Дали е потребна девалвација на денарот?

Дали сметате дека е потребна девалвација на денарот?

  • Да

    Гласови: 4 9,5%
  • Не

    Гласови: 38 90,5%

  • Вкупно гласачи
    42
Z

zmej gorjanin

Гостин
Македонската платежна валута - денарот е најстабилната валута во земјите од Југоисточна Европа последните неколку години.
Многу од економските експерти во земјава сметаат дека вредноста на денарот е пренадуена.
Денарот во споредба со еврото е на константна вредност од приближно 61.5 денари веќе подолго време.
Е сега, извозниците со години наназад ја притискаат владата и Централната Банка да изврши девалвација на денарот како истите би добиле поголем прилив на средства со самото тоа што се извозно ориентирани и од приливот на девизи.
Но, што би значела девалвацијата за обичните граѓани и кои се позитивните и негативните страни од ваквиот чекор? Знаејќи дека и доколку извозно ориентираните компании добијат поголем прилив на девизи, тие многу малку од тие средства ги инвестираат во отварање на работни места и проширување на нивниот бизнис за општо добро на сите, како што се покажало во минатото.
Хм категорично не, можеби ќе има позитивен ефект на краток рок но на долг рок никако. Точно, со девалвирање на денарот ќе се зголеми ценовната конкурентност на производите на извозниците на странските пазари, со што на нив ќе им се олесни пласманот на тие пазари, а и владата ќе има нови приливи на девизни средства. Но затоа позитивните ефекти од извозот ќе бидат неутрализирани од поскапувањето на вкупниот увоз во земјава. Основно правило во економската литература е дека економии кои што се мали и немаат никакво влијание врз формирањето на светските цени и кои што се увозно зависни како што е Македонија во случајов не смеат да вршат менување на својот девизен курс со цел за да си го подобрат платниот биланс и своите позиции на меѓународните пазари.
Друга причина е негативниот раст на економијата од -0,6% за 2009 како последица на економската криза во светот и ниската стапка на инфлација од 0,1%. Поради таквите фактори нонсенс е да кажеш дека треба да се изврши девалвација на денарот во услови на дефлација.

Како резултат на кризата, во нашето стопанство се случи пад во одредени гранки како што се индустриското производство. Тоа се случи поради намалената побарувачка на домашни производи наменети за извоз од странските купувачи кои исто така беа погодени од кризата. Се случи и пад во гранката сообраќај и врски за 5,2%, поради намалениот транспорт на извозни стоки. Додека кај гранките градежништво, трговија и земјоделие се забележа раст со кој се ублажи падот на реалниот БДП. Дури во август 2009 година беше забележан позитивен раст од 7,5% во индустриското производство, а на крајот на септември тој раст изнесуваше 13,6%. Во надворешнотрговската размена во периодот од јануари до септември, се случи голем пад на извозот од 32,1% а додека падот на увозот беше помал со стапка од 25,7%. Во тој период дефицитот беше 6,4%. Дефицитот првично беше голем, но веќе во вториот квартал од 2009 дојде до намалување на увозот, а стапките на намалување на извозот се смалеа, со што автоматски се намали и дефицитот. Како придонес за намалување на дефицитот имаше приливот на девизи добиени со издавањето на еврообврзницата во износ од 175 милиони евра, како и зголемиот степен на приливи на девизни средства по основ на дознака од странство. Девизите на почетокот на вториот квартал беа најниски и изнесуваа околу 1,2 милијарди евра, за да почнат да растат некаде од јуни и на крајот на ноември да достигнат ниво од 1,58 милијарди евра. Исто така со цел да се спречи падот на девизните резерви, интервенираше и НБРМ и ја зголеми референтната каматна стапка од 7% на 9%, со што поскапеа кредитите кои ги нудеа банките(Доколу навремено беше потоа намалена истата стапка, во 2010 растот на економијата ќе беше уште поголем). Исто така беше побарано од банките да си ја зголемат задолжителната резерва или покритие во девизи, со што им се намали капиталот со кој што тие располагаа. И тоа се одрази на издавањето на кредити чиј што пораст од 40% пред кризата опадна на 2,3% по неа. Се со цел за да се постигне проектираниот дефицит од 2,8 % владата изврши и два ребаланса на буџетот со што беа преземени интензивни мерки на штедење од типот на: забрана на нови вработувања, одложување на планираното зголемување на платите на јавната администрација, намалување на сите непродуктивни трошоци и на капиталните проекти со предоминантна увозна компонента, за сметка на проектите кои значат ангажирање на градежниот сектор и домашните компании. Беа ревидирани и основните макроекономски проекции врэ основа на кои се проектираат приходите на буџетот.

Владата на РМ проектираше буџетски дефицит од 2,8%, оствари буџетски дефицит од 2,77% од БДП, што покажува дека проекцијата е целосно исполнета. Не само тоа, туку остварениот дефицит во 2009 во Република Македонија е втор најнизок дефицит во Европа, односно Македонија има втор најдобар фискален резултат во Европа.. Jавниот долг на крајот од октомври 2009 година изнесува 2.009,5 милиони ЕУР, или 31,1% од БДП. Државниот долг на крајот на октомври 2009 година изнесува 1.548,0 милиони евра, односно 23,9% од БДП. Според тоа, согласно меѓународните стандарди Република Македонија има исклучително ниско ниво на државен долг. Имено, Мастришкиот критериум на ЕУ предвидува долгот на општата Влада да не смее да надмине 60% од БДП, според тоа Република Македонија спаѓа во групата на ниско эадолжени эемји.

Во 2010 година, како пост-кризна година, се очекува да дојде до эакрепнување на економијата и враќање на поэитвната стапка на економски раст, при што се предвидува дека бруто домашниот производ ќе порасне за 2%. Инфлацијата се предвидува да иэнесува 2%. Остварувањето на предвидениот економски раст во 2010 ќе биде овоэможено преку эголемената иэвоэна побарувачка на македонските проиэводи врэ основа на эаэдравување на европските економии. Во иста насока се очекува да делува и умереното подобрување на состојбите на финансискиот и кредитниот паэар. На среден рок, повисоки стапки на раст се очекуваат во 2011 (3,5%) и 2012 година (проектиран раст од 5%). Ваквите проекции се темелат на очекувањата за надминување на светската економска криза во земјите најголеми трговски партнери на Република Македонија, како и очекуваниот пораст на цените на светските берзи на најзначајните извозни производи во Република Македонија. Се разбира, светското закрепнување ќе значи и реализација на добар дел од претходно најавените инвестициски проекти во Република Македонија, што ќе придонесе за интензивирање на економската активност.
Од аспект на производната страна на БДП, индустриското производство се очекува дека ќе оствари одржливи стапки на раст, со поинтензивна динамика во втората половина од 2010 година. По очекуваната силна онтракција во 2009 година се очекува постепеното заздравување на индустриското производство во 2010 година со раст од 2,4%. Во секторот градежништво, како резултат на продолжувањето на започнатиот јавен инвестициски циклус во земјата, изградбата на аеродромите, регионалните и локалните патишта, во 2010 година се предвидува раст од околу 3%. Трговијата, транспортот, туризмот и финансискиот сектор се очекува да реализираат умерен раст во 2010 година, помеѓу 2% и 3%. Висок раст се предвидува да оствари телекомуникацискиот сектор, имајќи во предвид дека Република Македонија сериозно напредува во користењето на информатичката технологија и во процесот на дигитализација. Извозот се очекува да оствари раст во 2010 година од 8%, а увозот од 8, 5 %. Во текот на 2010 година се очекува постепено заживување на кредитната активност на банките. Во согласност со претпоставките за расположливите извори на финансирање и фискалната и монетарната политика за 2010 година, се очекува кредитите эа приватниот сектор да забележат раст од 6,5%, а вкупните депозити во банките за 6,1%. Проекцијата за дефицитот во 2010 е околу 2,5 %, важна причина за вака нискиот дефицит е предвременото раздолжување на Македонија кон Парискиот клуб, целосно кон ММФ, делумно кон Светската банка и кон други институции. Се работеше за 20% од вкупниот долг на државата.

Заклучокот е дека доколку во 2010 се остварат проекциите на владата за раст на економијата од 2%, блага инфлација од 2% и низок дефицит од околу 2,5 % нема потреба да се изврши девалвација на денарот
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Друга причина е негативниот раст на економијата.............................................................................................
Заклучокот е дека доколку во 2010 се остварат проекциите на владата за раст на економијата од 2%, блага инфлација од 2% и низок дефицит од околу 2,5 % нема потреба да се изврши девалвација на денарот
hmmmmm.,ако е баш вака тогаш, д о б р о ..е , има два излеза...:)
 
H

^HITMAN^

Исцрпен одговор, си се потрудил, благодарам. Незнам како ќе се изврши тој раст од 2%. Сите знаеме дека и оној пад од 1% за 2009 не е реален, туку изнесува некаде околу 3 до 4% кои се закријуваат од статистика за да не избие некое нередие и протести и за да владата си го зачува рејтингот до некаде. И сега малата инфлација и не е нешто со што би требало да се гордееме. Инфлацијата би се покачила доколку би се намалила невработеноста и би имало голем прилив на странски капитал во земјава, што нажалост кај нас е сведен речиси на 0 последнава година, и затоа инфлацијата ни е на ниско ниво. Девалвацијата сеуште сметам дека ќе делува доста стимулативно поготово кај странските инвеститори за да се охрабрат да инвестираат кај нас. Преценетиот денар, факт дека е преценет верувајте дека во голема мера ги одвраќа потенцијалните странски инвеститори од евентуално инвестирање во земјата поготово оние извозно ориентирани компании, поради неконкурентноста на производот што би се произвел во МК на странските пазари.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Исцрпен одговор, си се потрудил, благодарам. Незнам како ќе се изврши тој раст од 2%.
Мислам дека го имам читано некаде цел текст,можеби во извештајот на министерството за финансии за 2009 година :wink:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Исцрпен одговор, си се потрудил, благодарам. Незнам како ќе се изврши тој раст од 2%. Сите знаеме дека и оној пад од 1% за 2009 не е реален, туку изнесува некаде околу 3 до 4% кои се закријуваат од статистика за да не избие некое нередие и протести и за да владата си го зачува рејтингот до некаде. И сега малата инфлација и не е нешто со што би требало да се гордееме. Инфлацијата би се покачила доколку би се намалила невработеноста и би имало голем прилив на странски капитал во земјава, што нажалост кај нас е сведен речиси на 0 последнава година, и затоа инфлацијата ни е на ниско ниво. Девалвацијата сеуште сметам дека ќе делува доста стимулативно поготово кај странските инвеститори за да се охрабрат да инвестираат кај нас. Преценетиот денар, факт дека е преценет верувајте дека во голема мера ги одвраќа потенцијалните странски инвеститори од евентуално инвестирање во земјата поготово оние извозно ориентирани компании, поради неконкурентноста на производот што би се произвел во МК на странските пазари.
Ајде да почнеме од почеток пак. Не знам дали ме разбра кога објаснував во врска со девалвацијата. Во 1997 год. беше направена девалвација на денарот се со цел да се подобрат девизните приливи на државата, како и под притисок на извозниците кои што сакаа да станат ценовно поконкурентни на странските пазари со што би си ги подобриле профитите. Сето тоа е во ред и стои, меѓутоа со девалвација на денарот или со намалување на вредноста на денарот од страна на централната банка, ќе "пораснат" цените на сите увозни добра, односно поради девалвацијата на денарот ќе се намали куповната моќ на граѓаните во однос на оние производи кои што се увезуваат од странство, односно тие производи ќе станат скапи за нив и тоа ќе значи намалување на стандардот на Македонецот. Затоа што Македонија е мала и увозно зависна економија која што нема да може да го издржи товарот на повисоки цени на увозните добра.
Во однос на релевантноста на податоците за негативниот раст на БДП еве ти извор

Е сега во твојот пост забележав една нелогичност, прво викаш дека денарот е преценет, а после кажуваш дека не треба да се горедееме со ниската стапка на инфлација. Ајде вака, според твоето кажување денарот е преценет, а во реалноста тој е депрециран во однос на еврото, односно реално неговата вредност е помала од таа вредност на сегашниот девизен курс. Во случај на депрецијација на валутата обично се јавува апрецијација на стоковите резерви во една економија. Под ова се подразбира дека вредноста на валутата паднала а вредноста на стоковите резерви пораснала, при што во такви услови количината на паричните фондови ја надминува количината на стоковите фондови во економијата поради што доаѓа до инфлација или општо подигање на цените.

Значи да резимираме
апрецијација на стокови фондови = депрецијација на вредност на валута = инфлација

Е сега ако имаме ниска стапка на инфлација како е можно денарот да биде преценет или депрециран?

На крај ајде и за странските инвеститори, прво со девалвација не може да се привлечат странски инвеститори, други фактори се битни. Меѓу побитните фактори се големина на пазарот, соодветна инфраструктура за потребите на странските инвеститори, функционирање и ефикасност на правната држава, цена и расположливост на факторите за производство како што се капитал, работна сила, земја и природни ресурси, како и претприемништво, даночни олеснувања иако ова спаѓа во забранети субвенционирања од страна на европа, потоа висина на доход на купувачите и преференции на купувачите доколку инвеститорот решил да го пласира производот или услугата на нашиот пазар. Од неекономските фактори тука се политичката стабилност, поле кое што е особено битно а ние тука сме најслаби. И од сите овие фактори погоре чинам дека само еден услов исполнуваме целосно, тоа е расположлива и ефтина работна сила, за која и не може да се каже дека е баш квалификувана. И еве да те прашам ти да беше странски инвеститор при вакви услови ќе дојдеше да инвестираш во Македонија?

И уште нешто растот од 2 % ќе биде постигнат поради фактот што странските економии кои што се трговски партнери на Македонија ќе почнат да заздравуваат и повторно ќе почнат да ни ги купуваат производите, а цените на нашите производи на берзите би требало да пораснат како резултат на поголемата побарувачка, плус тука се средствата од кредитните линии од европска инвестицииска банка. Сериозен индикатор за излез од кризата е порастот на 20 % на индустрииското производство во декември 2009 година.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
38
Поени од реакции
2
Чисто информативно:

Постои "КУПОВНА МОЌ НА ПАРИТЕ" и "ИНТЕРВАЛУТАРНА ВРЕДНОСТ НА ПАРИТЕ"

1. Куповната моќ на парите всушност ни покажува колку стока можеме да купиме за една или 100 домашни парични единици.

2. Интервалутарната вредност на парите ни претставува колку странски парични единици можеме да купиме за една или 100 домашни парични единици.

Инфлација: Состојбата каде што глобалната парична побарувачка ја надминува глобалната стоковна понуда, и како резултат на тоа имаме општ пораст на цените, односно намалување на вредноста на парите се нарекува ИНФЛАЦИЈА.

Дефлација: Состојбата каде што глобалната парична побарувачка е помала од глобалната стоковна понуда, и притоа имаме намалување на цените односно зголемување на вредноста на парите се нарекува ДЕФЛАЦИЈА.

--------------------------
Зголемувањето на вредноста на домашната валута во однос на странската валута се нарекува АПРЕСИЈАЦИЈА а намалувањето на вредноста на домашната во однос на странската валута се нарекува ДЕПРЕСИЈАЦИЈА.

Читај ова внимателно:

Зголемувањето на вредноста на домашната валута во однос на странската валута СО МЕРКИ ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА ИЛИ СО НЕКОИ ЗАКОНИ се нарекува РЕВАЛВАЦИЈА.

Намалувањето на вредноста на домашната валута во однос на странската валута СО МЕРКИ ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА ИЛИ СО НЕКОИ ЗАКОНИ се нарекува ДЕВАЛВАЦИЈА.

Во врска со тоа дали е потребна девалвација на денарот.
Македонија има фиксен девизен курс бидејки нема развиен финансиски пазар. Доколку би имала развиен финанскиски пазар, девизниот курс би бил флуктуирачки и би се определувал врз основа на пазарните механизми.

Но фиксниот девизен курс на Македонија мора да ја следи промената на валутата со која нашиот денар е во однос. Промената на вредноста на странската валута со која е врзан денарот ќе резултира или со РЕВАЛВАЦИЈА ИЛИ СО ДЕВАЛВАЦИЈА ИЛИ СО НИШТО.

Ако се изврши девалвација, тоа ги зголемува конкурентските предности на нашите извозни компании. Т.Е странските увозници за исти пари можат да купат повеќе стока во Македонија отколку во некоја друга земја во странство.

Но таква намерна девалвација во поголем процент отколку што е нормално (2-3%) без причина се смета за дампинг, и таму каде што Македонија е членка како на пр СТО (светска трговска организација), донесени се анти дискриминаторски мерки кои Македонија мора да ги почитува!

Затоа дали е потребна девалвација или не, ако немате намера да ги земете сите фактори во предвид и да направите проекција, тогаш оставете ги тие во НБРМ да си гледат работата бидејки најдобро знаат што прават.

Целата финта е да се заштити девизниот курс без разлика на жртвите. Ако не се брани или ќе има инфлација или ќе има дефлација. Само не дај боже да дојде до дефлација.

А нестабилност на девизниот курс значи нестабилна економија со која никој не сака да си има работа, дури ни домашните фирми а странски фирми да не зборувам
 
Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Тие што гласале да се девалвира денарот нека се усрамат, гадови !!! уште тоа стабино ни остана ццц :nenene::nenene::nenene: НИКАКО ДЕВАЛВАЦИЈА НА НАШИОТ ДЕНАР !!!
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
38
Поени од реакции
2
Тие што гласале да се девалвира денарот нека се усрамат, гадови !!! уште тоа стабино ни остана ццц :nenene::nenene::nenene: НИКАКО ДЕВАЛВАЦИЈА НА НАШИОТ ДЕНАР !!!
А тој што ставил апликација за да се гласа, и тој нека се усрами :pos2:
 
M

marsovka

Гостин
се убедуваме дека слоновите можат да летаат нали ?!:треп:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Чисто информативно:

Постои "КУПОВНА МОЌ НА ПАРИТЕ" и "ИНТЕРВАЛУТАРНА ВРЕДНОСТ НА ПАРИТЕ"

1. Куповната моќ на парите всушност ни покажува колку стока можеме да купиме за една или 100 домашни парични единици.

2. Интервалутарната вредност на парите ни претставува колку странски парични единици можеме да купиме за една или 100 домашни парични единици.

Инфлација: Состојбата каде што глобалната парична побарувачка ја надминува глобалната стоковна понуда, и како резултат на тоа имаме општ пораст на цените, односно намалување на вредноста на парите се нарекува ИНФЛАЦИЈА.

Дефлација: Состојбата каде што глобалната парична побарувачка е помала од глобалната стоковна понуда, и притоа имаме намалување на цените односно зголемување на вредноста на парите се нарекува ДЕФЛАЦИЈА.

--------------------------
Зголемувањето на вредноста на домашната валута во однос на странската валута се нарекува АПРЕСИЈАЦИЈА а намалувањето на вредноста на домашната во однос на странската валута се нарекува ДЕПРЕСИЈАЦИЈА.

Читај ова внимателно:

Зголемувањето на вредноста на домашната валута во однос на странската валута СО МЕРКИ ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА ИЛИ СО НЕКОИ ЗАКОНИ се нарекува РЕВАЛВАЦИЈА.

Намалувањето на вредноста на домашната валута во однос на странската валута СО МЕРКИ ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА ИЛИ СО НЕКОИ ЗАКОНИ се нарекува ДЕВАЛВАЦИЈА.

Во врска со тоа дали е потребна девалвација на денарот.
Македонија има фиксен девизен курс бидејки нема развиен финансиски пазар. Доколку би имала развиен финанскиски пазар, девизниот курс би бил флуктуирачки и би се определувал врз основа на пазарните механизми.

Но фиксниот девизен курс на Македонија мора да ја следи промената на валутата со која нашиот денар е во однос. Промената на вредноста на странската валута со која е врзан денарот ќе резултира или со РЕВАЛВАЦИЈА ИЛИ СО ДЕВАЛВАЦИЈА ИЛИ СО НИШТО.

Ако се изврши девалвација, тоа ги зголемува конкурентските предности на нашите извозни компании. Т.Е странските увозници за исти пари можат да купат повеќе стока во Македонија отколку во некоја друга земја во странство.

Но таква намерна девалвација во поголем процент отколку што е нормално (2-3%) без причина се смета за дампинг, и таму каде што Македонија е членка како на пр СТО (светска трговска организација), донесени се анти дискриминаторски мерки кои Македонија мора да ги почитува!

Затоа дали е потребна девалвација или не, ако немате намера да ги земете сите фактори во предвид и да направите проекција, тогаш оставете ги тие во НБРМ да си гледат работата бидејки најдобро знаат што прават.

Целата финта е да се заштити девизниот курс без разлика на жртвите. Ако не се брани или ќе има инфлација или ќе има дефлација. Само не дај боже да дојде до дефлација.

А нестабилност на девизниот курс значи нестабилна економија со која никој не сака да си има работа, дури ни домашните фирми а странски фирми да не зборувам
Со оглед на фрките кои што се дешаваат во Грција и можноста таа да банкротира, само ги оттргнува инвеститорите од еврото, односно тоа е помалку барано така да и вредноста му паѓа постојано, постојат и сериозни сомнежи дека еврозоната ќе се распадне, и сите овие гласини негативно се одразуваат на вредноста на еврото, а тоа ќе се одрази и на денарот сигурно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom