Дали казната е одмазда?

Дали казната е одмазда?


  • Вкупно гласачи
    55

OFcp&&&

МИСЛИТЕЛ
Член од
18 ноември 2007
Мислења
239
Поени од реакции
0
Што мислите во врска со ова?
Дали казната е одмазда?

( прво да прочитам неколку ваши мислења во врска со ова,па ќе го напишам моето мислење )
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Ако не е со добра намера, т.е. со цел да го опамети човекот, да. Би требало да оди со убав збор, ако не веднаш, кога тогаш на овој другиот да му светне. Различно од случај до случај, не можат сите случаи да се генерализираат.
Хм, може сега ќе ти дојде омилениот пријател - Сте слушале дека е речено: ,*Око за око, заб за заб'.
Јас, пак, ви велам: да не се противите на злото. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот.
А оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и горната облека.
Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот; а оној што ќе го нарече брата си ,празноглав', ќе биде виновен пред врховниот суд; оној, пак, што ќе рече ,будала', ќе биде виновен за во пеколот.
:)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Prvin napisi sto sakas da kazes so temava, koe e tvoeto mislenje, a potoa cekaj odgovori,, se razbira ako ne sakas ban ili kantosuvanje na temata.
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Ne mislam deka kaznata e odmazda vo nikoj slucaj. Kaznata postoi za da se nauci nekoj sto e dobro a sto ne. Zatoa postojat dva zbora kazna i odmazda. Odmazdata e da vratis nesto za sto si bil povreden, ponizen ili sl.:smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
OFcp&&&, дај прво разјасни за каква казна станува збор, односно малку приближи го концептот на темава со тоа што ќе го дообјасниш, за да можеме поконкретно да се одговориме на истата.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Каква казна? Божја казна, судска казна?
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
:helou: Ако казната е како воспитна мерка , не може да биде одмазда,на пр. првачињата ги ставаат во ќоше, сигурно учителката не им се одмаздува . Слично е и со родителите,тие ги сакаат своите деца но многу пати се принудени да применуваат казнени мерки,бидејки др. не делувало и тие мислат дека постапуваат така за нивно добро .Навистина не знам како би можело казната да биде одмазда, може да зборуваме дали е праведна или не , но казна заради :smir: :smir: :smir: одмазда јас мислам дека не е тоа .
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Меѓутоа каква е користа од казната ако таа не го опамети човека? Скоро секој ден слушам - извршил кражба, убиство, насилство тој и тој, добро познат на полицијата, повеќе пати осудуван и веќе лежел в затвор. Во ред, не велам дека не треба да се затвори и казни, меѓутоа ако човек не се опамети кога некој јасно ќе му предочи што тој направил, можете што сакате да му правите, џабе. Може и не е џабе ако примените некои инквизиторски методи но какви сте вие тогаш...?
Од мое лично искуство - најтешка казна е грижа на совеста. Не знам во која книга тоа беше опишано како најстрашниот дел од пеколот. На тоа треба да се работи со тие - како навистина да се соочат со тоа што го направиле.
 

OFcp&&&

МИСЛИТЕЛ
Член од
18 ноември 2007
Мислења
239
Поени од реакции
0
Зависи.

п.с OFcp&&& ај доискажи се.
Нема потреба од тоа,
смислата на темата,односно поентата е онаква како што вие ќе ја сфатите,затоа ја отворив оваа тема,да видам што мислите за ова,да видам како вие ќе го сфатите.
Затоа бев толку краток,за да не можете оваа тема да ја сфатите како што сакате,а да не бидете во грешка.

Или,ок,вака:
Дали мислите дека постои разлика помеѓу казната и одмаздата,која е таа,
зошто казната се одобрува,а одмаздата не...

Нели за оној што е казнет,таа казна претставува одмазда за делата кои ги направил,за делата за кои е казнет....

Доволно бев јасен?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Абе ти супер се искажа. Ама некако и претходно двата поими тешко се врзуваа поради нивната двосмисленост, сега со твоево дообјаснување потполно ме збуни.
Нели за оној што е казнет,таа казна претставува одмазда за делата кои ги направил,за делата за кои е казнет....
Доволно бев јасен?
???????
Не воопшто не си јасен, ај препрочитај го ова уште еднаш.
 

OFcp&&&

МИСЛИТЕЛ
Член од
18 ноември 2007
Мислења
239
Поени од реакции
0
Абе ти супер се искажа. Ама некако и претходно двата поими тешко се врзуваа поради нивната двосмисленост, сега со твоево дообјаснување потполно ме збуни.

???????
Не воопшто не си јасен, ај препрочитај го ова уште еднаш.
Нели за оној што е казнет,таа казна претставува одмазда за делата кои ги направил,за делата за кои е казнет....
Текстот што не е блодиран,претставува она што тој го гледа/сфача од неговата гледна точка,а блодираното од гледната точка на оние што го казнуваат.
Знам дека е двата поими е тешко ( но не и невозможно ) да се поврзат,но нели го отворив во темата филозофија???
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Мислам дека е одмазда на некој начин, да. Зашто ти го казнуваш со тоа му враќаш и се одмаздуваш. :helou:
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Јас не мислам така дека еказната е одмазда.Казната е повеќе како воспитна мерка.А одмаздата како потреба на некого да му вратите за нешто и некако е посложена од казната за објасување таа има емотивна основа додека кај казната емоциите се исклучени или помалку присутни било за судска било за казна од родителите и.т.н.
 

kLiNkA

Ponosna Hrvatica
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.116
Поени од реакции
5
ако е направена/воспоставена во момент на лутина (т.е. да не налутил тој, што ќе му ја дадеме казната..) тогаш може да се доведе на степен на одмазда...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom