Дали некогаш сте контрадикторни самите на себе?

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
За многу работи сум контрадикторна сама на себе. Не знам зашто. И дури имам и особини во карактерот кои се контрадикторни една на други.
??? Како е тоа можно? И едната и другата особина се твои... Не може да бидат контрадикторни една на друга, бидејќи и двете се дел од една целина и можат само да функционираат една со друга во исполнување на целокупната твоја личност. Барем јас така мислам...

Дај те молам објасни малку подобро.

Моите ставови се цврсти и не ги менувам во зависност од приликата, ама ми се случува да кажам нешто, па после на друга тема што ќе кажам да биде контрадикторно на првото.
Пааа... Тоа нели е менување на ставот?

П.С. :smir:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
??? Како е тоа можно? И едната и другата особина се твои... Не може да бидат контрадикторни една на друга, бидејќи и двете се дел од една целина. Барем јас така мислам...

Дај те молам објасни малку подобро.
Е ајде де.:icon_lol: И јас се чудам. Не можам да се објаснам поубаво, кога ни јас тоа кај себе не го разбирам.:) И двете особини се дел од мене, но се контрадикторни една на друга разбираш? Сосема спротивни се. Тие се дел од целото, ама си противречат една на друга.

Пааа... Тоа нели е менување на ставот?

П.С. :smir:
Не е менување на ставот. Значи, ако збориме на една тема и имам мое мислење кое што е цврсто и кое не го менувам. После тоа се префрламе на друга тема и другото мислење кое исто така не би менувала и сум цврсто убедена во тоа ми е во некоја спротивност со првото. Иако, мислењето од втората тема не одговара за муабетот од првата тема, и обратно.:wink:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Не е менување на ставот. Значи, ако збориме на една тема и имам мое мислење кое што е цврсто и кое не го менувам. После тоа се префрламе на друга тема и другото мислење кое исто така не би менувала и сум цврсто убедена во тоа ми е во некоја спротивност со првото. Иако, мислењето од втората тема не одговара за муабетот од првата тема, и обратно.:wink:
Па добро, ама тогаш не може да кажеш дека првото е спротивно на второто, зашто всушност нема прво и второ: тие се две, сосема различни и не постојат во истиот контекст.

Мора да имаш две мислења за една иста работа, за да бидат контрадикторни. Две мислења за две различни работи се две мислења за две различни работи - не се никако поврзани едно со друго. Единствената врска им е што ти си ги кажала, ама ако внимававме секој да биде конзистентен во секоја прилика, ќе бевме умоболни :))))))
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Скоро за се имам оформено став, и не го менувам лесно. Може да ми се случи да бидам контрадикторна сама на себе, но тоа најчесто се случува случајно:) Единствено контрадикторна сум кога се работи нешто лично за мене...тогаш во еден момент викам едно, во др. друго...тоа можеби е така зашто сум во рамислување што би било најдобро да направам(мислам кога донесувам некоја одлука):)
 
С

Сатори

Гостин
Контрадикторна длабочина на морбидниот Меркур, ми стоеше во тајтл едно време, со причина.:)
Страшно контрадикторна личност сум, ги менувам ставовите, ги испревртувам, си играм крижи-мижи со нив и на крајот повторно имам 2 различни мислења за истата тема.:duel:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Скоро никогаш не сум си контрадикторен сам на себе, иако ми се има случено во само 1 минута да сменам мислење неколку пати...Но во најголем дел од случаевите тоа што ќе го зацртам никогаш не го менувам
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Контрадикторна длабочина на морбидниот Меркур, ми стоеше во тајтл едно време, со причина.:)
Страшно контрадикторна личност сум, ги менувам ставовите, ги испревртувам, си играм крижи-мижи со нив и на крајот повторно имам 2 различни мислења за истата тема.:duel:
:smir:

контрадикторен сум и тоа мноооогу...сам себе се лажам и си докажувам некогаш...не сум јас за совет :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom