moTaro напиша:
Професионализам е кога цела своја енергија и битие ќе го насочиш во она што го работиш односно тоа од што преживуваш и заработуваш.
Таква насоченост значи дека работата на тебе ти преставува уште една љубов во животот.
It's Not Business, It's Personal!
Тоа не значи дека ако работиш нешто што не ти претставува задоволство, треба да бидеш со став "ми чуе".
Ако имаш чувство за одговорност како дел од твојот карактер, кое само по себе повлекува посветеност, а после тоа доволно време и енергија за да ги завршиш сите три работи со краен резултат:
задоволен клинет, тогаш да, ти си професионалец во трите области. Но таква ситуација како во твојот пример (карикиран) е скоро неизводлива во реалноста, бидејќи трите области немаат врска една со друга.
Ако работиш со основна цел само да преживееш, тогаш прашање е дали воопшто ќе имаш време да размислуваш на темата професионализам.
Исто така, не треба да се меша професионализмот со знаење. Пример за тоа се професорите по факултетите. Некои сакаат да го пренесат своето знаење и во тоа покажуваат голема доза на посветеност, додека другите може да ги видиш само на предавања, за консултации мора да ги бараш по нивните фирми или други места каде се ангажираат. Дали вторите работат надвор од факултетот за да преживеат? Сигурно не. Дали се професионалци? Како професори, сигурно не.
Кај нас има професионалци, но само работници. Послодавачи (газди) се многу мал број.
Крај краева, се е релативно и ништо не е запишано во камен