Дали има потреба од македонско списание за игри?

Дали има потреба од македонско списание за игри?

  • Да, има

    Гласови: 53 75,7%
  • Нема потреба

    Гласови: 13 18,6%
  • Не знам

    Гласови: 4 5,7%

  • Вкупно гласачи
    70
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Не видов слична тема. Значи, дали имате потреба од некое квалитетно списание кое ќе нуди информации, рецензии, најави (и слично) исклучиво за видео игри? Или мислите дека Ентер ги задоволува сите потреби?
Во Хрватска уште пред десеттина години излезе PCPLAY,магазин кој извесно време важеше за еден од најдобрите во југоисточна Европа.
Дали ние имаме капацитет за ваква работа? Дали има доволно писмени ентузијасти и гејмери кои би создале и одржувале едно месечно списание?
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Искрено, нема потреба од македонско списание за било што. Особено не од технички теми.
Зашто?
1. Се што имам прочитано, додека читав македонски списанија, беше само лоша копија на статија од странско списание.
2. Јазикот со кои што се слушат елоквентните технички “новинари“ е, во најмала рака, смешен.
3. Во денешно време, кога и најголемите светски печатени медиуми развиваат стратегии за само-онлајн присуство, Македонија треба да размислува за започнување на ново печатено издание? Сепак, не.
4. Последователно, од точка 3. Онлајн издание на ново македонско гејминг списание. Ќе биде буквално исто како она што го опишав во 1. и 2. Значи, пак, не!


Фала, пријатно. :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Не се секирај ќе има гејминг есписание од Септември-Октомври ... а могуче е и една проба верзија да направам за месец Август, само ми требат уште 2-3ца што ќе можат да пишуват во списанието и то е то.
Па ако иде добро после 2-3 изданија, ќе продужаме даље... ако не ќе размислиме :pos:

@Vnuce
Јест да повеќето од списанијата било печатени или онлајн во глобала се копирани од останати сајтови, сепак ќе се обидам да направам нешто оригинално со мои рецензии и од другите од GMK, анализи и препораки на гејминг конфигурации, трикови, најави итн...
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Јест да повеќето од списанијата било печатени или онлајн во глобала се копирани од останати сајтови, сепак ќе се обидам да направам нешто оригинално со мои рецензии и од другите од GMK, анализи и препораки на гејминг конфигурации, трикови, најави итн...
Јес да веќе долго време, на жалост, не сум гејмер... Ако направиш нешто што ќе излезе од шаблонот на македонските “технички“ списанија, имаш целосна моја поддршка. Па, откако ќе се прошири списанието и на посериозни теми, ќе можеме и да соработуваме :)
Со среќа.
 
Член од
25 март 2006
Мислења
357
Поени од реакции
24
Нормално дека има, мислам дека ке биде интересно.
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Нема потреба. Може само да се направи еден поголем сајт/портал посветен на гејминг, ама за тоа треба инвестиции малку повеќе, како и тоа големите компании да овозможат нивните сервиси да се достапни и во Македонија (пр. Xbox Live, Playstation Network...).
 
Член од
15 април 2009
Мислења
657
Поени од реакции
112
Не е лошо да има едно списание.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.837
Поени од реакции
22.876
Треба да има..Не би штетело на никој..
 
П

Паган-др

Гостин
Јас мислам дека нема потреба. Како прво тоа списание знам дека нема да опстанува долго на пазарот, како второ пола од тие статии ќе бидат прекопирани од некој портал или друго списание. Доволно е само да се отвори еден голем гејминг портал, а гледам во последно време се отвараат.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Се е добродојдено.....само никој не купува списанија...:toe:
 
Член од
15 април 2009
Мислења
657
Поени од реакции
112
Се е добродојдено.....само никој не купува списанија...:toe:
Имаш право.. ако сакаш да најдеш нешто за некоја игра или ќе потражеш со чичо Гугл, или на gamespot..
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Како то знам ја збориме за еСписанија? А не за ппечатено списание како ЕНТЕР или нкое друго...

@boro1
Онда да им кажеме на Дневник, Вест.. да не печатат више? Има на интернет се што го има и во тие весници :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Како то знам ја збориме за еСписанија? А не за ппечатено списание како ЕНТЕР или нкое друго...
Според мене битен е квалитетот, а не формата (еСписание или хартија).
А тоа со квалитетот, малку потешко. Да речеме, Ентер ваков каков што е никогаш нема да биде за мене пример за добро списание.
Изгледа е наивно, но сепак верувам дека имаме капацитет за пристоен информатор на македонски јазик, кој нема да се состои од преземени и препишани текстови кои се при тоа и лошо преведени.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Секогаш ќе има потреба од списанија, бидејќи не можеш со мониторот да одиш во веце.

Но, поим за добро гејмерско списание беше PcPlay од нашите балкански (некаде до 2006 летото), а потоа длабоко потона и под стандардите на Ентер. Со воведувањето на трите летни броја во 2006та, кои содржеа мало книгиче и другото беше напишано во електронска форма - PcPlay и неговиот уредник видоа дека за помалце работа може да наплаќаат исто пари.

Денеска во него пишуваат деца, баш буквално деца во права смисла на зборот, кои за вошливи пари месечно склопуваат некои полу-рецензии.

Македонско списание за игри, квалитетно, никогаш нема да има. Бидејќи дури и денеска сите тинејџери од 13 години па натаму мислат само на пари, а без љубов и професионализам не се прави списание.
А кога 13 годишен мисли на пари, тек замислете колку мислат оние 20 и 30 годишните, кои и треба да го склопуваат списанието.

Од сегашните магазини, вреден за спомнување е OXM360, односно Official Xbox 360 Magazine, британска креација, правена од новинари гејмери.

Кај нас нема потреба од такво нешто значи, бидејќи знам дека ќе биде тиње.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom