Дали знаете како се лечи...

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Еве ако има некоја болест, која знаете дека се лечи, но не знаете како, слободно прашајте, па да си помогнеме меѓу себе.
На пример, мене ме интересира како се лечи несоницата (не знам колку се смета за болест, но мене мие голем проблем)
Ќе ти кажам нешто што и мене кога ми го спомнаа се газев од смеење и ми беше апсурдно ама стварно успева.. Пробав на себе..
Знаеш она што го викаат - Броење овци? Баш за тоа станува збор..
Тргни ги сите мисли од глава.. Немора баш овци да бројш, број што сакаш.. Направи си во глава слика како би изгледал тој предмет што ќе го броиш и како би ти се движел пред очи.. Коа ќе си легнеш баш тргни ги сите мисли од глава.. И потруди се да се фокусираш на тоа како тој предмет, на ист начин, во ист размак на време ти поминува пред глава и брои си во себе на секое поминување.. Сепак потруди се побрзо да си го вртиш тој филм, не премногу споро за да не ти дава време да мислиш на друго.. Од што е досадно тоа и глупаво ќе заспиеш веруј.. Знам звучи апсурдно ама ја коа ептен неможам да заспијам си бројам плишани играчки во облик на тигарче.. Мислам смешно е ама стварно.. Најмногу што досега памтам да сум избројала пред да заспијам се 60тина..
Сериозно ова.. Пробај.. Глупо звучи ама помага
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
.............депресијата? :( ќе умрам ептен ми е тешко неам среќа во ништо!
Работата е што кога ќе се сетам на убави работи од детството ми иде да плачам :( На моменти си мислам дека ми треба лекарска помош!
Ама како што рече еден погоре.....да пишам пр песни, да пронајдам некоја занимација која ќе ме прави среќна...а за муабети и совети редовно правам со другарки, братучеди...ако немам некој за муабет пукам....:( thanks :pipi:
Разговарај со психијатар... не е ништо страшно, ниту пак срамно.
Мислам дека тој најдобро ќе ти помогне да сфатиш што е тоа што те прави несреќна и тажна и да го пребродиш истото.:smir:
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Ејјј какви психијатри, не бе :) пушти си реге, уживај максимално ... или гледај ова Све за љубав, да видиш депресии и тажни приказни, па спореди ја со твојата и ќе видиш како ќе ти светне :smir:
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Мораш да најдеш да го исполниш времето со нешто.Немој да размислуваш зошто колку повеќе размислуваш и се потсеќаш на некои убави работи толку повеќе паѓаш во депресија.На пр. мене размислувањето ме прави депресивна затоа гледам да најдам повеќе занимации за да немам време да размислувам
 

Anuskan

~Keep Smiling~
Член од
13 јануари 2008
Мислења
191
Поени од реакции
10
Ех јас до 5-6 саат сабајле никако не можам да заспијам. Ништо не помагааа! Ни млеко, ни чајче, ни броење овци...:vozbud: А после тоа демек ај да станам порано па ќе ми се заспие порано- џабее..ништо и никој не може да ме разбуди! Ни аларм, ни мајка ми на уво да ми се дере, ни гласна музика! Ни на факс заради тоа не идев многу многу (скоро ич :pos2:).
И сеа што?? Дури и апчиња за спиење некои послаби имам пробано ама ни тие не ми помагаат. Што да праам, појаки да зеам? Ама не сакам да се "дрогирам"!!:pos2:
 

skh

Член од
31 јануари 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Ех јас до 5-6 саат сабајле никако не можам да заспијам. Ништо не помагааа! Ни млеко, ни чајче, ни броење овци...:vozbud: А после тоа демек ај да станам порано па ќе ми се заспие порано- џабее..ништо и никој не може да ме разбуди! Ни аларм, ни мајка ми на уво да ми се дере, ни гласна музика! Ни на факс заради тоа не идев многу многу (скоро ич :pos2:).
И сеа што?? Дури и апчиња за спиење некои послаби имам пробано ама ни тие не ми помагаат. Што да праам, појаки да зеам? Ама не сакам да се "дрогирам"!!:pos2:
Тебе ти е изместен саатот, немаш несоница...Мајка ти може да те буди со ладна вода , а ти после цел ден да се трудиш да не одмараш.Трчај!!Работи!Додека не се онесвестиш и заспиеш .Тоа ќе го помести саатот,се надевам нанапред.
Да , и депресивноста ќе исчезне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom