не се во брак кои бараат слободен секс, ваков начин на живот се коси со поимот љубов и брак. Не можеш да сакаш 2 особи емотивно и сексуално исто. Кога навистина ќе засакаш некого, нема да ти е воопшто сеедно дали во моментот се мази со дватројца рунтави, им готви ручек и им ги пере чорапите.
Дали е човекот полигамно суштество тоа не најдов, дали се само претпоставки, но и да се точни, голем дел од човековата природа е изменета така што кога би се однесувале според нашата природа, не би стигнале далеку.

Како е докажано дека човекот има полигамна природа?
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ете каде лежел зајакот. :) Неверства, љубомора, одмазда, убиство, силувања и сл...... сето ова верувам значително ќе се намали доколку општеството го искорени моногамниот брак и се врати кон тоа што природата ни го наложила.

Браво за темава. Мојот глас е едно големо ДА! (y)
Си пробал?
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Како прво сите имаме различни мислења на одредени теми, го почитувам секој одговор -ваш избор - ваше право. Но јас сум за едно големо НЕ. Зошто? Мислите се ќе се среди во овој случај? е баш тогаш ќе се создаде поголем хаос. Мислам дека не би се сложиле вашиот/вашата партнер/ка да ве дели со друг... а кој ли воопшто би се сложил?:confused:
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Не, сеуште не сум женет, но планирам кога ќе стапам во брак истиот да биде полигамен. ;)

P.S. Факт е дека вистинска моногамија е екстремно ретка кај животните, додека помалку од 2% од цицачите истата ја практикуваат. :cool:
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Како е докажано дека човекот има полигамна природа?
Па не е докажано. Затоа и реков "Доколку се прифати една полигамна природа на човекот".
--- надополнето: Jun 27, 2011 11:19 AM ---
Да се дообјаснам. Не дека сум дефинитивно непобивливо убеден дека полигамијата е "права ствар", но сега засега гледиштата и животните искуства ме тераат да помислам дека и таа алтернатива е легитимна.

Проблемот кој се јавува е: Што би правеле децата во тој случај? Како би се развивале психолошки знаејќи дека татко и има и други жени, а мајка и други мажи? Затоа и ја додадов третата опција, каде можеби полигамноста е некоја животинска еволутивна нишка, и треба да се изживее во младите години, за потоа човек природно се стабилизира и да не чувствува потреба од повеќе жени/мажи.

Затоа можеби и не е толку страшно неверството во тинејџерски години и нешто понатаму. Тогаш се открива сексуалноста и нормално е човек да има потреба да експериментира со повеќе партнери, а да неможе да се задржи долго време со еден. Вака идеализирано звучи одлично, но во пракса скоро секогаш едниот останува повредено, кога другиот си наоѓа друг партнер. Но сепак тие години на сексуално експериментирање да речеме би поминале и би постанале изживеани и потоа природно би дошла следната фаза - семеен живот, каде личноста спонтано и доаѓа да се предава само на еден партнер.

Но бидејќи општеството го вметнува поимот "неверство" да важи уште за деца од 18 години е страшно. Тие се мали, експериментираат со сексуалната енергија, собираат искуство. Подобро да експериментираат, а не да потиснуваат, па на постари години ќе манијачат мали девојчиња. Оттаму се јавува и педофилија. Затоа општеството мора да има поотворени гледишта кон овие проблеми и мора да сфати дека не секогаш одговорот е фиксен со "Да" или "Не", туку е сместен во една временска димензија каде постепено полигамноста изчезнува во текот на зрелоста.

На тој начин личностите со текот на експериментирањето би станале позрели и би сфатиле дека свршувањето не е "le grand finale" на сексуалниот чин, туку само физиолошко празнење, а оргазмот може да се доживее на многу повисоко, подуховно ниво. Оттаму ќе изчезне и потребата од гледање на порничи, а со тоа и падот на порно индустријата. Оттаму ќе изчезнат и комплексите што најчесто се резултат на сексуална потиснатост (Да Фројд имал право). Оттаму ќе изчезнат и чувствата како љубомора, завист, потреба за одмазда и слично...
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Полигамијата била разумна опција во општества кои имале дефицит на машко население. Ова во минатото се случувало често поради постојаното војување, во кое колатерална штета биле токму мажите. Големите конфликти би можеле да бидат погубни за еден народ/племе/род/раса ако се спречи нормалниот развиток т.е. размножувањето. Секоја жена требало да си има свој маж за оплодување. Во недостиг на мажи, можно било да дојдат повеќе жени на еден маж, се со цел да нема ќор-сокаци во семејните стебла.

Вие овде најверојатно мислите на сексуална слобода. Тоа е нешто што никој не го брани. Неверството не е канзиво со закон!!!
Работата е што луѓето тоа нема да го прифатат целосно! Без разлика на тоа колку сме фатиле лево во нашите убедувања и размислувања, љубомората секогаш ќе постои и тешко дека ќе дозволи да се развие вакво општество.

P.S. Факт е дека вистинска моногамија е екстремно ретка кај животните, додека помалку од 2% од цицачите истата ја практикуваат. :cool:
Моногамија е заснована баш на оние вредности кои не одделуваат од животните. Мислам дека не би можело да се се споредуваме со животинскиот свет, оти кај нас сево ова оди по други патишта....

Сума сумарум: НЕ! :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Не ја оправдувам, но и не бегам од неа
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Се е (би требало да е) работа на договор меѓу особа А и особа Б.
Ако се договорат да се ебат и со други...никому ништо, две полнолетни особи и тоа...нивна ствар.
Ако не се договорат така (а сите имаат мозок,гласовен апарат и други средства за договарање на толку основни работи во врска/брак) а некоја од договорените страни го прекрши договорот...тоа е лицемерие...

Инаку смешно е барање биолошко оправдување за нешто кое е целосно под наша контрола и е наш избор.
Демек “ние“ сме полигамни нешто како “ние“ имаме потреба од сон па спиеме 6,8,9 саати и не можеме поинаку...троа накај fail премиса излегува...

Биолошки ништо не не спречува и да ебиме животињи,лешеви,огради,мотокултиватори,дрва,особи од исти пол,деца,старци,да уживаме во секс збогатен со фекалии и било што од листата на 459 парафилии...
Дали ќе го правиме тоа е сосема друга работа...
 
S

smexy

Гостин
Не оправдувам.Мувла е.Од седење на две столчиња боли газот.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Не, сеуште не сум женет, но планирам кога ќе стапам во брак истиот да биде полигамен. ;)
Затоа можеби и не е толку страшно неверството во тинејџерски години и нешто понатаму. Тогаш се открива сексуалноста и нормално е човек да има потреба да експериментира со повеќе партнери, а да неможе да се задржи долго време со еден.

На тој начин личностите со текот на експериментирањето би станале позрели и би сфатиле дека свршувањето не е "le grand finale" на сексуалниот чин, туку само физиолошко празнење, а оргазмот може да се доживее на многу повисоко, подуховно ниво. Оттаму ќе изчезне и потребата од гледање на порничи, а со тоа и падот на порно индустријата. Оттаму ќе изчезнат и комплексите што најчесто се резултат на сексуална потиснатост (Да Фројд имал право). Оттаму ќе изчезнат и чувствата како љубомора, завист, потреба за одмазда и слично...
Обично полигамијата ја заговараат мажите кои имаат идеализирна слика дека ќе можат да се сексаат со кого и колку сакаат без да му бидат верни на еден партнер. И најчесто се тоа мажи кои никогаш не пробале полигамија на пракса туку само на теорија :).

Полигамијата се соочува со два големи проблема за да биде функционална.

1) Партнерот ќе има право да биде исто така полигамен и баш сакам да ги видам сите полигамни јунаци кога девојката во која се до уши заљубени ќе им рече, сонце вечер одам да се видам со љубовникот ќе се вратам задутре не ме чекај :). Кој ќе остане среќен и ќе и посака добар помин и успешен секс е стварно полигамен а кого ќе го сецне нешто во душа подобро да не се прави мангуп со полигамија за да не се изгори :).

2) Втор проблем е наоѓање на полигамен партнер. Дури и да е едниот полигамен има големи шанси ако му каже на другиот да добие клоца (раскин на врска или развод) и да остане сам. Почнува весело а најчесто завршува во катастрофа :).

Неверството е страшно затоа што е неверство односно лажење и нема тука никакво оправдување а и нема врска со полигамија.

Чувствата како љубомора, завист и одмазда не само што не исчезнуваат во полигамна заедница туку често и се зајакнуваат, ова е заблуда којашто што побргу треба да се напушти.

Освен тоа има разлика помеѓу вистинска полигамија со љубов (двајца се пар и примаат трето или четврто лице во врската) и слободно сексање со повеќе партнери и не треба да се мешаат тие два поима.

Вистинската полигамија на теорија е супер но праксата е најчесто тапа :).
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
569
Поени од реакции
339
Не, сеуште не сум женет, но планирам кога ќе стапам во брак истиот да биде полигамен. ;)

P.S. Факт е дека вистинска моногамија е екстремно ретка кај животните, додека помалку од 2% од цицачите истата ја практикуваат. :cool:
Сега планираш да имаш полигамен брак, но тоа не зависи само од тебе туку и од партнерката со која ке стапиш во брак. Имаш одлично објаснување од Каисер па се надевам дека ке ти помогне да си го смениш мислењето пред да си направиш катастрофа со полигамија :p
 
S

Sagan

Гостин
Не се сите човечки суштества створени способни за брак и за обврските кои произлегуваат од него. Некои тие обврски ги гледаат како рестрикција, ограничување на слободата која ја стекнале од раѓањето. Не можат / не сакаат да се врзат, светот го гледаат преку призмата на сексот и тоа е тоа. Таквите воопшто не би требало да се впуштаат во брак, бидејќи само ќе уништат нечии животи.

Полигамијата во оваа тема ја сфаќам како договор меѓу возрасни, со кои тие се откажуваат од ексклузивитетот со сексуалниот партнер. Таква полигамија е во ред, бидејќи никој никого не лаже и не мами (е сега, дали ќе го боли некој, тоа е индивидуална ствар).

Полигамен брак не ми е ок, бидејќи не ја гледам целта на таква институција.

Сепак, мое мислење е дека полигамните луѓе не се способни емоционално да се врзат (и спроти тврдењето дека можат да се врзат со повеќе од еден), т.е. сметам дека не научиле да сакаат / се плашат да сакаат. И тоа го гледам како душевен хендикеп.

Од друга страна, не малкумина, и покрај тоа што сакаат некого, имаат потреба од промени во сексот / менување партнер, каде сексот останува само на тоа. Како и да вртиш, сложено прашање е , зависи од индивидуата и не може да се генерализира.

Најбитно е секој да го прави тоа што осеќа дека сака да го прави и притоа да биде искрен спрема другите и јасно да им стави на знаење што сака, а не да лаже или изневерува. Така целото општество би функционирало многу подобро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom