Не. Зошто?
Затоа што досега, не зборувам за овој туку за другите форуми каде што бев член, кога ќе напишев нешто што е реално и вистинито, одма беше игнорирано или пак осудувано од страна на несозреани млади лица кои незнаат од носот подалеку. Кога пробав да го сменам односот на форумите, ме декларираа како саркастична персона со неадекватни амбиции знаејќи ја средината во која живееме. Дозволив рајата што стигнала до Интернет да ме понижува и навредува, шлајмот на општеството да се прави поинтелигентно од мене затоа што јас за цел имав да го подобрам односот меѓу луѓето денес. И секако, не успеав. Затоа што сме проста стереотипна нација што не прифаќа други размислувања и ставови.