Крусер,одговор на твоето прашање е дека жените помислуваат на секс со жена,но многу ретко го остваруваат,ниту преземаат било какви дејства во реалноста.
Благодарам многу. Ова е всушност одговорот што го барав.
И што со таа идеја?
Што ќе правиш ти со изјавите на форумџиките кои ќе се изјаснат позитивно?
Па... Развивам дискусија?
Мислам, што со информацијата „Драга Кајгана, ми раскина дечкото и сега сум тажна“ и слично? Дали тоа сметаш дека е потенцијална девојка за некого, кога би барал?
Ако така мислиш, во право си: секој кој своите ставови ги искажува јавно, сноси соодветен ризик за возвратен ефект (каков и да е).
Но, се покажало дека желбата човекот да си ги искаже своите ставови е посилна од желбата да се скрие, за да не го видат. Па затоа, оваа тема е шанса форумџиките, а и форумџиите (нели, не дискриминираме според полот), да ги изјаснат своите ставови по ова конкретно прашање (предизвикано поради статијата на овој ист сајт; види го првото мислење од темава).
Зошто мора некој да се изјаснува за тоа какви фантазии има...замисли кога сите би си ги кажувале разноразните фетиши по форуми што ќе настане.
Интима сведена на сечија маса.
Аман, кој вели дека некој *мора*??!?!?!?!?!? :icon_conf
Кој што *сака*, ќе си каже. Кој сака да реплицира, ќе реплицира. Никој нема никого да казни ако нешто каже, или ако не каже, ниту пак тоа што ќе се напише значи дека сега *сите* ќе мора да го почитуваат; не знам дури ни колку многу (т.е. малку) луѓе воопшто темава ја читаат, а да не зборуваме за размислување за истата.
Мислам, на крајот на краиштата, не знам што сакаше да добиеш со твоето мислење... Моите задни намери? Ги немам. Развив дискусија предизвикана од еден текст и ја поставив на форумов моментално, без многу „шлифување“ на она што го напишав.
И се извинувам ако некому сум му создал непријатности.