Дали македонскиот јазик е „кул“?

Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Ништо ново Кики, сите го констатиравме тоа, но зошто сеуште на сите потписите ни се напишани на англиски? и Покрај констатацијата. :toe:
Некои реченици и цитати подобро звучат како во оригиналот. Понекогаш со преводот се губи онаа порака што сака писателот да ја пренесе. Конкретно мојот потпис е извадок од една книга и затоа останува токму онака како што е.:wink:
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Сметате ли дека македонскиот е сиромашен јазик?
Сум слушал многу работи ама се прашувам дека се пристрасни луѓето
Кога би слушнал некој неутрален - пр.германец т.е. славист којшто не потекнува од некои од словенските народи тогаш би можел да поверувам во неговиот суд за совршеноста на јазиците .
 
Shakti

The blue-lidded daughter of Sunset
Член од
6 ноември 2012
Мислења
918
Поени од реакции
3.372
Моја забелешка, можеби и грешам е дека нашиот јазик во однос на соседниве словенски јазици е посиромашен.На пример кај нив има зборови кои се задржале од старословенскиот, а кај нас тоа не е случај.Исто така сметам дека не се работело и не се работи на збогатување на нашиот јазик и на пример од еден збор да се изведат сите можни зборовни форми(именки, придавки итн.).Се потпираме на Речникот на мак.ј. од Блаже Конески кој за тоа време реално е големо достигнување, меѓутоа се останало само на тоа.Имаме доволно стручни лица кога е јазикот во прашање, но некако не се чувствува нивна заинтересираност и ангажираност околу збогатувањето на јазикот наш насушен.Јас додека студирав бев непријатно изненадена кога еден професор од Катедрата за мак. ј. кој предаваше морфологија и синтакса на м.јазик, предавањата ги сведуваше на читање од книга, а истиот тој беше и во комисијата за полагање на лекторски испит.И како после да се очекува од вакви луѓе да работат на јазикот?Секоја чест на другите професори за кои имам само позитивни критики.
Во однос на тоа дали нашиот јазик е интересен или не, мене лично ми е интересен и се трудам секогаш да користам наши зборови, но понекогаш како што беше споменато и погоре неизбежна е употребата на странски изрази со цел да не се изгуби смислата на тоа што авторот сакал да го каже.Исто така за некои странски зборови во нашиот јазик нема соодветен превод.Сепак сметам дека нашиот јазик допрва ќе се развива и збогатува на задоволство на сите, па нема да мораме во толкава мера да користиме туѓи зборови.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Моја забелешка, можеби и грешам е дека нашиот јазик во однос на соседниве словенски јазици е посиромашен.
на исто мислење сме;)
пред некој ден читав нешто за Израел и меѓу останатото , пишуваше дека кај нив постојат дури 11 зборови со кои би се опишал дождот ......а за рускиот и да не говорам , цела ризница од зборови
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
50
Поени од реакции
40
Јас кога си "зборам у глава" си зборам на англиски .. филмови :D
 
Член од
5 април 2012
Мислења
20
Поени од реакции
0
Добар си е јазикот што му фали? Јас би сакал само да е побогат.
 
~Miss Tete~

Грофица
Член од
6 септември 2009
Мислења
25
Поени од реакции
17
Значи нашиот јазик е многу интересен и богат и треба секоја генерација да го цени и да го возвишува. Постојат народи со изумрени јазици и ние тоа не треба да си го дозволиме. Инаку постои преголема американизација, пропаганда за ширење на нивниот јазик. Секако е потребен и воопшто неопходен во целиот свет, но не по таа цена што би се запоставил јазикот на земјата во која се шири (така да се изразам). Ете и овие American Corner што ги има на секој агол, и тие служат за таква пропаганда. Волонтери и триста чуда, се за англискиот јазик. Што нема Macedonian Corner во САД? Нашата граматика е единствена и уникатна. Нашиот јазик е просто преубав. И англискиот си има своја вредност и тежина, но за друга земја. Мислам дека самите ние дозволуваме таа пропаганда да се шири и никој друг. :icon_mrgr:
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598

Кога си свесен/а за болдираното оти барем не си ги смениш потписот и титулата на македонски јазик?
 
~Miss Tete~

Грофица
Член од
6 септември 2009
Мислења
25
Поени од реакции
17
Кога си свесен/а за болдираното оти барем не си ги смениш потписот и титулата на македонски јазик?
Бидејќи се така во оригиналот. :) Кога ќе пронајдам/смислам нешто што ќе ми се допадне на македонски, тогаш ќе го поставам. Во моментот тие се погодиле :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom