Дали е потребна девалвација на денарот?

Дали сметате дека е потребна девалвација на денарот?

  • Да

    Гласови: 4 9,5%
  • Не

    Гласови: 38 90,5%

  • Вкупно гласачи
    42
H

^HITMAN^

Гостин
Македонската платежна валута - денарот е најстабилната валута во земјите од Југоисточна Европа последните неколку години.
Многу од економските експерти во земјава сметаат дека вредноста на денарот е пренадуена.
Денарот во споредба со еврото е на константна вредност од приближно 61.5 денари веќе подолго време.
Е сега, извозниците со години наназад ја притискаат владата и Централната Банка да изврши девалвација на денарот како истите би добиле поголем прилив на средства со самото тоа што се извозно ориентирани и од приливот на девизи.
Но, што би значела девалвацијата за обичните граѓани и кои се позитивните и негативните страни од ваквиот чекор? Знаејќи дека и доколку извозно ориентираните компании добијат поголем прилив на девизи, тие многу малку од тие средства ги инвестираат во отварање на работни места и проширување на нивниот бизнис за општо добро на сите, како што се покажало во минатото.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Треба како не, ти бе нормален си што ја поставуваш оваа тема, денарот наш е најстабилното нешто во оваа земја, уште тој да отиде јабана и толку.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Треба како не, ти бе нормален си што ја поставуваш оваа тема, денарот наш е најстабилното нешто во оваа земја, уште тој да отиде јабана и толку.
Јас сум сосема нормален. Треба да гледаме од сите страни. Девалвацијата има и добри и лоши страни, за кого како. Темава ја отворив за да се продискутира со луѓе кои имаат разбирање од работите во економијата,
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Јас сум сосема нормален. Треба да гледаме од сите страни. Девалвацијата има и добри и лоши страни, за кого како. Темава ја отворив за да се продискутира со луѓе кои имаат разбирање од работите во економијата,
Имам разбирање како не една кинеска машина за перење сега чини околу 10000 денари со девалвација ќе чини 20000, има на раце да перат тогаш луѓево :tapp::tapp::tapp:.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Имам разбирање како не една кинеска машина за перење сега чини околу 10000 денари со девалвација ќе чини 20000, има на раце да перат тогаш луѓево :tapp::tapp::tapp:.
Извини брат но неможам да ти објаснувам како одат работите. Какви влијанија ќе има врз раздвиженоста на економијата. Ти зборуваш за инфлација и не ти се јасни термините. Девалвација и инфлација не е исто, ако би било исто немаше да има два термини. Ти го кажа ова за стапка од 100% девалвација што нема теорија да се случи, а неможеш да размислиш за позитивните страни затоа што не ти е јасен процесот. Извини, но немам намера да ти објаснувам повеќе. Поздрав.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Инаку последната девалвација кога беше полицијата правеше десант на Тетово и Гостивар истата ден кога ги симнуваа тоа албанските знамиња од пред општината германската марка од 27 денари скокна на 32 денари. И народот беше исплашен од дестабилизација па си поминало тоа како што си помина.....

Кога го сменија знамето имаше атентат врз претседателот на оваа земја Киро Глигоров, дали ти е јасно сега како одат некои работи во оваа земја?
 
Баби и жаби мешаш. Девалвација која е настаната поради безбедносни причини и ризици за стабилноста на валутата и дури и опстанокот на државата се ЕДНА РАБОТА, а девалвација која би настанала за стимулација на извозно ориентираните компании е ДРУГА РАБОТА !!!
И не кажав дека сум за девалвација, сакав да отворам тема, а не да објаснувам што е девалвација и како и кога и зошто и дали се реализира.
Сакав да го видам мислењето на другите кои се разбираат од ситуацијата. Ти со го кажа твојот став. Благодарам за тоа.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не ме разбра што сакам да ти кажам, девалвацијата е темпирана точно во тој момент за да не се буни народот и да не биде топ вест. Е сега сигурно на некоја главешина таму му одговарало тоа.
А за извозот па ние немаме извоз крставици, домати, железо и мермер-гранит :toe:.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу убава тема.Идејата ти е да дискутираме само за процесот девалвација,Македонија и монетарна стратегија,а економските параметри кои владеат во моментов да не ги споменуваме?
Бидејќи ако ги споменеме нема да го имам истиот став:патлиџани:
 
Идејата ми беше да дискутираме за девалвација и за се што е поврзано со неа, дали сега е момент за да се направи мала девалвација на денарот или не е, дали би бил погоден момент во иднина и кога би бил, што носи девалвацијата позитивно и негативно... Ставот твој го почитувам и би сакал да го слушнам поопширно објаснет.:smir:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јас сум за, од прости причини што со девалвацијата ќе се добие реална вредност на денарот, а не вака вештачки одржувана од пусти страв од инфлација, но со минимален напредок и раст.
Јасно, ќе има инфлација, но ќе има и повеќе можности за прилив на странски валути и увоз-извоз моменти.
 
Aлелуја. Централната банка во глобала е најголемата кочница на развојот на македонската економија, не само со оддржување на вештачка стабилност на денарот, туку и со затегање на каматните стапки. Девалвација не значи единствено губење на вредноста на денарот, туку и подобра основа за раст на економијата. Тоа и се обидувам да го кажам село време, но не разбираат, изгледа не им се јасни работине на многумина кои глумат лудило.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Само намалување накаматни стапки, пушти денарот нека си се намести во однос на еврото во слободен пазар... Мислам дека 150-200 денари е рална цена заедно евро, добиваш бум на извоз. Инаку само за споредба, едно евро беше 120 словенски толари. А ние сме на 60 денари едно евро. Да, имаме појака економија од Словенија.:nesum:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Па види заинтересирај се дали е појаснето во некој закон каков сапун треба да се користи, доколку навистина станува збор за тоа. Можеби ќе ископаш нешто , па ќе им опнеш една жалба , па и тужба. :wink:
Без увреда............БУЛАЗНИШ!! :)
Само намалување накаматни стапки, пушти денарот нека си се намести во однос на еврото во слободен пазар... Мислам дека 150-200 денари е рална цена заедно евро, добиваш бум на извоз. Инаку само за споредба, едно евро беше 120 словенски толари. А ние сме на 60 денари едно евро. Да, имаме појака економија од Словенија.:nesum:
Уште да ни кажеш ШТО ЌЕ ИЗВЕЗУВАМЕ??? и да седнеш да направиш анлиза дали добивката на неколкумина повластени претежно СТРАНЦИ во рударската ,металната полу-суровинска индустрија, електро енергијата и телекомуникациите, ќе биде поголема од загубата на многу скоро сите МАКЕДОНСКИ граѓани, како и гасењето на скоро целото производство во МКД кое ненормално многу се базира на увозни МИРОДИИ....!! :) ( провери колку и тутунот, ајварот, итн. во структурата на својата цена се зависни од увоз..:) )
Треба да се субвенционира извозот, ДЕБЕЛО да се ОДАНОЧУВА И АКСИЗИРА секој увоз кој не е репро материјал за извоз и да се држи тврдо стабилен курс како единствен вистински ленгер кој ни остана за котвење...
да се напраи и 200 денари еврото...целата Мекедонска економска скаламерија само ќе се стабилизира на тоа ниво, но за тоа ќе и требаат 2 години и 30-40% умрен бизнис и незнам колку нови осиромашни граќани кои ќе останат без заработка и здравствени услуги........и то....затоа сега не се таласа со курсот на денарот, во досегашната бедна историја на Слободна Македонија единствена светла точка се одржувањето на стабилниот курс овие минати години.... Треба да се бараат други поттици за заживување на извозното стопанство...ги има милион, ако воопшто во Македонија има интерес за такво нешто..., и ако скоро сите во неа БЕДАТА веќе не ја прифаќаат како неизбежна од Бога дадена судбина:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom